леле човеку не се занесувај многу. не викам дека ева лонгорија или кајли миног не се убави, ама на скопскиве улици можеш да сретнеш толку убави девојки, што кајли миног или ева лонгорија не можат за мало прсте да им се фатат. леле те молам иди во сева, на плоштад што е, и види ги девојките што работат таму. епа, загледај ја таа со долгата коса, кога ќе ја видиш ќе сфатиш за што ти правам муабет. ма каква ева лонгорија ферги или не знам уште која ма нема шанса да се споредат. а девојката никогаш не сум ја видела со шминка на неа. дадов ваква споредба пошо не ги знам девојкиве од форумов за да дадам пример. ама сигурна сум дека после ова мислење дека ни најдебелата бубуличава девојка не би те погледнала. срам да ти е!
и јас знам дека не сум којзнае што ама си се носам со главата горе и јас сум си убава. и секогаш сум имала пријатели и дечко што ме сака. така да, ај донт гив а шит. а и девојчето за кое го кажа ова дека не може да се спореди со глумиците, да не се замара многу пошо извини, ама треба да си идиот да го кажеш тоа што го кажа. 'од неа до тебе има разлика од тука до америка и пак назад' цццц. а од тебе до пристоен и паметен дечко што некогаш ќе фати пристојна и паметна и УБАВА девојка има разлика од тука до бесконечност. нема назад зашто бесконечноста нема крај. така да, поздрав.
--- надополнето ---
хахаха срце те молам. ууу дечкото имал завршено во панче караѓозов. јас сум сега матурантка во панче караѓозов со сите 4 години одлична, па што имаш да кажеш на тоа? дека самобендисаниот ќе стане доктор пред мене или? пошо треба малце мозок за доктор, знаеш? а башка што јас не сакам да бидам доктор, ама нема врска. девојчето ќе било чистачка. не си дозволувај премногу, каде и да завршило девојчето си е убаво и паметно. за разлика од.. некој. и полн погодок мислиш дека би имала со некој што по цел ден се гледа во огледало и си кажува колку е убав? молимте...
ајде дечко поздрав, под чест ми е да се замарам со вакви расправии јас си го кажав своето. со среќа со девојките.