Kajgana Song Contest #327 - “Ваш фаворит од Ѕвездите на Гранд?”

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.637
Поени од реакции
39.009
Јас најчесто не слушам ваква музика, ама песнава е врв врхова! :cuc: И генерално се што имам слушнато од Адил е неколку нивоа над се останато што се прави во Србија во изминативе децении.

Ама мислам дека не е за темава - Адил колку што знам не се има натпреварувано во Ѕвездите на Гранд. Ова е настап од Гранд фестивал кој се одржал еднаш, два пати и престанал да постои. Сепак, нека кажат креаторите дали се прифаќа или не.
___________________________________________
Од мене, исто Шејла! Девојката ја следам уште од времето кога пееше за Диванхана и има ангелски глас! Веројатно најдобриот вокал кој некогаш се појавил на Звезде Гранда, а дефинитивно најдобриот кој победил. Од настапот во финалето лани, една песна на која сум плачел ко дете и кога и да ја слушам, пак ми надоаѓаат солзи. :place:

1741120664658.png
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.326
Поени од реакции
6.415


Може целото или мора една од двете? Ако мора една, нека е втората (изведбата на песната од Бебек).
Исак Шабановиќ е наследникот на Жељко Бебек.
Автоматски споено мислење:

Маестрална изведба на нумерата Још не свиче рујна зора од нашиот оперски пејач Мики Секуловски во 3 различни аранжмани:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.214
Поени од реакции
26.303
Јас најчесто не слушам ваква музика, ама песнава е врв врхова! :cuc: И генерално се што имам слушнато од Адил е неколку нивоа над се останато што се прави во Србија во изминативе децении.

Ама мислам дека не е за темава - Адил колку што знам не се има натпреварувано во Ѕвездите на Гранд. Ова е настап од Гранд фестивал кој се одржал еднаш, два пати и престанал да постои. Сепак, нека кажат креаторите дали се прифаќа или не.
___________________________________________
Од мене, исто Шејла! Девојката ја следам уште од времето кога пееше за Диванхана и има ангелски глас! Веројатно најдобриот вокал кој некогаш се појавил на Звезде Гранда, а дефинитивно најдобриот кој победил. Од настапот во финалето лани, една песна на која сум плачел ко дете и кога и да ја слушам, пак ми надоаѓаат солзи. :place:

Прегледај го приврзокот 445066
Како ќе каже мај нејм така ќе направам. Лаку ноч кога се појави ја свиреа по неколку пати на вечер на времето во Деспина што е една од најјаките биртии што била во Скопје. Обавезно завршуваа со неа некаде 7-8 сабјле.

Сум ја подизоставил темата но како компензација се враќам со една култна биртија. Местото е топ оф д топ, по мене the ultimate најбиртија во Скопје и шире моментално. Омиленото место за искачање на секој од Кучково до Кучевиште и од Црешово до Соње.
И не признавам некој да ми се прави сељак а да не бил ниту еднаш во

НОЌЕН КЛУБ (БАР) ДЕСПИНA



Но што го прави ова место толку посебно чим јас како ненадмашлив авторитет на оваа тема го ставам на пиедестал меѓу толкуте многу во Скопје и Скопско?

За почеток на гугл пишете клуб Дeспина на кирилица и погледнете ги резултатите. Односно ќе бидам добар и ќе го направам тоа место вас
http://www.google.com/#q=клуб+деспина&ei=lr-tUcvpEM_EtAbJ_4CwDw&start=0&sa=N&bav=on.2,or.r_qf.&bvm=bv.47244034,d.Yms&fp=371c40299b906e21&biw=1280&bih=629

Во Деспина постојат мали и незначителни но сепак шанси да се збогувате со овоземскиот живот. Еден пееесет коефициент да го јадете до болница ни крив ни должен. Ноќен клуб Шкорпион-Волково, клуб Рицар-Лисиче, па и Сити во Беверли се само пусифицирана форма на тестостеронската моќ што излегува од тоа место.

Откога веќе ја добивте од Гугл преставата за месотото да продолжиме со деталите.

Подобра локација за местото не може да има. Населба Мичурин е позната по биртијашката префинетост и софистицираност на нејзините жители. Само една уличка води до клубот, изгледа како на филм во сред град некое запуштено патче што води до местото каде што се договараат матни зделки. И градбата е таква, изгледа како модфицирана и фасадирана бордо верзија на стар хангар што кога ќе влезеш внатре очекуваш некоја сцена од Резервоар Догс. Со право еден другар ќе даде една легендарна изјава-Брат јас патот до Деспина го погаѓам само кога сум пијан. Пред влезот има направено тенда од плексиглас а пред неа два брендирани столба во знакот на разбира се-Џани Вакер. Интересното е што прво се влегува во една мала по градба но голема по значење импровизирана налик монтажна барака која како да служи како тампон зона помеѓу надворешниот, обичниот свет и внатрешниот, помеѓу иницираните и профаните, како тунелот во Демир Капија кој дели 2 временски зони и пројдеш ли кроз него од пролет инстантно преоѓаш во касна есен (Демир Капиџии и околина ќе ме разберат) иако таа барака е едвај дали 5 квадратни места. Таа барака го амортизира културолошкиот шок и ве припрема за она што ве чека внатре. Но пред да влезете во бараката на влезната врата стојат 4 известувања залепени на истата. Ги читам и се прашувам што би рекле големите мајстори на апсурдот: Кафка, Ками, Семјуел Бекет на тоа, и дали кога би го виделе момците од Монти Пајтон тоа би признале дека некој ги надминал во сатирата.
На првиот знак стои бројот од Државен Пазарен Инспекторат.
На вториот знак стои-Забрането пушење.
На третиот знак стои работното време.
На четвртиот заборавив што стои но не беше ништо помалку битно.

Влегуваш внатре во бараката. Во неа има еден шанк кој личи на импровизиран штанд а позади истиот на ѕидот има екран поделен на повеќе делови каде што се прикажуваат снимките од разните камери внатре. Тој екран е како онаа законска обврска на цигарите-Пушењете е штетно по здравјето. Кажува-Тражили сте гледајте и улевајте на сопствен ризик.
Импровизираната барака е споена со ''хангарот'' со врата. Кога ја отварате таа врата веќе е point of no return. Слика од досегашниот опис.



После втората врата Бекет е позади мене, оставен на прагот да си ги брои брчките. Не сме дојдени тука да филозофираме туку да го извадиме исконското сељачко во нас, оној дел кој скоро секој од нас го има но ретко кој сака да го признае и прегрне.
Деспина е поделена на три дела.
Првиот дел и најударниот дел е веднаш кога се влегува. Во овој прв дел одма од вратата лево е бината малку издигната со црно знаме на ѕидот на кој пишува-Клуб Деспина. На бината се кренати две шипки од подот до таванот. Освен бината во првиот дел се ставени и коњопои со тук-там по некое шанкерско столче што е и нормално, во Деспина не се оди за да седиш.
Вториот дел се граничи со првиот и се наоѓа право од влезот. Оделен е со издигната платформа и скали. Поради таа издигнатост делува како балкон во однос на првиот дел и има поставено ограда на работ што гледа надолу према ќецот. И тука се поставени коњопои од скалите лево затоа што на вториот дел по скалите влегувате од неговата скоро крајно десна страна. Десно е единствено шанкот.
Третиот дел е десно од првиот и е исто така благо издигнат како на платформа. Тој дел се рачуна како најелитниот, тука обично има сепариња и ВИП гости, односно тепачи пред кои сите се тргаат на страна. Сите три дела се налик на кругови кои се допираат меѓусебно при што ќецот е најдолниот дел двојката е горниот лево а тројката горниот десно. Онаму каде што се допираат двојката и тројката е шанкот.

Внатрешниот дел е приказна за себе. Во ќецот е гол под, додека двојката и тројката се со ефтин тепих како оној од првата слика пред влезот оние стандадрните сиви. Коњопоите се излитени и истругани. Внатре доминираат две бои: бела и бордо. На плафонот има вградени плафоњерки некои ги викаат и мини рефлекторчиња кои се чести кај шанковите. За да не биде монотоно и на плафонот и на ѕидовите има правено сводови, кружни форми, фрагменти од демек тули и останати орнаменти и геометриски фигури, а во кецот во самиот ѕид има дури вргадено статуа од некоја мешана форма Милоска Венера, Менада, Атена Палада и уште неколку. Се е се разбира во бордо-бела верзија. Слики од досегашните описи (чаша ракија добива оној кој ќе ја најде статуата во ѕидот):

















Доста беше за формата, да преминеме на суштината. Во овој пост http://forum.kajgana.com/threads/Биртии.63174/page-12#post-5557439 зборувавме за хибридизацијата, амфибијзацијата и аморфизацијата на биртиите и како Окарина е биртија од хибриден тип.
Таква амфибијзација доживеа и Деспина.
Пред скоро деценија отприлика кога прв пат беше отворена, Деспина функционираше како класична биртија со маси и столици. На почетокот имаше многу строга политика која во полабава верзија ја задржаа и денес, не пуштаа секого и имаше дресинг код. Не си во кондури и кошула, нема да влезеш. Тоа што внатре трешти Раџај Синове од Џеј кое по логика на нештата нема апсолутно никаква смисла и не ти дава никакво право да тераш селекција на гости според било кој критериум е апсолутно занемарливо. Мислите ли дека вратарите во клубот кои поради специфичноста на задачата и реномето на местото се двојно понабилдани и поглупи од другите клегите во другите клубови сфаќаат што е апсурд, парадокс и да се чека Годо?


Ноќта завршува и веќе не е ни изгрејсонце туку утро или поточно Јутро је, јутро је-Нада Топчагич. Деспина брои едвај дваесетмина внатре. Иако уште 6 пати ја свиреа вечерта, сајзеристот ја најавува повторно како последна песна за вечерта Лаку Ноч.
И баш истиот тој час додека попаметните од мене во тој момент го користат викендот и се чекаат на Кочо за да направат нешто корисно за своето тело и дух искачувајќи се на Водно, јас и моите промили се возикаме накај дома, додека во главата си викам Адиље, у право си да си ебеш тоа асли ѓуптинот. И неможе да постои во тој момент поубава песна на светот. До следниот пат. За душу сам те зашио, и дуго плашио, да те не изгубим...

Иначе како заронуваш во турбофолкот така наоѓаш скриени богатства. Песни кои се чиста поезија:


песни кои се 100% блуз:


шлагери:


EDM:


рокенрол:


и се што може да ти текне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.637
Поени од реакции
39.009
Како ќе каже мај нејм така ќе направам. Лаку ноч кога се појави ја свиреа по неколку пати на вечер на времето во Деспина што е една од најјаките биртии што била во Скопје. Обавезно завршуваа со неа некаде 7-8 сабјле.
Не знам дали си ја слушал од Адил - Од усана до стопала - уште една права поезија!
 
Член од
12 март 2024
Мислења
525
Поени од реакции
980
Како ќе каже мај нејм така ќе направам. Лаку ноч кога се појави ја свиреа по неколку пати на вечер на времето во Деспина што е една од најјаките биртии што била во Скопје. Обавезно завршуваа со неа некаде 7-8 сабјле.
Кој бил во Деспина и излегол жив од таму успеал во животот.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.188
Поени од реакции
52.417

Секое заљубување што можете да го замислите е гол кур во споредба со чичо ви кога ја виде Милица за прв пат како средношколец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom