Кајгана собиранки

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Локација
Скопје
Си знаеме сите. Повеќето од нас биле на собиранки со луѓе од форумов, дали големи, дали мали, дали интимни - тоа зависи. Кога била вашата прва собиранка, каде, како, што?

Мојата прва собиранка беше "далечното" ладно декември во 2008ма година. Локација - Бариста, најдифолт место за собиранки тој период. Јас како анонимен и неафирмиран член, отидов на собиранката со само 1 позната, Капачето. Тоа беше стартот, по таа следуваа неколку помали собиранки по кои следеа собиранките во парк, со детаљи кои не е добро да се знаат во јавност. Летото продолжи тој тренд со собиранки во парк. Потоа следуваа помали и поголемки собиранки и тек оваа година беше првата моја собиранка по повод 5 години Кајгана. По тоа некако спласнаа собиранките и сега се реткост, освен ако не се собираме по некој настан што се случува во градов. Како и да е - одлични дешавки. :)

Вие?
 
Не е фер да е 18+ -.-
Дискриминејшн...
 
Најпрва собиранка “Ало Ало“ богзнае шо доба од годината беше, знам дека со тетовчаните шмркавме шеќер додека Маарко ги праеше линиите.
Грев бев тогаш, неможев ни пиво да си зеам, 16 имав :D
 
Мене ми текнува прва беше во Бариста. Бевме јас, росоњерка, крејзи ин лав, дизајр, анак су намун и уште некои што ги имам заборавено кои биле. Воедно и најдобра собиранка од сите ми била, после тоа Ало Ало кршење беше :D
 
Ќе да беше март 2009, у парк со Clen 7 коа мањачевме barely legal (шала бе) форумџики у парк. Сите испоседнати у круг ко секташи, а ја и он потпрени до едно дрво и цуцаме коњак. Интересно беше дефинитивно тој период. Знам повеќето од тогашното друштво беа малолетни и затоа пишав "(шала бе)" :).

А после тоа следеа 2-3 мини собиранки во Кисела вода, па април месец 2009 пак во парк, само овој пат боље се знаевме, ама пак си стоев до дрво :), па оговарања со женската популација, кој малце полнолетен кој уште средношколец, давање алкохол на мали лица, местење другари....еее времиња.
Али сума=сумарум до сеа (сосе Миднајт) иам отидено на 15-20 собиранки, кога во парк, пивофест на Кале, искачања на кафе и последниов пат у кафана.
Само растат децата.... :)
 
абе еден коњак, ракија у флаша пиво имавте :D
 
Не бе Бадел носевме озбилно :)

п.с ти мислиш за ракијата на Член 7 коа ја носеше у пивско шише :), тоа беше април.

Колку хејтерски муабети паѓаа тогаш. Јас како полнолетен коа ви се убацив на дрвото а не ми дававте од ракијата.

Имам и слики од тогаш иначе. :)
 
Септември 2007ма во Diamond, Рамстор. Кога ќе ми текне на таа собиранка , WOW, милион фаци запознав кои сега не пишуваат на форумов веќе или поретки се (штета). Никој не го знаев :pos:, се запознав памтам со Димитар, Ангелче, ЈовеБт, Спајдер, Влатко Русин, Викторгг што нејќеше да си го каже никот... Реактив89 ми се убаци (женско сум нAли :pos:) Бидиков ми упати еден остар поглед, изгледа пивото го имаше здрмано :pos: Одлична собиранка беше таа : ))))
 
Колку хејтерски муабети паѓаа тогаш. Јас како полнолетен коа ви се убацив на дрвото а не ми дававте од ракијата.

Имам и слики од тогаш иначе. :)
Вториот пат ти не мешаше, мислеше јас сум Член 7. Иам една слика, ми прати еднаш, дај други да се присетиме на младоста... :tv:

п.с Абе Воки малечок беше..колку си пораснат од тогаш :)
 
Лани во Миднаит некаде во февруари беше јас тоатален анонимец никого незнаев и никој не ме знеше и отидов така сам да видам што како ќе биде и беше ок си останав сам и незапознав никого. Всушност сега знам луѓе од форумов но се запознавме на други места
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom