Кафана или кафански филм

  • Креатор на темата Креатор на темата UnholY
  • Време на започнување Време на започнување
кафана си е кафана бе
одиш, се препарираш, и не се интересираш кој ќе те врати дома
и на крај се чудиш оти те мразат келнерите
 
Секогаш исполнета до последното место, претежно од две групации на луѓе:

-Љубовни депресивци (жената или девојката ги оставила, па лечат депресија со налевање до труење поттикнати од музиката која трешти во позадина)

-Квазиинтелектуалци (оние кои дискутираат околу тоа како ни е државата катастрофа и назадна, и ги принесуваат сите свои идеи и солуции за прогрес)

-Женкари-(тука е веќе се јасно. Жената е гледана само како курва, сите они ги поминале сите жени во градот и во секој момент можат да ја имаат која шо ќе посакаат.)
Ја заборави Мераклии категоријата. :) Иде таму бре да мавне некоја ракијка добра домача, да сломи некоја флаша од ѕидарско пиво у име на некоја песна што го погодила, да к`сне некоја 10ка со кромид каква ни жена му не знае да му зготви.

Значи, културните ресторантски кафани не ми се сега тема за муабет. Ќе зборам малце за тешките дупки, биртии од Бога заборавени, олд скул, ха-це.

Јас, као членка на Синдикатот на ИнМемориам (кои ја промовираат биртијашката идеологија), со или без моја воља, сум имала прилика да посетам неколку олд скул биртии, кои ме збогатија со непроценливо животно искуство. Кога би им дал шанса на таквите места, би увидел дека и не се толку лошо место да се биде, имаат свој посебен шмек, дух кој на ниедно друго место не се среќава. :icon_lol:

Пример, биртијата „Кај Делфинот“ на Зелено Пазарче. :icon_lol: Пазарска биртија, каде мажите после тргувањето со зеленчук и кинеска технологија седнуваат да се замезат шопска со ракија и да свртат некој олд скул муабет за тоа како времето на бивша СФРЈ било подобро. Кога имав прилика да влезам таму, бев единствената жена која таму стапнала since `84 :pos: Моите придружници беа единствените помлади од 50 кои ги уживале благодетите на биртијашката кујна.
Имаш еден средовечен келнер, со home made перика :pos: Додуша на ваквите места „конобар“ се вика, не келнер. На масата од лево, заспал некој тезгаш после напорниот ден, пред него празно чоканче ракија. Таму негде внатре на маса собрани 5-6 мажи пред пензија, пивски стомаци и се со ред, мезат скара уз пиво, расправаат политики (ете ти квазиинтелектуалци). Локалот веце-нема. :pos:Ме гледаа ко од Марс да сум, но секако не се навикнати на младо женско суштество во тие простори.

Сепак, едно од поомилените биртии ми е „Орхидеја“. Биртија од времето, нема скопјанец што не ја знае, стационирана горе на Нерези со панорама на Скопје. :icon_lol: 60 годишен келнер со тртка, спор како желка, ќе умреш од глад дур дочекаш. Ама тоа пошто имаат една рингла само. :pos: Кока Кола за неверојатни 30 денари чаша (не ти даваат во стаклено шише) можеш единствено таму да најдеш од сите места во Скопје. Сомнителна плескавица и малку жилави пилешки прсти, ама да не пребираме многу, солидна е скарата за малку пари. Шприцер се точи, во позадина иде некоја музика од времето, тешка биртијашка, тоа не е турбофолк, не се тоа овие новиве Пинк ѕвезди, туку стара бре, пред времето на Брена уште, и тоа иде од некое радивце што едвај се слуша, мераци. :icon_lol: Жени многу нема таму, мада последниот пат изненади местото со тоа што имаше цела маса млади девојчиња што којзнае како се излажале таму да се соберат пред искачање :pos:

Понатаму, исто култни места кои ги имам посетено се Орион, Читална и некои други не-толку впечатливи.

Цики, ова цела една култура ти е бре. :) Дојди ни ти во Скопје, има да те седнеме во Орхидеја, душичката ќе ти се испуни, ма има да баталиш и метал и све, да видиш кој СФРЈ дух владее таму :pos:

А ја чекам Сусаро да се искаже на темава, он како најстручен у ова поле.

Биртија рулз бе!:pijan: :pos:
 

-Љубовни депресивци (жената или девојката ги оставила, па лечат депресија со налевање до труење поттикнати од музиката која трешти во позадина)

Прво, никој не ги вика у кафана љубовните депресивци, оттаму можам да заклучам дека нивниот број е сосема мал. Никој нејќе стонер на маса шо на секој кафански муабет од било каква природа(секс,политика,тепање,цицки,порно на мобилен итн...) ќе возвраќа со поглед на тепано магаре и ќе продужи со типкање на некоја патетична смс порака. А инаку дека љубовните текстови у кафанските песни и скокањето на нив или нарачувањето на уше една пијачка, флаша или чоканче, се смета дека те погодила некоја емотивна кафанска песна. А бе ајде!!! Сеа јес да Синан Сакич пије на екс јер је на дну због ње, Мики Јевремович ги персонализира чашата и виното у негово омилено друштво затоа што једно давно љето му се десила незаборавна љубав и дека Аца Лукас паднал на дно због љубави и пије тај отров и не питаа, али ја на сите овие текстови или песни кao пропратен дел од кафанска музика глеам онака ларпурлартивно(фран.l'art pour l'art- уметност ради уметност) без некаков емоционален набој(више коа збориме за љубовни депресивци кои љубовни кафански песми ги тераат на пиење, тажење и шо ти ја знам. На крајот на краиштата кафана не е место за љубовни депресивци , кафана е место каде се иде за дружба, за теревенки, прослави, крштевки, родендени, враќање од странство, идење за странство итн...


-Квазиинтелектуалци (оние кои дискутираат околу тоа како ни е државата катастрофа и назадна, и ги принесуваат сите свои идеи и солуции за прогрес)

Повторно погрешен заклучок. Со самото влагае у кафан т иси роден генијалец, вонсериски интелектуалец и ти се отплеткуе јазик и на крај од вечер може и ќе ги убедиш другите дека стварно е така. Гореопишаните квазиинтелектуалци кои мислат дека сфаќаат поише од овие кафанскиве уствари се серковци кои почесто може да ги видиш на Скопски Џез фестивал него у кафана. Квазиинтелектуалците ќе отидат на Џез фестивал за ги видат дека ете слушаат таква музика(која важи за една од попрефинетите и недостапна за секој ментален капацитет по некое правило) и таквите повеќе даваат важност на својата гардероба што ќе биде забележана од другите во фоајето на концертната сала него на џезерот кој настапува вечерта. У кафана нема тоа. Никој не го боли шо носиш, никој не иде по шупи ред распажање за да биде виден... Инаку дека во кафана може да се најдат многу такви што мислат дека имаат генијална идеја за тоа како да ја извлечат државата вистина е, ама па политиката као неизбежна тема од нашето секојдневие присатна и во тие таканаречени кафански муабети. А и нечесто, во кафана може да се дознае на која фирма ќе се покачат акциите, неофицијална купопродажба на фирми, следен потег на власт,следен потег на опозицијата итн...

-Женкари-(тука е веќе се јасно. Жената е гледана само како курва, сите они ги поминале сите жени во градот и во секој момент можат да ја имаат која шо ќе посакаат.)
Е ова не знам како и од каде, ја можам од моето недоволно богато искуство од кафани(со оглед на тоа дека иам само 20 години), јас неам сретнато женкари у кафана или некои ете ти као шо ги опиша можеле да ја имаат секоја жена у градот итн...Неам коментар за ова.



Јас најчесто идам у кафана за релаксација. Мудрувањето во кафана, со шише бело вино пред мене на подзагорен кафански астал, за мене е врв на хедонизмот и релаксациајта. Можам цел ден да го поминам во таков амбиент везден локајки вино и да кркам скара. Музика не ме занима, шо сака нека свири ми одговара.










 
Пример, биртијата „Кај Делфинот“ на Зелено Пазарче. :icon_lol: Пазарска биртија, каде мажите после тргувањето со зеленчук и кинеска технологија седнуваат да се замезат шопска со ракија и да свртат некој олд скул муабет за тоа како времето на бивша СФРЈ било подобро. Кога имав прилика да влезам таму, бев единствената жена која таму стапнала since `84 :pos: Моите придружници беа единствените помлади од 50 кои ги уживале благодетите на биртијашката кујна.
:pos::pos::pos:
http://uk.youtube.com/watch?v=BrsEwsiFlfY
:toe:
 
Не зуцнувам за кафани додека не го читнам Сусаро.

Иха Суси, гуру експерт мадафака.
Ај, и јас ќе молчам дур во "филмџанов кафе не видам паун"(со тежина на срце, додуша :)) )
 
Псај е жена.. ама мора да и симнам капа за тоа како го доживеала духот на кафаната. Во овие биртии нема жени од проста причина што не можат да ја фатат брановата должина, маж и на Псај дефинитивно ќе има еден проблем помалку.. :pos:

Јас би ги поделил на два типа:

Квазиинтелектуалци, женкари, конобари, кафански бештии, Тома Здравкович, депресивци, титови поданици или револуционери, мераклии, радници и нерадници и слично.. може да ги наречеме како сакаме ама тие се составен дел од општествено-социјалниот феномен “Кафана-биртија“. Овој вид на кафани-биртии (кои не продуцираат насилство и во кои може најмногу да се научи по нешто) се најтипични за социјалистичкиот дух и мотото “братство-единство“ па така денес се во постепено изумирање, а ние воопшто и не го знаеме нивниот вистински лик туку само остатоците :pos:

Денес во тренд се новокомпонованите кафани кои служат за широките средношколски и други народни маси да се начукаат пред да идат у дискач или само да се начукаат. Па така некогашната биртија од првиот тип “Феротурист“ денес е трансформирана во ваков вид кафана “Вивенди“, тука се “Илинден“, “МЗЗ“, “Пролет“ и други. Карактеристично е што немаат дух, продуцираат одредена мера на насилство, помалку квалитетни дискусии и слично :pos: Овде како подгрупа се јавуваат “Кафани со ризик јак“ од типот на “Брус“ (сеа не знам дали работи, го убија газдата), “Деспина“ (имаше убиство пред некое време), “Хилда“ и слични.



Мислам дека Серпико со една реченица кажа се:

Серпико напиша:
Засега, нешто што се учи со годините: Кафаната е исклучителен социјален феномен кој може многу да му користи на оној кој ќе научи да го употребува.


Ама чекам Сусаро да се изјасни.. :vozbud:
 


Luka Peruzovic


Јас најчесто идам у кафана за релаксација. Мудрувањето во кафана, со шише бело вино пред мене на подзагорен кафански астал, за мене е врв на хедонизмот и релаксациајта. Можам цел ден да го поминам во таков амбиент везден локајки вино и да кркам скара. Музика не ме занима, шо сака нека свири ми одговара.



bravo za muabet, kako sebe da se slušam hehe
kafana e odlično mesto da se soberes s drugarii da si pineš, kusneš, pa muabetče, pa ovo pa ono, itd itd.
a kude bi otišja ako ne u kafanu, doma da im dosagjam na moi ne biva (ke ispadne sedenka do sabajle)
na kafe ne biva (znae se kolko vreme možeš da pieš kafe)
zatoj na mene mi e najubavo u kafanu, imaš vreme za sve
i muabet da napraviš (dok da bide skara, šopska i rakija)
i da se naedeš (znači skara e na astal)
i da se napieš (natamo se sviri)
:toe::toe::toe:






[/quote]
 
Во ред, увидовме дека се се базира на субјективна гледна точка.
На претходната страница наведов, дека немам намера да иницирам конфротации помеѓу две групации со спротивен став, туку чисто сопствено изјаснување и коментар за Кафаната и целиот тој филм кој се води таму.
Не сакам да реплицирам со астрономски цитати и да ја детализирам мојата гледна точка, веќе се изјаснив накратко во воведниот пост.

Значи, места кои воопшто не ми се допаѓаат, кој прават да се почувствувам инфериорно, а пред се музиката воопшто не е по мој вкус, ама тоа воопшто не ми е поентата, да се работеше за тоа, ќе ја отворев во Музика.
Ја отворив во Општи Муабети, од причина која веќе ја наведов и мислам дека бев доволно јасен за секого.
Пошто, нормално е дека сите вие кои постиравте и се изјаснивте, не поседувате идентичен концепт на размислување и пред се немате идентична престава, односно, онаа која ја имам јас.
Секој ја доживува на сопствен начин.
Ама, како шо веќе кажав, олд скул, хардкор биртиите, лоцирани во некој запуштен кварт кои редовно се посетени од луѓе кои веќе ги наведов во групите кои ги класифицирав од мое лично гледиште, се нешто кое едноставно не можам да го поднесам.
Имам право да се изјаснам како и секој од вас :)
 
Не знам зошто ам се осеќам за повикан да одговорам на темава. Значи кафаната и кафанството ќе ги разглобам од три аспекти.

1. Историјат на кафанството

Кафанството како идеа а не како институција постоело уште при првите забележливи групирања на човештвото. Научниците откривале дека во пештерите имало посебно место каде што мажите се збирале како еден вид наопштествено групирање. Подоцна во старите центри на цивилизацијата пред се во Античка Македонија, Стара Грција и Римската Империја имало специјални места за аристократијата каде што се уживало виното, танчерките, традиционалните инструменти. Сократ, Александар Македонски и скоро сите императори биле кафанџии а се фрлале големи пари на музичари и танчерки од далечниот ориент. Уште тогаш можеме да ги осетиме корените и сплотувањето на кафаната како институција и фолкот како музика, врска која трае до ден денес. За време на темното средновековие безмалку се било осакатено од ловот на вештерки и владеењето на теророт, преселбата на народите каде што варварските племиња ја рушеле изградената цивилизација. Во секој случај секое племе, секој народ си имало свое кафана како збирно место после битките каде што масивно се конзумирало вино се фаќале меанџиките за задник и честопати имало масивни а сепак пријателски меѓусебни тепачки.
Вистински процут кафаната доживува за време на хуманизмот и ренесансата, каде што човекот се свртел кон самиот човек луѓето почнале да тераат повеќе клабинг а маалски јебовци како Казанова направиле своевидна мини-сексуална револуција. И денес Флоријан кафе на плоштадот Свети Марко сведочи за кафанството во Венеција од тој период. За тој период на Балканот Османллите кои држеле поголем дел од територијата масовно влечеле од Блискиот Исток про-арапска култура и инструменти претежно ќеманиња, тарабуки, зурли за да можат турските големци да се забавуваат кога не колеле, собирале данок или сексале 15 жени истовремено. Крчми, анови, меани, конаци биле присутни на секој чекор. Имено, нема да најдете ниедна Македонска Народна приказна а да нема две работи: Ѓорѓи Колозов и меана. Крајот на 18 и 19 век биле бурни за Европа. Писателите од реализмот како Балзак и Достоевски опширно имаат пишувано како кафаната имала огромен удел во секојдневниот живот на човештвото каде што се спремале сите револуции, се договарале атентати, се прераскажувале љубовните маки... Француската револуција и сите состаноци на третиот сталеж биле договарани во кафани. Токму во овој период фактички и обичните смртници вкусиле кафана. Ако до тогаш постоеле само објекти каде што аристократијата се забавувала со добивањето на моќ за тргување и ситните селани и граѓани почнале да отвараат локални биртиичиња коишто биле каде-каде поселски нечисти и запуштени од аристократските. Таа поделба на отмени кафани и биртии се гледа и денес. Кафаната веќе била зацврстена на Балканот, Иво Андриќ убаво го тоа има напишано во Мостот на Дрина каде што кафаната имала круцијален удел во животот. Кон крајот на 19 век почнало да се појавува и боемството каде што кафаната се сфаќала како нешто повеќе од социјализација туку и како начин на живот. Првата половина на 20 век е карактеристична за Балканот по две Светски војни и неколку меѓубалкански. Бугари окупирале, Срби ослободувале, Грци конвертирале, Немци бомбардирале но сепак кафаната си останала. Меѓу најубавите традиционални Македноски песни како Не си го продавај Кољо чифлигот, Налеј меанџике налеј, Мајка на Марика думаше, се токуму од тој крај на 19 и прва половина на 20 век каде што се гледа големиот удел на кафаната.
Унаказување на традиционалните кафански вредности настанува со доаѓањето на комунизмот и Тито на власт. Тој умешно ја согледал важноста на кафаната и ја искористил како инструмент во својата тактика на перње мозок преку методот дај му на народот леб и игри. Почнуваат да се појавуваат извештачени кафани, полни со шунд музика и однесување како и феномени од типот на Лепа Брена, Драгана Миркович, Шабан Шаулич за сметка на традиционалните и староградски Лепа Лукич Докич, Силвана Арменулич, Тозовац, Тома Здравкович.
После Тома кафанството и дефинитивно престанува да биде тоа што било. Настануваат некои нови жанрови. Пример кога металот бил атрактивен имало фолк со рок гитари, па после има техно фолк па рап фолк то ест фолкот секогаш се прилагодувал на тековните трендови, да денес стане виско платежен шоу бизнис со голема моќ и различни подправци. Кафаната се менувала следствено на тоа и уште се менува ама ќе остане да живее како концепт. Содржината останува константа а формата варијабла.


End of part one.

Мала пауза се враќаме по рекламите. Режија џингл.
 
Незнам ама која е поделбава на луѓево :toe: ако не беше ова ќе бевме во пабови и ќе лупавме кригли на кантри музика :tapp: кафана и се пропратно што иде со тоа е нешто најдобро на овие простори...ние сме народ само за весеље бре :vozbud:мене ми е топ и не се карактеризирам во луѓе што одат само таму...дури и дебилно ми е да избирам на пр слушам метал и само на метал ќе идам...така да жолта тиквешка,мала шопска и нафора и насмеј се на новиот ден :vozbud:
 
Unholy, ти дали воопшто некогаш си влегол во кафана?

Ако не сум влегол и ако сум немал можност преку лично согледување да изградам престава и став за нив, ќе сум отворал тема во која ќе се изјаснувам ?


дури и дебилно ми е да избирам на пр слушам метал и само на метал ќе идам...

Очигледно, не го прочита мојот пост погоре, па изгради погрешна поента на темата.
Нема никаква поврзаност со мојата метал наклонетост, убаво објаснив од која причина ја отворам темата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom