kajgana1001albums група

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744396500836.png

44. Sheer Heart Attack - Queen (1974)
Со душа ги чекав Queen! И нормално - уживав во албумов! По околу 100 преслушани албуми, конечно ми се појавува Фреди Меркјури и дружината кои порано навистина не ги сакав (реков, не сум некој голем фан на глам рок), но по многу преслушувања на некои нивни песни, сега ми се еден од омилените бендови ever. Имам преслушано скоро се нивно а сепак многу од песните тука ми звучеа како прв пат да ги слушам. Да Killer Queen е единствениот голем хит од албумов, но тука се и одличните Brighton Rock, Lily Of The Valley, Now I'm Here, In The Lap Of The Gods, Stone Cold Crazy, Misfire... Она што многу ми се допаѓа на овој албум е што секоја песна е уникатна, секоја во посебен стил, а сепак во повеќе од нив се чувствува конечното формирање на она што ќе биде Queen подоцна, а особено во најдоброто нивно, следниот албум: А Night At The Opera. Сепак, ова не ми е чиста петка, туку би го оценил некаде со 4.5/5, но со оглед на тоа што во групава некако полоши албуми ми се паѓаат од индивидуалниот проект, сабајле можеби ова сепак ќе добие петка, зависи од расположение, и зависи од преслушувањето на некои од песните пред легнување.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744481469103.jpeg

45. The Man Machine - Kraftwerk (1978)
Уште еден албум на Крафтверк за многу кратко време. И овој ми се допадна, можам да речам дури и повеќе од Autobahn. Една од песните, The Model ми е позната, веројатно од филмови / серии. Навистина ОК албумче. 3/5
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
4.136
Поени од реакции
16.287
52. Kraftwerk - The Man Machine (1978)

IMG_2151.jpeg

Ова беше тешко за слушање. Освен The Model, другото беше мачење. За своето време, сигурно звучело иновативно, но од денешна гледна точка не слушнав никаква симбиоза меѓу роботските звуци. 2,5.

2/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744518879163.jpeg

46. Led Zeppelin IV - Led Zeppelin (1971)
Трет од испуштените албуми. Ова го чував за некоја посебна прилика, но денес генераторов ми даде две срања од кои не знам кое е поголемо, па наместо да си го упропастам денов, решив да го почнам со ова ремек-дело. Неверојатен албум! Толку прекрасно отсвирен, толку совршено отпеан (гласот на Плант звучи не-овоземски), толку мистичен, толку различен (стилски, од песна до песна), а толку компактен... Одамна не сум слушал ваква совршено направена целина! Гитарското соло во Stairway to Heaven е :cuc:. Единствено нешто што по малку ме нервираше беше повторливата бас линија во Four Sticks. Апсолутно ништо друго! Маестрален албум! Чиста ко солза 5/5.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744571702611.png

47. Fishscale - Ghostface Killah (2006)
Shite!
1/5

P.S. Секако дека ќе слушам 24 вакви гомца. Ќе видам до која ќе издржам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744641512596.jpeg

48. Gorillaz - Gorillaz (2001)
Многу добро се сеќавам кога се појави албумов и синглот Clint Eastwood кој направи бум и донесе нешто уникатно кое сметам дека и ден денес не е надминато - на светот и го претстави најуспешниот виртуелен бенд на сите времиња. Но никогаш не сум го слушал целосно овој албум. Од тоа што го слушнав сега, заклучокот е дека следните 2 албуми на Gorillaz се значително подобри и повеќе ми се допаѓаат лично. Таму има повеќе трип хоп, некако се посталожени со звукот кој тука е расплинет на повеќе правци. Јасно е дека Албарн сакал да се дистанција од Бритпоп звукот на Blur (имавме еден албум тука кој исто беше одличен, Parklife), но како да не можел да се одлучи во која насока да тера новиот бенд, па сакал да проба се. Дури и латино! Првиот дел од албумов ми беше добар, најдов некоја кохезија во тој lo-fi звук кој некако ги поврзува нумерите. Но вториот дел не баш, ми звучеше ко да слушам компилација од различни бендови. И малку од нив со звукот на Gorillaz од подоцна - звукот кој го сакам. Инаку, Gorillaz ги сакам, да. Ја сакам нивната меланхолија, го сакам нивниот трип-хоп (да, дури и кога е со рап делници, а рапот обично не можам да го сварам), ја сакам нивната оригиналност, ги сакам анимациите, холограмите, се. Они направија каква-таква револуција во видео сегментот на светската музика. Уште се сеќавам на неворојатниот настап со Мадона и нејзината Hung Up на едни Греми награди, каде ликовите се појавија како холограми на сцена со Мадона. Генерално, ова не е најдоброто од еден од најуникатните бендови во историјата, но можам да разберам зошто баш овој албум е тука - зашто го запозна светот со Gorillaz и го потсети дека музиката може да биде и мултимедијална.

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744737016680.png

49. Virgin Suicides - Air (2000)
Кога го видов насловот мислев дека ова ќе биде некој хард рок, метал, industrial, нешто такво, тешко за слушање. Затоа позитивно бев изненаден од првата песна, а потоа и од останатите. Некако сензибилитетот на албумов одлично се вклопи и со денов, и со времево. Од трета или четврта нумера, некаде до средина на албумот, до душа малку отиде во некој по-експериментален правец, за кон крај пак да се врати ко на почетокот на таа некоја moody електроника. Го ислушав во движење и на крај кога седнав зедов да прочитам во што е филмот со него. И испадна дека е стварно саундртак за истоимениот филм (кој го немам гледано, btw). И некако си го вратив филмот наназад и сфатив дека баш така звучеше албумот - филмски! И дека сигурно бил совршено надополнување на филмот.

Ова е првиот саундтрак кој ми се падна од генераторот по околу 110 преслушани албуми. Мислев дека се исклучени од книгата саундтрак албумите, слично како со класичната музика, ама за среќа еве не биле. Ова ми се допадна. Ако ништо друго, ми створи желба да го ѕирнам и филмот. Сосема ОК албумче. 3/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744738228581.png

50. At Mister Kelly's - Sarah Vaughan (1957)
Четвртиот од испуштените албуми (ми останаа уште 5 за да бидам back on track). Прв пат слушам нешто од Сара Вон. Каков глас! Женава пее, растура! Првите 2 песни многу ми се допаднаа, првата особено зашто беше малку по-uplifting од останатите. Ама после станува малку монотон и досадникав. Иако, голем плус е тоа што е снимен во живо, зашто овој тип на џез музика мислам дека не би функционирала ако не е снимена во нејзиниот природен „хабитат“ - live performance. Не е којзнае колкава замерка, ама мислам дека албумов не е реставриран зашто за целото негово траење имаше некое зуење во позадина. Нешто слично како шум на грамофонска плоча, само што кај тој шум има некоја амплитуда и променлив е. Овде беше баш монотон шум што не знам од кај доаѓа. И не знам на што носач на звук било ова снимено, можеби магнетофонска лента, па од таму шумот, не се разбирам. Ако бил реставриран, може и намерно бил оставен за да го отслика подобро времето кога албумот бил направен и техничките можности во тоа време, само лично сметам дека фокусот би бил повеќе врз вокалот и музиката отколку да ти го одвраќа вниманието едно бззззззз во позадина и затоа требало да го отстранат, што верувам дека е сосем возможно со современите технологии.
2,5/5
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
4.136
Поени од реакции
16.287
53. Ghostface Killah - Fishscale (2006)

IMG_2175.jpeg

Малку подолг ако беше, ќе му дадев 3ка.

2/5

54. Gorillaz - Gorillaz (2001)

IMG_2176.jpeg
Фан сум на бендов, ама албумов не е ништо специјален. Се познава дека ова е првиот албум, сеуште го нема или малку е застапен тој Горилаз шмек.

3/5

54. Air - Virgin Suicides (2000)
IMG_2177.jpeg


Е ова ми легна. Многу беше пријатно за слушање, особено инструменталот. Два пати го преслушав и можам да кажам дека досега е еден од подобрите во генераторов.

4/5

55. David Bowie - The Next Day (2013)
IMG_2178.jpeg

Исто како и предходниот од Боуви албум, ништо посебно, океј ама не повеќе од добар.

3/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744823145032.png

51. The Next Day - David Bowie (2013)
Мене па овој помалку ми се допадна од претходниот на Боуви. Може не ми бил денот, ама најверојатно е зашто таму имаше нешто поразлично, уникатно во втората половина од албумот. Ова беше ванила. Монотоно, досадникаво, бледо и неинтересно.
3/5

P.S. Имав проблем со слушалките, ми се испразнија иако не требаше, па не можев да го преслушам вториот албум за денес. Ќе се обидам пред спиење, ако не ме заспие.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.462
Поени од реакции
25.425
Ова е можеби најслабиот албум на Бови на каталогот. Го имав во индивидуалниот проект, еве го пак тука. Го преслушав во случај да ми се смени иницијалниот впечаток но за жал останува. 2/5 е максимумот што можам да го дадам. Досаден и монотон, дури и ме чуди зошто е тука. 9 албуми за Бови се премногу, јес да човекот експериментираше со звуци и правци.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744888776221.png

52. Everything Must Go - Manic Street Preachers (1996)
Nice one! (y) Убаво албумче, направено во ерата на Бритпоп-от и воопшто не заостанува по музиката од тоа време. Велат дека не бил најдобриот албум на Manic Street Preachers, ама од нив имам слушано само по некоја песна, цел албум не, така што - не знам да споредам, но ова беше добро. Албумов го снимиле по исчезнувањето на нивниот гитарист (до ден денес не е пронајден и прогласен е за мртов), па веројатно и таквата загуба имала влијание врз нивната музика, ама јас не го доживеав ни малку downlifting, напротив, уживав во него од првата до последната песна. Дефинитивно ми лежи овој правец, иако не сум знаел. :P
4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1744997390366.png

53. Queen II - Queen (1974)
Ова е веројатно најмалку познатиот албум на Queen. Тој го означува крајот на првата фаза од нивната музика и со следниот албум, кој веќе го преслушавме тука, преодот кон оној Queen кој ни е на сите познат и по кој ја стекнале својата популарност. Ова е албум кој има повеќе популарност кај критиката отколку кај слушателите, па таков беше и мојот впечаток: не е тоа што очекував од Queen. На албумот нема ниту една хит песна, тежок е за слушање, нема нешто кое отскокнува и затоа не можам да дадам повисока оценка од 3/5. Некако Queen со овој албум до сега ми се најголемото разочарување во предизвиков.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
Сте размислувале ли, ако го завршите предизвикот, кој албум ќе го предложите како дополнителен за преслушување? Има многу нешта кои ги нема во генераторот, како на пример Muse, Evanescence, Alanis Morisette, Editors, од тие кои од прва ми текнуваат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.650
Поени од реакции
39.021
1745083398850.png

54. Ágætis Byrjun - Sigur Rós (1999)
Магично! Имаше еден коментар под албумот кој парафразирано звучеше:

„Вака ќе звучеше северната светлина (Аурора Бореалис) да можеше да прави музика!“

Подобар опис за оваа перфектна комбинација на звуци која изгледа како да е излезена од рајот или како да е свирена со инструменти на кои свиреле боговите, мислам дека не може да се напише! Ако нешто може да предизвика оргазам кај ушите - тоа е дефинитивно ова! Се ова кажано, и покрај тоа што на овој албум ги нема моите две омилени песни на Sigur Rós: Brennisteinn и Hoppípolla. Овој ethereal, тивок и смирувачки звук е инспириран од сосема поинакви жанрови, кои се тотална спротивност на овој звук од соништата, а сепак успеал да звучи вака. Знам дека ова не е музика која ќе им се допадне на повеќето тука, што би рекол @Io Sono Interista - мора да напоменам дека е hate it or love it :P , но за мене е не само едно од најдобрите нешта преслушани во предизвиков, туку и едно од најдобрите нешта преслушани во животов, воопшто! :cuc:

5+/5

P.S. Ова е едно од мал милион нешта заради кои би сакал да живеам на Исланд и и завидувам на @Artemisia Vulgaris :mad:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom