- Член од
- 28 декември 2007
- Мислења
- 43
- Поени од реакции
- 10
Точно така, и јас истото го зборев многу долго време, негово хоби е планинарење, но ниту едно друштво за планинарење не е за почетници, исто така опремата чини доста пари (кои ги немаме). За вработување знаеме сите колку е тешко инаку по професија е Дипл. Економист, така да јас се борев за да најде некое хоби, комуникација со луѓе и сл. не му одело речиси никогаш така да во оваа состојба ептен тешко беше да скрши некој збор. Сега веќе втор ден е на психјатрија, јас како близок член од фамилијата разговарав со други пациенти, кои ми објаснија односно така сватив дека во принцип на клиника главната цел е да се погоди правилната терапија. Претежно се лежело околу еден месец, и до сега кај сите што ќе ја напуштат клиниката ситуацијата е подобрена односно правилната терапија им ја погодиле, која што ќе продолжат да ја применуваат дома. Е сега кога дојде веќе таа ситуација и он да стигне до тоа место, искрено мене ми е многу тешко што е таму, од самиот поим дека е психјатрија и нивните правила и сл. Срце ми се кине и на мене и на цела блиска фамилија, но оптимистички се надевам дека ќе успеат да му ја погодат терапијата, да се смири односно да не се мачи повеќе. Јас лично дури бев и против да остане на клиника, но крајната одлука беше негова кога свесно кажа јас сакам да останам. Така да сега целосно е препуштен на стручни лица, во тоа одделение А (за најниски болести) има 5 соби со по 3 кревети, така да докторите гледам дека имаат време и желба да одвојат за секој пациент доволно време, со што имаат постојано психолог со кој може да разговара на само за било каков проблем и да му се појави. Пак ќе повторам ОПТИМИСТИЧКИ (јас сум голем оптимист во животот за сите работи) мора да гледам на ситуацијата, односно дека ќе се реши проблемот (дека ќе му ја погодат правилната терапија). Ве молам Ваши искуства за таа клиника, резултати од лекувањето, сте слушнале од некого и сл.Скоро четири години невработен со жена и две деца знае да предизвика сериозен стрес кој може да биде предуслов за развој на OCD. Онака претпоставувам. Познавам сличен пример кој после губењето на работното место почна да развива слични симптоми кои за среќа не достигнаа таков интензитет како примерот ама сеуште се забележуваат.
Претпоставувам дека евентуално вработување или некаква занимација, хоби (да се занимава мозокот со нешто, енергијата да биде насочена кон нешто креативно/продуктивно) ќе ја подобри состојбата.
Поздрав



Тоа колку толку се надмина но голем проблем амбивалентноста ми создава и во врските... никогаш не можам целосно да се поврзам со некоја секогаш имам помешани чувства па дури и дали треба или не треба да бидам во врска.. А и доправа ќе ми создава особено во иднина на професионален план кога треба да се носат одлуки затоа што стварно не сум во состојба да донесам значајна одлука и да се решам за нешто битно.. Најверојатно поради амбивалентноста имам и страв од нови работи.. На пример имав страв кога се запишував на факултет како ќе се снајдам, се плашам за во иднина како би се снашол на работа, ми е страв да излегвам на нови места, кога одам на одмор претежно избирам места на кои веќе сум бил и слично.
Беше постара личност, свесна бев дека еден ден ќе се случи, но единствена желба ми беше да дочека внучиња од мене, што не ми се исполни (поради што од најголем верник се сторив атеист). Останав сама со татко ми, по 10 дена одкако се случи тоа што не требаше да се случи, тој си ја скрши раката, што дополнително психички го ослабна. Тие беа нон-стоп заедно, се што правеа го правеа заедно, имаа неверојатна љубов, што јас лично, а и секој би посакал да ја има, поради што е психички, а и физички, премногу слаб (не сака сам да си земе да јаде, ме чека мене од работа, не ги зема сам лекарствата морам да му ги дадам, нема ни да погледне дали има леб за денеска, понекогаш дури несака ни програмата на тв да ја смени, туку бара од мене тоа да го направам иако далечинскиот е до него