Кајгана Парламент

За жал, нашата партија (ПЦЕМ) не успеа да собере ниту еден лајк од нашите (потенцијални)поддржувачи. Овие што ставиле лајк, не се бројат, затоа што, условно кажано, се живи. Значи, имаме нула лајкови/гласови во моментов, што е крајно обесхрабрувачки. Ја не знам оти вака. Гласате на избори, за партии шо не ве ебат два посто, а кога некој застанува во одбрана на вашите интереси, нигде ве нема, се праите умрени(no pun intended).
Како и да е. Иако огорченоста е голема, ние ќе продолжиме да постоиме, како вонпарламентарен ентитет. Ќе продолжиме да го застапуваме гласачкото тело на мртвите и нивната Волја и ќе продолжиме да се надеваме дека ќе се решат и овде да покажат сличен ентузијазам во борбата за демократија, еднаквост и еманципација, како што покажуваат при нивната масовност во гласачките кутии.

Многу брзо менуваш мислење.... :icon_lol:

Партија на Не-Толку-Глупите. ПНТГ.
Не-Толку-Глуп- Сојуз. НТГС.

Има тука многу опции. Треба и кратенката да звучи кул. Ама од мене толку помош. Понатаму вие редете си ја. Има потенцијал таква партија. Повеќе од мојава, очигледно. :(
 
Последно уредено:
Многу брзо менуваш мислење.... :icon_lol:
Треба народ да те гласа де. Пред јавност сме.
За жал, нашата партија (ПЦЕМ) не успеа да собере ниту еден лајк од нашите (потенцијални)поддржувачи. Овие што ставиле лајк, не се бројат, затоа што, условно кажано, се живи. Значи, имаме нула лајкови/гласови во моментов, што е крајно обесхрабрувачки. Ја не знам оти вака. Гласате на избори, за партии шо не ве ебат два посто, а кога некој застанува во одбрана на вашите интереси, нигде ве нема, се праите умрени(no pun intended).
Како и да е. Иако огорченоста е голема, ние ќе продолжиме да постоиме, како вонпарламентарен ентитет. Ќе продолжиме да го застапуваме гласачкото тело на мртвите и нивната Волја и ќе продолжиме да се надеваме дека ќе се решат и овде да покажат сличен ентузијазам во борбата за демократија, еднаквост и еманципација, како што покажуваат при нивната масовност во гласачките кутии.
Мислам дека без проблем ќе можете да се договорите со ВМРО за застапување.
 
Почнаа да се појавуваат и првите приврзок, пајтон или сателит партии:-)
 
пиши ме @Erich Zann официјално у твоја партија.
Се кандидирам за пратеник , ќе успеам да донесам нови поддржувачи , нови членови , нови гласови од Велес.
Заедно можеме повеќе! За почист Велес , за велешани конечно да ја слушнат вистинската музика. За Нова Година на плоштад се разбира ќе ги донесеме System of a down. И секако .. повеќе вино низ чешмите

\m/
 
Еве ги уште еднаш формираните партии:

Македонска Национална Патриотска Опција @ultras1988
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА КАЈГАНА @Нuкола
Партија за Шабанска Иднина @RickyLFC9
ВМРО - Кајганџиска @Erich Zann
ТХЦ - @jamey jasta
Демократска Партија на Кладилничарите - @Stefan-kobe
Сојуз на Прљави Металики @BilboBaggins

Да си знаете кого да тагнувате. Згора на ова, ќе повторам, можете да се кандидирате и независно.
 
Ај бидејќи не ме сакавте како претседател на партија и ми помогнавте да ја формирам, е:
поднесувам кандидатура за независен пратеник во Кајганџиското Собрание!

ps: претседтеле @Идиот на Социјализмот како одеше процедурата, колку лајка, што-како за да ме пикнеш у парламетот како независен кандидат (пратеник)?
pps: кој принцип на изборите ќе го применувате бе: мнозински, пропорционален, мешовит ..? По која формула ќе се пресметуваат добиените гласови, а? :D
 
Кога се парламентарниве избори? 24 април или 5ти јуни? :)

Избирачкиот список чист е или да бараме вкрстено дупли јузери?
 
Јас верувам дека постои некоја непишана тензија помеѓу нас шабаните и прљавите металики (и слични секташки стилови кои ги презираме со цела душа и се плашиме да не ни џитнат лоша чаролија. Добро е да ги чуваш твоите непријатели блиску) која може да влијае негативно на нашата соработка. За да се смири таа тензија и лоша крв помеѓу нас, сакам да го пуштам овој хибрид, мостот помеѓу нашите култури.
 
Ај бидејќи не ме сакавте како претседател на партија и ми помогнавте да ја формирам, е:
поднесувам кандидатура за независен пратеник во Кајганџиското Собрание!

ps: претседтеле @Идиот на Социјализмот како одеше процедурата, колку лајка, што-како за да ме пикнеш у парламетот како независен кандидат (пратеник)?
pps: кој принцип на изборите ќе го применувате бе: мнозински, пропорционален, мешовит ..? По која формула ќе се пресметуваат добиените гласови, а? :D

5 Лајкови треба и влегуваш. Треба да пополните 36 места, а јас ќе запазувам кој влегол. :D
Ако има повеќе од 36 со по 5 или повеќе гласови, за тие што имаат по 5 ќе има прегласување. :D
 
Во моментов ВМРО-Кајганџиска е во фаза на размислување за коалицирање. Нихилистите се симпатични, но се плашиме да не профункционираат по веќе видено сценарио од комунистите со кои се негира се што е работено како да не постои :D

Металциве можеби ќе се приклучат со интересни идеи околу музичката револуција, но секако не ја исклучуваме можноста да форсираат едноумие во бендовите и како тоа металот е над се и секоја друга форма на музичка (ре)волуција е апсурдна, непотребна и небитна.

Размислуваме.....размислуваме......Дотогаш поддржете ги пратениците!
 
Нихилистите ја најдоа својата епифанија во хедонизмот кој го нуди шабанеријата.
Не само што нема да ја негираме вашата работа, туку со една чашка ракија повеќе, ќе ги ескалираме добрите страни на вашите културолошки творевини. На крај краева, нели сите се сплотуваме во таа конвергентна точка кај која се допираат вмровската уметност и шабанеријата, рококото на македонската современа уметност.
 
Погрешно ми е спелувано името, ќе ве молам за корекција. :cautious:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom