Кајгана Парламент

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ќе го караат рокерите Толстој бе, што си го пријавил. :anco:
@Клипче и @Schtrawzenigger от се рапери :D

@Stefan-kobe е наш, слуша Северина. Ако добиеме власт он ќе биде министер за надворешни работи пошто повеќе е ориентиран кон западниот шунд наречен Dan za Kuduro Summer Mix 2012, Calvin Harris, Kudo, Jessie J и Justin Bieber. :cool:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
По кратка консултација го прифаќаме предлогот на @ManowaR . Од денес, ПШИ се залага и за поддржување на ликот, телото и делото на Јелена Розга! Очекуваме ова да има позитивно влијание врз гласовите кои ќе ни овозможат повеќе пратенички места во парламентот, со цел да обезбедиме сигурна иднина!
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
101
Поени од реакции
91
Демократска Кајганџиска Партија (ДКП) - портокалова боја



Да ги браниме боите на сите кајганџии и да воведеме задолжителен доручек - КАЈГАНА
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.723
Поени од реакции
18.256
Нема поента у тоа да ја промовирам партијата, и онака исти ташак е све али тие што сакаат да се приклучат у мојата партија, треба да ги задоволуваат следниве критериуми:

1. Да мрчат за бесмисленоста на светот, форумов и било која конструкција која неминовно ќе се распадне со текот на времето поради хаосот.

2. Секој закон којшто ќе биде предложен или да го серат како непотребен протокол којшто не' залажува дека животот има универзална и апсолутна поента и дека структурата на општеството со закони е реална... или ако не им се мрчи пошто ги мрзи, можат да се согласат со законот. Ако сакаат да предложуваат закони нека предложуваат.
Сеедно, што сакаат нека праат уствари.

Откако ќе бидат во партијата, не барам многу. Само:

а) Ако им се роди било каква форма на оптимизам и надеж, дали поради шарените бои на пролетта која следува, нивниот среќен живот или било која слична бесмислица, веднаш да пуштат филм со војна, глад и беда и да ги препрочитаат есеите на Шопенхауер за депресијата.

б) Кој сака може да излезе кога сака од партијата.

Знаме и лого неам пошто ме мрзи и нема поента у праење знамиња и логоа.
"Ако живеењето е страдање, тогаш преживувањето е пронаоѓање значење во страдањето" - оптимистичко-нихилистичка

Биди Шабан, гласај за ПШИ!

Мој скромен придонес
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
ПШИ ти е партија со обемна програма и план што ќе ги однесе младиве од земјава у све - како може некој да не ги сака луѓево со зацртан план за иднината :)
едноставно морав да ги кликнам
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Први сме на анкетите :cool:
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Ја имаме и првата легитимно регистрирана партија,
Партија за Шабанска Иднина чиј лидер е RickyLFC9.
Честитки и со среќа на изборите.

Доколку не стигнеме до 8 партии ќе распуштиме предвремени избори после 4-5 партии и местата ќе бидат дополнети со независни кандидати.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
вмро-грб-250x280.jpg
ВМРО-КАЈГАНЏИСКА е партија која цврсто ќе застане во зачувувањето на македонското национално ткиво и единство, партија која никогаш нема да ја изневери пролеаната крв впиена во ова парче земја за која гинеле нашите предци, неуморно водејќи битка со надворешните окупатори и внатрешните кодоши и шпиони.
Оваа партија застанува строго зад сите македонски дејци кои ги положија животите за самостојна, слободна и самоуверена Македонија. Ќе застанеме строго против сите надворешни крвопијци и внатрешни испукани чаури за туѓи интереси!

Наша главна цел е подобрување на животниот стандард на сите кајгана членови без исклучок, независно од нивната политичка, верска, етничка, етичка музичка и културолошка припадност.
Ќе се залагаме за воведување на бесплатно црно и бело вино кои ќе течат од чешмите на сите домаќинства. Ако некој сака пиво, ќе воведеме субвенции по најповолна цена за набавка на чешми и цевки низ кои ќе тече високо квалитетно пиво. Не ветуваме бесплатно пиво затоа што сакаме да изградиме згодна нација, а од пивото се зголемува стомакот, токму затоа, да внимаваме на изгледот.
Еднаш во годината, на сметка на буџетот, секоја фамилија преку кајгана членот како непосреден преставник од фамилијата која е љубител на месо и скара, ќе добие прасе од 50 до 60 кила (во зависност од вкупната тежина на членовите од фамилијата). За вегетаријанците, ќе следува нешто многу вкусно и примамливо за кое дополнително ќе треба да одлучиме.

Што се однесува до културата и промената на културната матрица, секој четврток лицата на возраст од 10 до 100 години ќе може да гледаат бесплатно во сите кина ширум земјата филмови од европската кинематографија како на Херцог, Тарковски, Бергман, за да се едуцираат и попримат малку од културата за која сметаме дека има поголема вредност. Воедно ќе отвориме и дебатни клубови во кои после презентација на филмот ќе се дискутира кроз кикиритки и сок. Алкохол таму нема, да не дојди до несакани последици, ако некој го трогнал пример филмот, а друг фати да го хејта неосновано оти не го сфатил.

Еднаш на три месеци исто на сметка на буџетот, ќе носиме светски ѕвезди со кои ќе парираме на партијата на Рики, за да го разбиеме турбофолкот, и останатиот светски шунд. Први на листата се Radiohead, втори Porcupine Tree, трети NIN. Во понатамошниот период ќе се обидеме да донесеме бендови како The National, Editors, Tool. Исто така, многу битно, по завршување на концертот, 100 лица по случаен избор ќе се дружат со членовите од бендот позади сцената, во хотел кој планираме да го изградиме во наредниот период.

Ќе отвориме и најмодерни видеотеки во кои лицата кои не знаат да симнуваат филмови, ќе може со обичен USB стик да тркнат и да им биде префрлен филмот кој го бараат во квалитет по нивна желба. Трошоците за пиратерија и слично ќе се подмируваат со средствата фрлени за глупи блокбастери чии влезници ќе чинат и до 800 денари за 3D.

Oва се во кратки црти основните точки од нашата програма која дополнително ќе биде разработена, елаборирана и јавно и транспарентно застапувана, по што ќе следува отчет за сработеното.

@Inglourious Basterd @wot @Brutus @beaverknight @Коловрт @Andrew @Ireal @Ѓорѓи Н.
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.432
Поени од реакции
7.874
Партија ТХЦ
Лого :

Боја - Зелена, оф корс.
Слоган - 420, LEGALIZE IT, Smoke weed erryday


За што ќе се залага партијата :
Трева, duuuh.
Цицки и газиња за сите.

Поканети се сите граѓани на Кајгана. Дури и Јувенташи. :D

 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.887
Поени од реакции
14.379
Сојуз на прљави металики
222222.png

Партијата настана како реакционен бран против ПШИ и нивната визија за иднината, во која тоталитарниот режим на Шабаните ќе се пресмета со сите неистомисленици и ќе го наметне својот музички и животен стил како задолжителен за сите.

СПМ за разлика од ПШИ ќе ја гарантира слободата на стилско определување и изразување, освен за членовите на ПШИ кои после нашето доаѓање на власт ќе бидат фрлени на маргините нa општеството се до нивното покајување и преобразба, а нивните збиралишта и сврталишта ќе бидат претворени во музеи и галерии кои ќе ја овековечат револуцијата против Шабанизмот.

Првата одлука на СПМ е отворање на младински сојуз насловен како МСПМ (Младински сојуз на прљави металчиња), за чиј претседател едногласно е избран @Толстој.

Само некои од нашите визии за иднината:
-Сувбенции за сите млади лица до 29 години за купување на аудио опрема и инструменти
-Субвенции за отворање на локали и клубови кои ќе се ориентираат кон сите жанрови и поджанрови на рок енд рол музиката.
-Забрана за сите надворешни Шабански телевизиски програми, емисии и прогласување за персона нон грата на сите надворешни Шабани кои имаат големо влијание на културата во нашата држава.
-Намалување на акцизата за алкохол на минимални 5% од производната цена, со што ќе се овозможи негово енормно поевтинување.
-Целосна реформа во образованието насочена кон поголемо свртување кон домашната и светската култура, литература и музика и воведување на нов задолжителен предмет - Историја на р'н'р музиката.
-Укинување на кладилничарскиот данок од 10%. (мерка специјално креирана во корист на @Stefan-kobe, @Џони Вајсмилер, @Tomasino и остали колеги)

Поради потребата за што побрза пресметка со Шабанскиот режим, нашата програма е кратка и завршува тука. Сите ваши предлози ќе бидат разгледани и додадени кон програмата. Се одјавуваме со нашата официјална химна


@beaverknight @Коловрт @Zlatikevichius @K!KI @Грут @M-1
Сметам на вашата поддршка :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom