Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
еден другар сака да оди 29-30 јуни во Калитеа, може некој да каже дали може да се најде сместување на лице место? какви се последните цени знае некој?
 
Инаку ако му е на некој од помош да споделам за некои места од Грчка, подетално прашајте ме во порака.

Ханиоти - убаво гратче, има туристи од 7 до 77. За шетање има доста улички со дуќанчиња, има неколку убави кафичи, солиден ноќен живот.
Полихроно - дефинитивно НЕ е за млади. Повеќе е за фамилијарни луѓе, со шеталиште, дуќанчиња, има 2-3 кафичи, но ништо посебно. Плажата е одлична. Ако сте за одмарање на мозокот, тоа е совршено место за вас.
Аспровалта - одлично гратче, има доста улици за шетање, ресторани, кафичи, има еден одличен што излегува на плажата. Таму се прават одлични дневни журки. Сепак има голема разлика од морето таму и она на краците (побистро е на Халкидики). За жал, не знам зошто, но преку неделата е некако пусто, нема многу млади, повеќе доаѓаат петок, сабота, недела. Изгледа дека им е блиску до Солун и си одат викендашки.
Неа Врасна - само километар оддалечена од Аспровалта. Една улица за шетање со дуќани, два кафичи, од кои еден е секогаш празен, другиот е супер. Плажата е полоша од онаа во Аспровалта.
 
Ханиоти дефинитиовно не со друштво или со пар, местото е за пенизионери и фамилии со деца, до 11.30 ноќта се е празно и пусто во селото, иначе селодни лажи, Ханиоти не знам, бев еден ден на посета додеа бев сместен во Полихроно, не ми изгледаше поразлично, општо земено тие малите местенца на првиот крак се пофамилијарни летувалишта.
 
Дечки, бил некој преку Рапсоди травел и колегиум на одмор? Имаат одлични понуди, ама знам само дека ги фалат за апсолвентски. Ај ако бил некој нека сподели искуство.
 
Каде е подобро: Кефалонија- Скала или Лефкада-агиос никитас? И зошто?:)
 
Ај некој нека ми каже кога резервирате на букинг одма ли плаќате и со какви картички се плаќа? И може ли само да се резервира а да се плати таму директно? И некои други слични страни на оваа а проверени ако знаете пишете.
 
Ај некој нека ми каже кога резервирате на букинг одма ли плаќате и со какви картички се плаќа? И може ли само да се резервира а да се плати таму директно? И некои други слични страни на оваа а проверени ако знаете пишете.

Na buking samo si rezerviras, posle 30 min ke ti se javat od hotelot, za da im ja potvrdis rezervacijata ke si platis koga ke stignes tamu, Vo odnos na kartickite za plakanje, pri rezervacijata tamu ti stoi so koi karticki moze da se plati, Licno si plakam so Viza:pipi:
 
отворете нет и прочепкајте за Грузија- ќе бидете просто- напросто изненадени
со што ќе и’ турите пепел одма на гејлада и правец грузија
 
Да не знае некој како се движат цените во Кавос за рент а кар ??? Со повеќе луѓе што правев муабет ми кажаа дека без кола не се иде на Крф....
 
Гледам има од Игуана за 3то лице (или 4то) плаќат само 80 евра превоз колку е точно ова ?
по точно за онаа понудата за закинтос што е
 
Сакам да прашам дали на кавос може да се помине мирен одмор со прошетки, со женска, дали има добри плажи и какво е воопшто местото, ако ги изоставеме затворениците :)
 
Сакам да прашам дали на кавос може да се помине мирен одмор со прошетки, со женска, дали има добри плажи и какво е воопшто местото, ако ги изоставеме затворениците :)
Па другар бев таму пред едно 4 години и реално местото не е за со девојка. Пијани и дрогирани, голи на секој чекор, кога поминуваш поред кафич, клуб те влечат за рака те убедуваат да влезеш. Плажите и не се баш нај нај, нечисти се, морето одиш 2 км за водата да ти биде до стомак, луѓето повеќе по базените се бањаат. Храната не е баш ефтина ако одиш подобро од дома носи си. Ако одиш преку агенција очекувај дека сместувањето ќе биде скроз различно од сликите, јас се разочарав. Ефтино е да изнајмиш скутерче некое( за 35 евра го возев 3 дена) или кола можеш за да прошеташ повеќе плажи. Сума сумарум не би отишол повторно, едноставно не ми се допадна баш :) Во кавос тешко дека ќе помимеш мирен одмор, подобро оди во Агиос Георгиос таму е доста помирно а и поубаво.Да не те предомислувам ти си знаеш, јас само кажувам мој впечаток. Ако те интересира нешто друго прашај :)

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
 
зашто нема да си свесен у кој момент, од која страна и кој се' не ќе се дрзне да ја зграба девојка ти за газ ...и други такви „ситници“ :)


Кажи им дека само на Штипјанките им се дешава тоа :) Нека не се плашат :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom