Кафански факултет / Што пие кафаната?

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој пијалак најчесто го конзумирате?


  • Вкупно гласачи
    181
Било какво вино, бамбус поточно. Белото најчесто го пијам со миринда портокал или шприцер, црвеното со пелистерка кола, розето со газоза. 92% од времето пијам вино.

Зошто обично пијам надвор, преку зима не ми е пријатно пиво, а преку лето одма се топли, само по кафичи/дискотеки пијам и евентуално после ракијата во кафана за да се „оладам“. Евентуално ако сме собрани кај некој дома.

Worth mention: Рум (кола). Поскапичко е да го пиеш, ама многу e убаво пијанството.

Жестоко многу малце пијам и прилично брзо ме фаќа и немам контрола врз пијанството (златно вино:D). Ако пијам тогаш ракија или узо кога сум во кафана.

Најголемо пијанство ми беше на полу-матура. Литро и пол скопско пластика и после околу пола литро водка. 3-4 саати буквален блекаут, не знам како не завршив на токсикологија. Сега, после толку пиење да го испијам ова пак ќе се направам салата, не па тогаш кога почнував со пиење што се вика.
 
Alkohol je pošast modernog doba.

Јас преферирам пиво (моето CV за жал содржи рекордни 16; и три наврати 0,5 “на екс". Aма тоа беа годините кога беше ОК да си стока.

Сеуште пивото ми е омилен пијалак воопшто, ама ако постоеше безалкохолно пиво, тоа ќе го дринкав.

Не гледам причина зошто некој би преферирал алкохол. Уште помалку гледам поента истото да се претстави како позитивна работа.
 
Последно уредено:
Сега пивото ми е најомилен пијалок и повеќе го пијам за мерак а не за да се направам стока.
Инаку на времето рекорд ми било: 8 чаши коњак (чист) сето тоа измешано со бонус пијалоци (пиво, вино и така натаму). 18 години имав тогаш, јбга, ја осетив моќта на „стокосувањето“ до даска. Се чувствував после како говедо. Имав седум повраќања, спиење четиринаесет саати, привремена дремка пред бетонската клупа на седмица и така. Дали некој ќе ми верува или нема да ми верува не ме интересира, сметам дека е должност да напишам и едно коментарче покрај гласањето, од почит према авторот на темата.
 
Последно уредено од модератор:
дај шо даеш
почнувам со жестоки бренди, коњак, виски, џин... и на крај се трезнам со пиво, па си одам дома
 
Доколку сакам да си поминам убаво и да се расположам, а да не се напрвам статива тогаш водка. Знам и коњак и виски да мавнам доколку ми здосади од водка.
Најубаво ми е пивото ама избегавам да пијам огромни колични бидејќи многу лошо пијанство имам од него. Одеднаш ќе ме пресече и готов сум, често и повраќам од него. Затоа пивото ми е за онака лабаво да си седам, да си пијам и да уживам со друштво.

Вино НИКАКО. Прво пијанство ми е од вино и од тогаш неможам да го помирисам. Не го памтам тој ден многу оти бев направен ѓомлезе. Знам само дека сабајлето главата ми вриеше и бев целиот модрици по цело тело. Модриците ми биле од поголемиот братучед што ме истепал оти сум бил петарда и не сум сакал да идам дома. И во оваа прилика ја коритам да му се заканам и да му кажам дека знам што направил нека не се прави наудрен. Ќе му вратам еден ден. :boksix:
Ракија исто не пијам, а причината е банална. Како мал надигнав едно шише за кое мислев дека е вода, а тоа ракија да ти било. Вриштев едно добри 15 минути, цело мало дојде да види што се случило. И од тогаш некој страв имам од ракија. :D
 
1. Ракија
2. Ракија
3. Ракија

Еднаш бев со едни што нарачаа цеден портокал, ама немаше, па пиеја густ од праска, и така...
Не си поминав убаво.

Знајш, можи и да пингаш. Не касам.
 
После максимално замастување на џигерот од секојдневно конзумирање на алкохол и свинско/скара, докторот ми рече да се префрлам на друг факултет. Дадов отказ како директор и сега сум во тие улавите што јадат трева за доручек. Така да не сум веќе компетентен да дадам исказ или совет. Само ќе пишам : чувајте си ги џигерите, пошто нема замена за нив. Ова другово е релативна ствар. Позз
 
Порано пиев како вол, што има тоа, коњак, водки, црвено вино, тоа беше период средно кога бев. Сега преферирам само пиво и бело вино.
 
Jaс како традиционален сељак најмногу уживам во вино од бочва, темно, чисто, ни вода ни крастајци.
После иди на ред белото, исто најчесто чисто, а многу ретко со Миринда од лимон или Швепс.
И на крај ракијата која ја пропив в студентски. И на одмор се погоди газдата, деде од 70тина години со домашна 60 степени. Секое сабајле ме викаше кај него, праевме по 2-3 чашиња и навечер исто. Тој беше кефој оти јас пијам со него(ретко некој помлад му се нафаќал за време на одмор да го дружи), јас бев кефој оти го слушав кај шо ми раскажува авантури од младоста.

Овие џин, ликери, цвикери ми се пичкарски пијалоци, ги оставам за жениве.
 
Во принцип пијам секаков алкохол. Уште од многу мали нозе почнав да пивкам, такви ми беше бандата/екипата, бахата :D Благодарение на алкохолов, во овие 9 години ми се десиле многу јаки проводи, дешкавки, смеење, авантури. Имало и многу фатални работи, неколку тепачки, кома фаза и завршвење на болница, тешки кавги со родители и остали глупости шо ги прајт пијан чоек. Ама секако, во споредба со убавите работи, ова е да речиме околу 10%. Значит 90% од времето под дејство на алкохол било за позитивни убај работи, а 10% за глупости. :D
Е сега ако морам малку да пишам за одредени пијачки и алкохоли шо ги преферирам најмногу, да не е 2-3 зборчиња, идеме :

Вака во летно време најмногу си обожавам бело винце, т.е шприцер. То ми е моментално врв и во последниов период, 2-3 години мислам дека најмногу го пијам. Во ова уживам најмногу, го пијам со кејф. За секоја пригода и веселба.
Пивото порано поштовав многу. Сега некако не, ретко многу, во најголем дел од случаите ако е во комбинација со џоинт, инаку го одбегавам пивото.

Дефинитивно најтешките и најфатални, најизгубени пијанства ми се од ракија. Опасна пијачка, не е за секој. Почнав многу да се губам, зато и престанав да пијам. Сега ракија пијам 2-3 пати годишно, ептен ако немам друга опција, или ако така кажит екипата :D

А вака ко ќе излезам во кафиќ/дискотека, шо е сега многу ретко(порано во средношколските денови излегвев скоро секој викенд), најмногу преферирам коњак или шток. Порано наместо шток метев пелинковац ама веќе се откажав од оваа пијачка.

Единствено шо не сакам да пијам, то се коктелите и сметам дека тие се за девојки :)

Поздрав кајганџии, живелииии :)
 
Jaс како традиционален сељак најмногу уживам во вино од бочва, темно, чисто, ни вода ни крастајци.
После иди на ред белото, исто најчесто чисто, а многу ретко со Миринда од лимон или Швепс.
И на крај ракијата која ја пропив в студентски. И на одмор се погоди газдата, деде од 70тина години со домашна 60 степени. Секое сабајле ме викаше кај него, праевме по 2-3 чашиња и навечер исто. Тој беше кефој оти јас пијам со него(ретко некој помлад му се нафаќал за време на одмор да го дружи), јас бев кефој оти го слушав кај шо ми раскажува авантури од младоста.

Овие џин, ликери, цвикери ми се пичкарски пијалоци, ги оставам за жениве.

Кажи си педер за ракијата, како се опи ко магаре кај Баљо на викендица! :pos:

Посакував и јас да сум пијан, да не ти гледав гревој... :rolleyes::angel::pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom