Kajgana Song Contest (Special Edition-4) - Тина Тарнер

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Паралелно ќе оди овај special edition во чест на Тина Тарнер.

1685015583738.png

Родена како Ана Меј Булок, 1939 година, својата кариера ја започнува на 19 години како пратечки вокал во групата "Kings of Rhythm", првиот сингл "Little Ann".
1960 година станува позната како Тина Тарнер, настапува заедно со Ајк Тарнер со кого е во брак до 1978 година. Се разведува и започнува соло кариера, по што стекнува уште поголем успех. Соул класиците и поп-хитовите како The Best, What’s Love Got to Do With It, Let’s Stay Together, Steamy Windows, Private Dancer ја направија суперѕвезда.
Позната по своите бурни и енергични сценски изведби, рапав, моќен, вокал, препознатливата фризура која совршено одговараше на дивата и незауздана сила со која зрачеше. Освојува осум Греми награди и беше примена во Рокенрол куќата на славните во 2021 како соло пејачка, откако првпат беше примена заедно со Ајк во 1991.
По повеќе од 50 години кариера, Тина го одржа својот последен концерт во Шефилд на 5 мај 2009 година. Тогаш 69-годишната дива одлучи дека повеќе нема да пее. Животната приказна на Тина беше тема на биографскиот филм од 1993 со наслов „Што има љубовта со тоа“, кој ѝ донесе на Анџела Басет номинација за Оскар за улогата на ѕвездата; како и на хит театарскиот мјузикл – соодветно насловен „Тина: Мјузиклот“.

Тина Тарнер, една од пионерките на рокенролот, подоцна наречена Кралица на рокенролот, жена со неверојатен глас и енергија, музичка легенда. Тарнер се смета за една од најпопуларните светски изведувачи и за најуспешен женски рок-уметник на сите времиња, со продажба на близу 200 милиони копии од нејзините албуми на светско ниво.
Почина на 84 годишна возраст после долго боледување во својот дом во Швајцарија, каде живееше со својот втор сопруг германскиот музички директор Ервин Бац.

Жената со длабок, моќен и карактеристичен глас, една од најуспешните женски вокали на сите времиња, остави трага во музичкиот свет во кој ќе биде запаметена.

Постирајте песни што ви се допаѓаат и ви се омилени. Слободно напишете Ваше видување како вие сте ја доживеале Тина Тарнер.

 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.683
Поени од реакции
866
Си замина и Тина . За жал еден по еден си заминуваат сите што вредат/вредеа во поп и рок музиката , и останаа само неколку кои што навистина вредат ( зборувам за тие кои се појавија последниве 15-20 год,) . Тина ја знам и почитувам повеќе од 35 години , не само заради нејзиниот одличен глас , туку и поради нејзината страшна харизма и енергија која ја имаше на сцената .Таа е една од неколкуте за кои ми е ептен криво што не сум ги гледал во живо ( останатите се Пинк Флојд , Квин и Дејвид Боуви ) . За оваа прилика ќе ја постирам песната за нејзиниот роден град

 

Kajgana Shop

На врв Bottom