(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Уф тежок избор помеѓу The Wire и Rome, првата најверојатно ќе победи.
Нека оди мојот глас кај втората, Rome.
 
Mad Men да испадне од Монк ти е равно богохулие и сигурен сум дека во некои држави затвор се лежи за ова. Листава после ова изгуби секаков кредибилитет и смисол за мене, сите недостатоци на демократијата во мини издание, од денес сум за диктатура и авторитаризам, плебсот не заслужува глас. Ме изненадија и разочараа повеќето што ги сметав за филмски и ТВ коносери на форумов, дали е до возраст или непозната е серијава во регионот наш, немам појма. Топ10 серија на секоја побитна листа, 4 Емија за најдобра серија по ред... :toe: Anyways, да не мрчам:

1. Rome - знам дека The Wire ќе тепа, сакам само Rome да не остане на 0 гласови, не го заслужува тоа. Одлична серија прекината во цутот на младоста поради преголемиот буџет.
2. Dark - најдобрата серија од Нетфликс продукција, најдобра модерна Sci-Fi серија исто, најдобра серија од не-англиско говорно подрачје. Без ниту една замерка, верувам последната сезона исто нема да разочара. Потенцијал да биде една од GOAT сериите.
 
1. The wire :love:
Мојот број 1. Ќе ја искажувам љубовта кон нејзе во другите дуели кога ќе дојде ред.

2. Shameless
Не ја имам гледано Дарк, и да ја имав, и да е екстра добра и квалитетна серија, пак ќе гласав за Шејмлес. Може не е најдобра серија на свет, али на една рака се бројат сериите кои би ги одбрала пред Шејмлес. Со години кога си инвестиран во една раскурцана фамилија, тоа се дешава.
 
The Wire, за мене лично #1 серија. Rome штета што е во овој дуел, инаку е супер серија и би гласал за неа во доста други комбинации, но сега не.
Другите ги немам гледано.
 
The Wire - една од најквалитетно и најдобро напишаните серии на сите времиња. Реалистичен приказ на целата криминална, полициска и политичка структура во Балтимор. Една од најдобрите серии на сите времиња и ако не е во топ 5 на крај подфорумов слободно може да оди во канта.
 
Тhe Wire во чест на нашиот џанава џанава технички премиер.
Dark - Со Ozark и за мене на врвот од продукцијата на Netflix. Creepy атмосфера со осмислено сценарио и перфектен кастинг.
 
1. The Wire. Ги немам гледано ни двете, ама имам прочитано доста добри коментари за The Wire, па ќе гласам за неа.

2. Сеа за момент ме зезнавте, ама сепак ќе гласам за Shameless.
Ја гледав Dark, прва сезона, втората уште не ја почнав. Ама како што кажа @Anon, се поврзуваш со ликовите. Секоја сезона викам дека веќе нема да ја гледам пошто не можам веќе да гледам такво деструктивно семејство, ама ќе почнам прва епизода и не застанувам. Одлична серија која суптилно ги допира незгодните теми во американското општество преку таткото (Френк Галагер). Инаку не постои појак телевизиски лик кој го сакаш и мразиш у исто време како Франк Галагер!
 
Mad Men да испадне од Монк ти е равно богохулие и сигурен сум дека во некои држави затвор се лежи за ова. Листава после ова изгуби секаков кредибилитет и смисол за мене, сите недостатоци на демократијата во мини издание, од денес сум за диктатура и авторитаризам, плебсот не заслужува глас. Ме изненадија и разочараа повеќето што ги сметав за филмски и ТВ коносери на форумов, дали е до возраст или непозната е серијава во регионот наш, немам појма. Топ10 серија на секоја побитна листа, 4 Емија за најдобра серија по ред... :toe: Anyways, да не мрчам:

Плебсот ти се извинува, мистер патрициј, гласањево е работа на вкус и чиста игра, во кое преовладува личниот вкус на гласачите, за кој не се пресудни Еми наградите, а Mad men некои од нас не ни имале прилика да ја гледаат.
 
1. Rome

Тежок избор, и во двете серии уживав но сепак oмилени ми се историските така да сепак Рома.

2. /
 
Плебсот ти се извинува, мистер патрициј, гласањево е работа на вкус и чиста игра, во кое преовладува личниот вкус на гласачите, за кој не се пресудни Еми наградите, а Mad men некои од нас не ни имале прилика да ја гледаат.

Феминизмот и машко-женските односи се една од централните теми во серијата, just saying. Феминистка без изгледана Mad Men исто ко подрум без ајвар.

Секој има право на вкус, мое право е да ги судам тие со лош вкус :D Sorry not sorry.
 
Не сум ја гледал Wire, знам дека секогаш е на врвот на сите листи, Rome ми е една од омилените серии, можеше комонто уште 3-4 сезони да има со квалитет каков што беше, но по сплет на околности остана на тие две. Нема да гласам во овој дуел.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom