1. Chernobyl - нема што посебно да додадам на тоа што пишаа другите. Генијална серија во секој дел - приказна, начин на раскажување, режија, глума... Мало ремек дело е ова. Немаше ниеден лош момент во сите пет епизоди.
2. CSI - иако за мене ова не е серија што би ја гледал од прва до последна епизода, пошто епизодите се шаблонски и нема нешто простор за дискусија, чекање на интересен plot twist или некоја посебна неизвесност, сепак е легендарна во крими жанрот и за времето во кое беше актуелна беше стварно нешто посебно.