Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Сакав да кажам додека моите врсници се забавуваа јас не можев и бев под стрес.
Не си изгубил време братче.. Кулирај допрва ти идат топ денови. Ќе биде во ред. И сакам да смениш гледна точка на работите. BE POSITIVE !!!
 
Сакав да кажам додека моите врсници се забавуваа јас не можев и бев под стрес.

Утре (не дај боже) кога ќе дојдеш во исклучително катастрофална ситуација,НЕКОГАШ ВО ЖИВОТОТ,твоите врсници ќе страдаат многу повеќе одколку ти а верувај дека тоа е ДО НЕКОЈ СТЕПЕН ДОБРО затоа што имаш искуство бидејќи спомна проблеми кои траат со години.Само ти знаеш кај грешиш никој друг а сигурен сум дека знаеш само пробуваш да најдеш некој друг да ти каже пример од тука некој..
 
Респект друже !
 
Суров е овој свет друже, го видов тоа уште од рани години. Тоа сеуште ме мачи, ме кочи да се социјализирам како што треба, се чувствувам како извор на негативна енергија затоа што по некое време како сите да се оддалечуваат од мене, а незнам зошто (знам дека јас сум причината). Тоа ми прави проблем да си најдам девојка. Не ми е јасно што правам погрешно. Инаку да, сакав да слушнам и друго искуство, тоа си во право.
:)
 
И јас така потполно исто пораснав,немав детство,за жал :) Преживеав многу лоши работи,трауми,војна,смрт... :) верувај и ден денеска ги слушам и гледам некои страшни работи како слики и звуци пред мене.. ама како што пишав погоре,иако малце сме тие што имаат или имале вакви животи,сватив дека НИЕ подобро се носиме со животот во иднина од колку другите што растеле во мир,среќа,хармонија и безгрижност,или како што викаат ,,пеколот го проаѓаш еднаш или остануваш засекогаш во него,само после ти е полесно секојдневие''.Секогаш ќе ми остане една реченица во памет од една книга ,,Ние чудовиштата не заслуживме да бидеме сакани и не сме поради тоа што всушност сме и поради местото од кое доаѓаме каде е опишано како темно и полно со зло,но најдовме причини поради кои нашите срца се стоплија'' :) ехххх проклет живот полно со тага и агонична болка.... :)
 
Би сакал да споделам еден проблем во нашата фамилија. Се работи за многу близок роднина, кој неодамна од пред две-три години почна да се однесува чудно, односно (можеби смешно) почна да бара два парни броеви на табличките од автомобилите кој возат или се паркирани. Во состојба беше и е да се движи цел ден низ град додека не најде педесет или сто возила со парен рег. броеви. Сега последно нешто е истите броеви мора да ги најде на две до три возила (пр. на едно 246 и на друго 426). Доколку не ги најде се враќа дома пропратно со огромна нервоза и повторно излегување надвор да ја "доврши работата". До сега посети многу психјатри (многу бидејки си го бара одговорот на проблемот а тешко некој да му помогне), доби дијагноза -Опсесивно-компулзивно нарушување и започна со стандардната терапија за дадената дијагноза асентра, депакемине, залеста и хелекс по потреба. Лековите немаат големо влијание на неговиот проблем, да не речам никакво според мене. Е сега работата која не ми е јасна е што еден период на своја рака ги намали на половина од препишаното (не знам која му е дозата на лековите -ако треба ке прашам) депакеминето и залестата. На човекот му беше подобро, издржа дури една недела речиси да не помисли да се врати на неговата работа. Беше на редовна контрола кај неговиот псхихјатар кој го искара дека лошо направил што експериментирал на своја рака и повторно почна да ја пие во целост дадената терапија. За неполни два дена му се јави истиот проблем (психјатарот негираше дека е можно да му биде подобро со преполовена доза на тие два лека). Он е целосно свесен за неговиот проблем, сакам да кажам не е луд, разговараме нормално, тие напади на нервоза (некогаш повремени, некогаш секојдневни) не сум ги видел лично бидејки не живеам со него, но според опишувањата на неговата сопруга тоа било страшно односно неподносливо. Пред одредено време кога му беше многу тешко беше на дежурен доктрор во псхјатрија на клинички, каде што докторката му кажала да продолжи со терапијата, да не менува различни психјатри и да си оди дома. Изминативе неколку дена по иницјатива на неговата сопруга закажаа преглед кај истата докторка и денеска го задржа на клиника во одделение кое било наменето за неговиот проблем. Не разбирам што ке се случува односно промени со тоа што ке биде на таа клиника. Ве молам за одговор, бидејки навистина ми е жал и тешко за него.
 
Ја има истата состојба и кога ќе појде во различен град или пак уште поинтересно во различна држава каде што има поинакви регистерски таблички?
 
Ја има истата состојба и кога ќе појде во различен град или пак уште поинтересно во различна држава каде што има поинакви регистерски таблички?
:) Без навреда но мислам дека не е соодветно прашањето на кое што нема потреба да одговорам. Не поставив забавен проблем за забавни прашања. Поздрав
 
:) Без навреда но мислам дека не е соодветно прашањето на кое што нема потреба да одговорам. Не поставив забавен проблем за забавни прашања. Поздрав

Бев сериозен кога го поставив прашањето, можеби околината во која што живее моментално е причината за неговото опсесивно-компулсивно однесување.
 
Бев сериозен кога го поставив прашањето, можеби околината во која што живее моментално е причината за неговото опсесивно-компулсивно однесување.
Околината е нормална, како што живееат повеќето од сите нас. Живее во Скопје, има сопруга, две деца, односно најнормален живот (сем што е невработен скоро четри години), немал преживеано некој трауми и сл. Едноставно како што викаат само од себе му се разви тоест си го развил во главата.
 
Муабетот ми е дали кога ќе појде на друго место, друг град, односно друга држава добива такви напади?
Дали и воопшто има излезено некаде надвор од местото на живеење од кога му е дијагнистицирана болеста?
Можеби за нас околината е нормална, но нему му преставува проблем.
 
Скоро четири години невработен со жена и две деца знае да предизвика сериозен стрес кој може да биде предуслов за развој на OCD. Онака претпоставувам. Познавам сличен пример кој после губењето на работното место почна да развива слични симптоми кои за среќа не достигнаа таков интензитет како примерот ама сеуште се забележуваат.
Претпоставувам дека евентуално вработување или некаква занимација, хоби (да се занимава мозокот со нешто, енергијата да биде насочена кон нешто креативно/продуктивно) ќе ја подобри состојбата.
 
Муабетот ми е дали кога ќе појде на друго место, друг град, односно друга држава добива такви напади?
Дали и воопшто има излезено некаде надвор од местото на живеење од кога му е дијагнистицирана болеста?
Можеби за нас околината е нормална, но нему му преставува проблем.
Неколку пати дошол со мене на пат во странство, нема проблем сака да дојде, го поминуваме денот најнормално (сакам да кажам во целост нормален е и во однесување и во расположеност) и се враќаме во Скопје. После два дена ситуацијата, односно проблемот му е тука.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom