Кајгана фото-натпревари [општи дискусии]

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Нема искористена или неискористена тема, на речиси сите домашни и меѓународни кокурси на фото сојузи и(ли) клубови - ќе најдеш 90% исти теми - портрет, акт, архитектура, документарна, природа.... и то оди години, децении и уште излегуваат убави несекојдневни фотографии. То исто ко она “Шо филм е овој?“ - “Трилер“, “Ех го имам гледано трилер“
ebujy3ab.jpg

инспириран за темава е од контрасти сиромаштија сред цивилизација, ама јас во пријавените фотки не го гледам контрастот, па да прашам.
Значи само боси голи бездомни во било каква ситуација?
 
тоа миу е инспирација а во цитираното е задачата, како и да е фотографијата не е математика па да се решава по одредени однапред познати формули и постапки, финтата е баш во слободата и креативноста
 
Знам, само сакав да додефинирам дали ја бара и неговата инспирација во нашите фотки или не, зборам за контрастот :)
Значи голи боси...
 
@коцка - убаво ти одговори @Let 3 - мојата инспирација беа сликите со контрасти, но контрастните ситуации во државава не се „цел“ на темата. Поентата е со фотографиите да се долови дека насекаде околу нас (дури не мора ни да значи дека е во нашата држава, туку глобално) постои и една друга слика, различна од онаа која ни ја сервираат медиумите (пред се), како што е случајот кај нас со „Мојата чудесна земја“ скеч-серијалот.
 
Мислам дека многу хардкор почнавте со темите за натпревар.
Требаше пошколски, да се почне со цвеќе, дрво, небо, кучиња, мачиња, сијалица итн.
А вака за темите: може да се види ситуцаија која одговара на темата, а сликата да не испадне добра. Или да се направи добра слика, ама темата да не е погодена.
Многу поблагодарна е тема кога може да се направат 100 слики и да се одбере најдобрата. Вака ќе останат @Let 3 i @Acid и некој падобранец чијашто слика ќе биде победник, оти ќе нема други.

И еден апел: не е во ред ставате на слика децата што просат, само затоа што нивните мајки нема да ве тужат што сте им ги сликале децата без да ги прашате. Ако веќе ставате деца, ставајте слики од вашите деца.
 
Не се разликува фотографирање на куче од фотографирање на улична сцена, нема посебни подесувања на апарат, нема посебни додатоци кои овозможуваат да фотографираш небо но не можеш да фотографираш луѓе кои работаат. Се е исто, разликата е само што фотографот фатил, не се бара ни некоја посебна физичка или психичка “обученост“ за различни типови на фотографии (освен професионална и студиска фотографија но тоа е веќе за пари и тука треба и опрема и знаење)
Јас баш “слабо“ поминав на минатиот натпревар - мислам меѓу последните, треба да знаеш дека се фотографира онаа и онака како тебе ти се допаѓа и мислиш дека е најдобро а не да мислиш додека фотографираш што би му се допаднало на другите.
Деца кои питаат веќе нивните родители прават криминал, и јас сум против објавување на фотографии на деца без согласност од родителите, но и тука не е се црно бело, имено ако некој си го оставил само детето на улица да пита, можеби е и поарно преку фотографија да се укажи на тоа поголемо зло во општеството одколку дали со објавување ќе се навреди родител кој детето го тера да пита.
 
Добро.

Болд: Не се согласувам. Ако сте толку загрижени, треба да пријавите во социјално или во полиција. Дете на слика не.
 
Фотограф документира реалноста и светот околу себе, не ги решава проблемите. Тој е само очите на светот.
 
Последно уредено:
Е вакви теми давајте, да можам и лајкови да поделам :icon_mrgr:
...не како онаа претходно :place:
 
@Anco, следи ги правилата на натпреварот. Фотографиите мора да се прикачени во галеријата, па споделени од таму.
Имам убаво објаснето како се прави тоа, прочитај го упатството уште еднаш.
 
Чисто едно процедурално прашање за да нема забуни на крајот како прошлиот пат.
Под Македонско девојче или Македонка се подразбира националност или државјанство?
Ако е националност тогаш може да се постира слика од жена која живее во Финска пример и има македонски корени но неможе од Македонија ако е друга националност пример Албанка ,Турчинка итн.
Ако е државјанство тогаш обратно, нема да може таа што живее во Швајцарија има македонски корени но нема државјанство, но ке може сите државјанки од Македонија без разлика каде живеат и која националност се.
Така да ќе ја молам администрацијата да дообјанси што точно подразбира под Македонка.
 
Последно уредено:
Националност... Сигурно нема да бараме државјанство на увид :))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom