Здраво!Јас сум нова на форумот и ми треба голема помош , ми требаат различни мислења за мојот проблем и се надевам дека овде ќе ја добиам потребната помош.Имам 17 години и мојот проблем е во тоа што имам комплекс поради мојата висина.Ниска сум и поради тоа сметам дека ниту едно машко не ми се приближува дури едно време мислев дека и другарките со кои порано се дружев се разделивме поради мојата висина, јас си мислев дека тие ме одбегнуваа поради мојата висина и поради тоа им е страм да излезат со мене.Тоа ми претставува многу голем проблем , за среќа сега имам супер другарки кои ме подржуваат во се , но сепак пред да започнам каква и да било работа ме спречува комплексот спрема мојата висина За ова имам разговарано и со мајка ми, но сепак потребна ми е помош од други.Ве молам помогнете ми,
леле девојче, не се лути, ама немој да изводиш многу. ради висината?! сериозно?! човече јас сум висока 140 см па што? секогаш имам некој. секогаш имам пријатели и некој што ме сака. имам дечко една година и си се сакаме. запамти, другите те гледаат со твоите очи. што значи ако ти се гледаш како ниска и тоа си го претставуваш како комплекс и другите ќе те гледаат така. јас отсекогаш сум била најниска во клас и во друштво, па никогаш тоа не ми претставувало проблем. кога бев помала повеќе се замарав, и јас како тебе размислував, ама после ги сфатив вистинските вредности, колку што може да се сфатат на 19 години, и сега ми е океј. дури и ми е симпатично што сум ниска, онака ме прави различна, ме двои од другите. сега го сакам тоа. знам дека не би била истата ако не сум ниска. ме викаат мало. па? да не тоа ме прави лоша личност? јас си знам колку сум добра, колку имам добри намери, колку се трудам секогаш да помогнам, а висината нема врска со сето тоа. и плус, не знам дали си го слушнала тоа, ама мене ми викаат секогаш дека добриот парфем доаѓа во мали шишенца. и порано се замарав ако во продавница не можам да дофатам нешто што стои повисоко, а сега поинтересно ми е, пошо така ќе замолиш некој да ти помогне, и оп! ново познанство. затоа ти викам опушти се, погледни се во огледало, сфати дека си убава и дека висината само ти ја истакнува убавината дека те прави поразлична од другите, тоа значи дека си попрепознатлива. и плус многу другари ми имаат кажано дека општо машките сакаат повеќе ниски девојчиња отколку високи. на многу машки им е фетиш да имаат ниска девојка. само ако ти се поставуваш пред себе како ниска и неубава за жал и тие така ќе те гледаат. тоа е проблемот. ако одиш на улица со крената глава, да бидеш горда на тоа што си, верувај дека никој нема висината да ја сфати како недостаток, туку како доблест. затоа, чил.
и уште нешто. во основно пошо се замарав многу со висината носев топуци, такви високи кондури, по 10-15 сантима за да ме праат повисока. а сеа знаеш што носам? штикли многу ретко, само кога е пригода. иначе, СТАРКИ. или обични патики.
не се замарај со тоа, уживај. поздрав.