Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки дајте нешто предлог за меден месец во септември.
Се мислиме за Мајорка, читам Ел Аренал да го одбегнам, другиве места се малку поскапички. Е сега некој предлог од вас, некоја агенција и сл.
Или некоја друга локација, романтична и интересна, а да не е нешто премногу скапо.
Многу ќе ви бидам благодарен.
 
смешки

јас ќе одам во Хрватска Макарска
 
Како е во Грција од 5ти септември па до крај на септември за одмор? И дали знаете од прилика како се движат цените за 7 дена, ластминут или вонсезонски цени?
 
Како е во Грција од 5ти септември па до крај на септември за одмор? И дали знаете од прилика како се движат цените за 7 дена, ластминут или вонсезонски цени?
Мирно, убаво, тивко, поефтин смештај дупло од сезона, чисто море, без гужви...ти и морето :D
 
Мирно, убаво, тивко, поефтин смештај дупло од сезона, чисто море, без гужви...ти и морето :D
Не идам сам бе :icon_mrgr:

Рано е уште, од 1ви ќе гледам понуди со ластминут... Фала леа :)
 
Не идам сам бе :icon_mrgr:

Рано е уште, од 1ви ќе гледам понуди со ластминут... Фала леа :)

Ма и со кој и да идеш остануе опција ти и морето :D

По 20е ќе најдеш смештај со гаранција. Иди си хотелски најпаметно ти е, понудите сигурно ќе бидат приступачни за Септември. Нема да се замараш со ништо, а Грците се познати по добра и обилна хотелска храна.

Убав помин, користи кондом :D
 
Се разбираме :D

Пошто не сум бил Грција, а има мал милион места од тоа што можам да видам, ај препорачајте помирни и поевтини места па да поминам низ темите да разгледам и низ интернет, зашто вака само ќе лутам...
 
Полихроно, Пефкохори (прв крак), Сарти на втор крак.
 
Дали некој бил во Белгија или Швајцарија, мислам на туристички онака?
Сакам во почетокот на октомври да идам некаде пошто летово немам одмор, а овие држави не сум ги посетил сеуште. Прво се думав за југот на Франција, ама таму веќе сум бил, па сакам нешто ново да видам и прошетам.
Слушнав некаде дека Белгија имала убави градови, Бриж конкретно... За Швајцарија пак, градовите и не се нешто импресивни на сметка на руралните делови.
Информации од прва рака некој???
 
И оваа година на прекрасниот Закинтос <3 Тие убавини вреди да се повторат:pipi:
 
Сарти, Нео Мармарас, Калитеа или Кавала... ве молам за помош кое од овие места е најдобро за одмор во септември, да има убави плажи и навечер да се прошета (кафичи, шеталиште, диско баш и не мора), значи да не е некое забутано и ептен фамилијарно место за одмор :)
 
Некој во БАрселона да бил на сопствена режија, да предложи апартман или нешто?
 
Booking.com најсигурно ти е, ем препораки од други посетители, ем ќе си одредиш според цена, се`.

Знам за букинг, ама мислев некој од форумов да не бил па да сподели искуство.
 
Шо знам за мене секогаш најдобар одмор било кога ќе можам да поспијам убаво да се одморам и рекреирам не дека Грција нема такви места ама некако ми е шубе за спиење таму плажа и ноќен живот се едно исто ,да не ме сфатите погрешно прво треба да знаеш шо те чека па така и да си го организираш одморот никако да дојде до замор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom