Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Скоро четири години невработен со жена и две деца знае да предизвика сериозен стрес кој може да биде предуслов за развој на OCD. Онака претпоставувам. Познавам сличен пример кој после губењето на работното место почна да развива слични симптоми кои за среќа не достигнаа таков интензитет како примерот ама сеуште се забележуваат.
Претпоставувам дека евентуално вработување или некаква занимација, хоби (да се занимава мозокот со нешто, енергијата да биде насочена кон нешто креативно/продуктивно) ќе ја подобри состојбата.
Точно така, и јас истото го зборев многу долго време, негово хоби е планинарење, но ниту едно друштво за планинарење не е за почетници, исто така опремата чини доста пари (кои ги немаме). За вработување знаеме сите колку е тешко инаку по професија е Дипл. Економист, така да јас се борев за да најде некое хоби, комуникација со луѓе и сл. не му одело речиси никогаш така да во оваа состојба ептен тешко беше да скрши некој збор. Сега веќе втор ден е на психјатрија, јас како близок член од фамилијата разговарав со други пациенти, кои ми објаснија односно така сватив дека во принцип на клиника главната цел е да се погоди правилната терапија. Претежно се лежело околу еден месец, и до сега кај сите што ќе ја напуштат клиниката ситуацијата е подобрена односно правилната терапија им ја погодиле, која што ќе продолжат да ја применуваат дома. Е сега кога дојде веќе таа ситуација и он да стигне до тоа место, искрено мене ми е многу тешко што е таму, од самиот поим дека е психјатрија и нивните правила и сл. Срце ми се кине и на мене и на цела блиска фамилија, но оптимистички се надевам дека ќе успеат да му ја погодат терапијата, да се смири односно да не се мачи повеќе. Јас лично дури бев и против да остане на клиника, но крајната одлука беше негова кога свесно кажа јас сакам да останам. Така да сега целосно е препуштен на стручни лица, во тоа одделение А (за најниски болести) има 5 соби со по 3 кревети, така да докторите гледам дека имаат време и желба да одвојат за секој пациент доволно време, со што имаат постојано психолог со кој може да разговара на само за било каков проблем и да му се појави. Пак ќе повторам ОПТИМИСТИЧКИ (јас сум голем оптимист во животот за сите работи) мора да гледам на ситуацијата, односно дека ќе се реши проблемот (дека ќе му ја погодат правилната терапија). Ве молам Ваши искуства за таа клиника, резултати од лекувањето, сте слушнале од некого и сл.
Поздрав
 
Еве нешто интересно што преведов од Google. И мене ме интересира ова нарушување затоа што е многу често застапено. Можеби не со такви драстични симптоми но едно води кон друго, подобро да се спречи отколку да се лечи:

Практикување релаксациони техники
  • Медитација, Јога, техники на длабоко дишење и останати анти-стрес техники можат да помогнат за намалување на анксиозноста предизвикана од OCD.
  • Релаксационите техники да се вежбаат најмалку 30 минути дневно.
Навики за здрава исхрана
  • Почнете го денот со појадок, и продолжете со фрекфентни мали оброци. Гладот предизвикува пад на шеќерот во крвта, што може да предизвика да се чувствувате повеќе анксиозни.
Јадете многу јаглехидрати, сите зрнести, овошја и зеленчук. Не само што го стабилизираат шеќерот во крвта исто така го зголемуваат серотонинот, невротрансмитер со смирувачки ефект.

Вежбајте редовно
  • Вежбањето е природен и ефективен анти-анксиозност третман кој помага да се контролираат OCD симптомите со рефокусирање на вашиот ум кога опсесивните мисли и поривите ќе се подигнат.
  • За максимален бенефит, пробај со 30 или повеќеминутни аеробик активности. Аеробик вежбите го ослободуваат притисокот и стресот, ја зголемуваат физичката и менталната енергија и ја подобруваат благосостојбата со ослободување на ендорфин, мозочната "одлично - чувство" хемикалија.
Избегнувајте Алкохол и Никотин
  • Алкохолот привремено ја намалува анксиозноста и грижата, но всушност предизвикува анксиозност со бледнеење на дејството. Слично, иако изгледа дека цигарите смируваат, никотинот всушност е моќен стимулант. Пушењето води до повисоки, не пониски, нивоа на анксиозност и OCD симптоми.
Спијте доволно
  • Не само што анксиозноста и грижата можат да предизвикаат инсомниа, исто така и недостатокот на сон може да ги влоши анксиозните мисли и чувства. Кога си доволно одморен, многу е полесно да се одржи емоционалниот баланс, клучен фактор за справување со анксиозните нарушувања како OCD.
Твојот близок член на фамилијата изгледа е страшно емотивен човек кој премногу се грижи за сите околу него свен за себе. Ретки се ама ги има, жртви на себичноста и ладнокрвноста што владеат денес, и кои се издигнуваат и слават како најголема доблест.
 
Во право си, таков е од секогаш. Советите за подобро спречи него лечи се перфектни, имам читано многу матерјали за OCD, да не речам ја простудирав неговата болест, и на многу странски форуми го има сето тоа што го наведе како совет за во почетна или превентивна фаза, доколку се развие болеста во посилна фаза веќе е доцна. Но секогаш постојат превентивни работи, не само за OCD него и за многу други психички болести како и органски со техниките кои ги наведе. И да додадам многу луѓе во странство применувајки ги техниките постигнале феноменални резултати. Одличен совет за секого!
 
Ме интересира што сметате за земањето на терапија со апчиња? Моја блиска личност има многу проблеми со OCD и и препорачаа да земе терапија, сепак одбива зошто смета дека најмногу може да си помогне самата себеси и дека и треба уште време. Не знам дали да ја поддржам или да пробам да ја разубедам? :unsure:
 
Здраво ве молам ако можете
Имам ОГРОМЕН проблем со бесот неможам да се контролирам но кога ќе успеам но ретко тоа почнувам целиот да се тресам или да плачам незнам зашто тоа ми се случува
Неколку пати поради тоа сум се степал на сред час поради тоа но ако успеам да се контролирам или се тресам или плачам и потоа доагаат навредувањата од другите деца на пример плачко пи*ка и други навредувања.
А од тие навредување почнувам целиот да се мразам многу работи мразам себеси самиот се навредувам пример глупак,идиот,грозен,грд
Навистина ми треба помош тие што ме разбираат се многу малку :(
 
Не знам како да си го карактеризирам проблемов, па ќе речам дека имам зимска ноќна депресија. Значи секогаш кога е зима и посебно кога ќе се стемни чувствувам некаква безнадежност, немање смисла на ништо, не чувствувам никаква радост.Едноставно се убаво што ќе ми падне на памет ми е бесмислено. Ама, штом се раздени и угрее сонце мене ми е супер, дури се чувствувам и радосен и онака спремен да излезам негде да правам било што. Ако денот е облачен ми е до некаде исто како да е ноќ. Кога ќе помислам на лето, на сонце, на топло време ми доаѓа малку надеж и се олабавувам, ама па после ми текнува дека треба уште 3 месеци да преживеам во никакви за мене услови (метеоролошки) и пак чувствувам безнадежност. Претпоставувам дека е најверојатно до намалената сончева светлина, ама како да си го решам сам проблемов?
 
Нешто слично ми се случува и мене.Ми се има случено и порано,само кај мене е обратно поради некоја причина.Навечер ми е супер,особено ако сум била излезена.Но утрото штом ќе станам чуството е тука.Порано,во пубертет кога го имав ова,еден психијатар ми го објасни како адолесцентна депресија,а друг ми кажа дека се работи за механизам преку кој се справувам со моите животни стравови и се спремам за иднината.Ниеден од нив не ми спомна зимска депресија.Деновиве зошто сум катастрофа ( не гледам смисла на животот,постојано сум тажна и имам проблеми со концентрација),почнав да чепкам на интернет,правев некои тестови и всушност зимската депресија е нешто сосема реално денес.
Сметам дека кај мене станува збор токму за тоа зошто по втор пат (иако поминале години) се појави на самиот почеток на зимата.Минатиот пат пак си помина преку ноќ со самото доаѓање на пролетта.Како причина за појава на ова пишува недостаток од светлина и гените секако
 
Не знам како да си го карактеризирам проблемов, па ќе речам дека имам зимска ноќна депресија. Значи секогаш кога е зима и посебно кога ќе се стемни чувствувам некаква безнадежност, немање смисла на ништо, не чувствувам никаква радост.Едноставно се убаво што ќе ми падне на памет ми е бесмислено. Ама, штом се раздени и угрее сонце мене ми е супер, дури се чувствувам и радосен и онака спремен да излезам негде да правам било што. Ако денот е облачен ми е до некаде исто како да е ноќ. Кога ќе помислам на лето, на сонце, на топло време ми доаѓа малку надеж и се олабавувам, ама па после ми текнува дека треба уште 3 месеци да преживеам во никакви за мене услови (метеоролошки) и пак чувствувам безнадежност. Претпоставувам дека е најверојатно до намалената сончева светлина, ама како да си го решам сам проблемов?

Ваљда студот, сивилото и пасивноста на зимата ти влијаат на расположението и психата. И не е ништо чудно, зимата те ограничува во однос на многу работи, за разлика од летото. Во зима имаш и поише обврски у везе работа/факс, повеќе притисоци, а тоа што се стемнува у 4 саат ич не помага. Гледај само да си зафатен, да имаш продуктивен ден кој доволно ќе те измори за да можеш и непосредно пред спиење да ја избегнеш тоталнo "зимската ноќна депресија" и би требало да си океј.

Инаку, ко што за све има дијагноза во денешнава психологија, има и за ова - се вика Seasonal affective disorder (SAD) и е "растројство" што предизвикува депресија во зима (или во лето!) кај луѓе кои во остатокот од годината немаат вакви проблеми. Ако те интересира нешто поише за работава можеш да го побараш или како SAD, или како winter/summer blues. Во секој случај, сезонска работа (би рекла и природна) што може да се надмине.
 
Има некој искуство со амбивалентност?
Tоа е кога имаш помешани чувства, значи истовреме и позитивни и негативни чувства за одредени лица, ситуации, предмети па дури и неможност да се донесе самостојна одлука и да се превземе одговорност. Тука може да прочитате повеќе за што се работи.

Никогаш не сум можел да се одлучам ни за најситни работи.. Дури и кога одев во продавница и за наjситен производ ме мачеја страшни мисли што да одберам, а и незамисливо ми беше кога купувам облека сам да ја одберам.. :) Тоа колку толку се надмина но голем проблем амбивалентноста ми создава и во врските... никогаш не можам целосно да се поврзам со некоја секогаш имам помешани чувства па дури и дали треба или не треба да бидам во врска.. А и доправа ќе ми создава особено во иднина на професионален план кога треба да се носат одлуки затоа што стварно не сум во состојба да донесам значајна одлука и да се решам за нешто битно.. Најверојатно поради амбивалентноста имам и страв од нови работи.. На пример имав страв кога се запишував на факултет како ќе се снајдам, се плашам за во иднина како би се снашол на работа, ми е страв да излегвам на нови места, кога одам на одмор претежно избирам места на кои веќе сум бил и слично.

Иако не е некој проблем со кој не може да се живее сепак е покомплицирано одколку што изгледа...
Па ако има некој искуство или некој совет нека кажи :D
 
Не знам како да си го карактеризирам проблемов, па ќе речам дека имам зимска ноќна депресија. Значи секогаш кога е зима и посебно кога ќе се стемни чувствувам некаква безнадежност, немање смисла на ништо, не чувствувам никаква радост.Едноставно се убаво што ќе ми падне на памет ми е бесмислено. Ама, штом се раздени и угрее сонце мене ми е супер, дури се чувствувам и радосен и онака спремен да излезам негде да правам било што. Ако денот е облачен ми е до некаде исто како да е ноќ. Кога ќе помислам на лето, на сонце, на топло време ми доаѓа малку надеж и се олабавувам, ама па после ми текнува дека треба уште 3 месеци да преживеам во никакви за мене услови (метеоролошки) и пак чувствувам безнадежност. Претпоставувам дека е најверојатно до намалената сончева светлина, ама како да си го решам сам проблемов?
Го имам истиот проблем. Само кај мене се есенските приквечерини...Наутро кога ќе се разбудам се чувствувам добро...Така продолжувам и низ целиот ден, но кога ќе почне да се стемнува, почнувам да се чувствувам многу лошо...Не ги сакам облачните есенски (или какви и да се) приквечерини...
Но, после откако ќе одам на тренинг, се чувствувам многу подобро. Не ми тенува друго решение освен да си најдеш некоја работа во тоа време или пак да се дружиш со некого, да разговарате...
 
Епа и јас така - додека имам тренинзи не ми е ништо. Имам околу 7 саат тренинг, баш кога почнува салам вечерта, а пред тоа најчесто преспивам и кога ќе си дојдам сум уморен и не мислам. Ама од декември наваму имам пауза, па затоа ми е така. Сега ми е некако подобро, немам никакви обврски, ама распустот колку толку позитивно ми делува. Уште малце па ќе почнам со тренинзи и се надевам ќе дојде побрзо пролетта :D
 
Здраво, си имам еден мал проблем и не знам за што се работи.
Се чувствувам непријатно секогаш коа има отворена врата и станувам да ја затворам. Исто така се нервирам кога на телевизорот некој го попушто тонот, но го стави на некоја бројка што не е рамна(за рамни ги сметам:5,10,15,20 итн...). Друго исто што ме праве да се осеќам непријатено е кога пример на масата стои шише и натписот не е завртен накај мене. Исто се нервирам и кога предметите се превртени наопаку(пример телефонот со екранот е завртен надоле).
Па ќе се замолам да ми кажете дали се работи за некој психички проблем и ако можете да ми дадете некој совет.
[Без дијагнози на темава. - Модератор]
 
Здраво дечки

Во последно време имам многу работи коишто ме мачат, имам со кои да зборам и да ги споделам, но сепак не е тоа, тоа.

Овие работи што ме мачат мораат да останат само за мене, ги чувам во мене, а никако неможам да ги исфрлам надвор, дури и кога би правел муабет со некој, сепак овие работи не би му ги кажал.

Па би ве замолил за некој совет, како да си го симнам товаров од душава ?

Ви благодарам однапред.
 
Ја изгубив мајками :place: Беше постара личност, свесна бев дека еден ден ќе се случи, но единствена желба ми беше да дочека внучиња од мене, што не ми се исполни (поради што од најголем верник се сторив атеист). Останав сама со татко ми, по 10 дена одкако се случи тоа што не требаше да се случи, тој си ја скрши раката, што дополнително психички го ослабна. Тие беа нон-стоп заедно, се што правеа го правеа заедно, имаа неверојатна љубов, што јас лично, а и секој би посакал да ја има, поради што е психички, а и физички, премногу слаб (не сака сам да си земе да јаде, ме чека мене од работа, не ги зема сам лекарствата морам да му ги дадам, нема ни да погледне дали има леб за денеска, понекогаш дури несака ни програмата на тв да ја смени, туку бара од мене тоа да го направам иако далечинскиот е до него :(). Единица сум, така што целиот терет паѓа на мене, ама не се жалам, се ќе истрпам, само да не го изгубам (премногу се плашам од самата помисла на тоа). Имам долгогодишна врска, која што ми е хаос (љубовта ја веќе подолго време нема, свесни сме за тоа, повеќе сме пријатели), иако за време на целата тага е со мене. Од погребот на мајками, никогаш не заплачав, понекогаш ке потечеа солзите, но тоа беше само за секунда и толку, некогаш осекам тежина, некогаш не осекам ништо, ко да сум ги изгубила сите чувства на светот, а бев многу чуствителна личност порано, само секојдневно во определен период од денот осекам физичка болка на страната на срцето, солзи колку и да сакам нема :( Незнам што ми е поголем проблем, тоа што останав без мајками, помислата дека никогаш нема да ја видам (што мозокот мој сеуште не го прифаќа тоа), тоа што се случува со таткоми, што нему му се случува или што премногу се плашам да не го изгубам и него, тоа што неможам да донесам одлука за мојата врска (се осекам како да го искористувам, а од друга страна несакам да останам сама и да ризикувам), или едноставно јас сум проблемот и поради тоа сите околу мене ги следат несреќи :( ....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom