Каде на факултет и како одлучивте што ќе студирате?

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Првичен избор ми беше режија.
Ради пропуст со конкурси и вишок кадри :uvo: отпадна за момент и се стаи на листа за чекање за неколку години...на ред дојде и најголемата моја љубов која одамна требаше да застане пред режијата.Најубавата можна основа,природата наша секако е доволен предизвик...а здравје и еден ден ќе послужи и ќе се стави во служба на дајректорството.
И уште ми е чудно зашто сите не одат на психологија. :tapp: :pipi:
 
Долго време сакав да студирам општа и компаративна книжевност. Но, некаде во 2. година средно, почнав да се интересирам за ФЕИТ и за Машински. За ФЕИТ се решив околу полугодие на 4. година, кога веќе мораше да ги бираме предметите за матура. И така, сега сум си бруцош на ФЕИТ... и засега фино е, па ќе видиме за натаму.
 
Кога бирав што да студирам прво сакав да идам на технолошки имаше еден интересен смре(сега не ми ни текнува кој е:kesa:), ама не однесоа во Александар палас на презентација на факултети и кај мене во рака заврши флаерче од ПМФ институт за хемија. Проучив убаво имаше еден многу интересен смер и многу поубав ми се гледаше од тој на технолошки и еве ме сеа стасав апсолвент на аналитичка биохемија. И пак да треба да бирам пак тука би зе запишала, се пронаоѓам себеси иако треба многу посветување на учење и откажување од многу работи.
 
Кога бев осмо одделение си седев еднаш така на компјутер и ... стиснав „О“ на тастатура и Одлучив :pos2:
 
Јас уште од мал бев многу добар за математика. Не дека ми беше до матаматиката туку, ми се чини, повеќе сакав да решавам проблеми со логика. Така и одев на натпревари по математика во прва и во втора. Е тука, оп, пресврт. Одеднаш решавам дека математикава ми е здосадена и се интересирам за физика. И тука пак не ради физиката туку за да си одговорам на некои прашања што ме интересираа за универзумот. Астрономија, астрофизика, космологија, такви работи. Во четврта пак, многу ме привлекоа општествените науки. Почна со историја, па премина на политика. И ќе се запишев на политички, да не наидев на отпор од дома и скоро од сите што ги знаев. Така, правото ми се чинеше како добар компромис. Се запишав право. Прв семестар оценкиве сами каживаат што ме интересира Историја на право-9, економика-8, социологија на право-7, вовед-6 (и тоа на граница). Втор семестар почнаа (по)стручни предмети. Све шески начукав и два предмети паднав. Готово, скорз изгубив воља за учење. Решен бев да се отпишам и да одам на политички. Некако успеаа од дома да ме убедат да не направам таква глупост. И еве сега трет семестар ми е супер. Баш се внесов во проблематиката и ми е многу интересно. А ми викаше мајка ми дека така ќе биде.
А не спомнав дека сакав и филозофија да учам. Можда ќе ми одговараше баш. И гледај како одело све тоа. Прво логика, па метафизика, па етика и политчка филозофија. Очигледно е дека тоа е тоа што ме занима.
 
јас уште у основно си знаев дека сакам новинарство, па затоа си отдиов у гимназија, а со тоа си стекнав знаење по повеќе предмети.....сеа ми супер, се си имам положено, лесно ми е и убаво!од дома си иам поддршка и така!битни е да се учи она што се сака!
 
јас уште у основно си знаев дека сакам новинарство, па затоа си отдиов у гимназија, а со тоа си стекнав знаење по повеќе предмети.....сеа ми супер, се си имам положено, лесно ми е и убаво!од дома си иам поддршка и така!битни е да се учи она што се сака!

А каде студираш и ако можеш да ми кажеш повеќе детали во врска со факсот,шо како,шо предмети се учат во прва и сл?
 
Интересно во средно ми беше и правото а и економијата. Се мислев малку дали на правен или на економски факултет да одам и се решив за правото. Има моменти кога се каам зашто немам никој близок кој е правник кој би ме подучил дека откако ќе дипломираш треба 2 години да стажираш за ич пари, па да полагаш правосуден итн за да имаш добра работа, што не е случај со економистите, ама за жал немало кој да ме подучи. Сепак зашто ја сакам и економијата моментално сум на мастер студии по деловно право и ги изучувам економските науки, па на некој начин имам познавања од 2 области.
Иако првичната желба која ја носев уште од основно е модниот дизајн, но за тоа треба студирање на некој универзитет во светските модни центри. А ако немаш пари да те бутнат твоите, да ти отворат студио, да нарачуваш материјали од странство ... тогаш ќе бидеш маалски шивач за матури и свадби. И се откажав од таа идеа :)
 
Јас отсекогаш сакав да сум водар, семкар или продавач на хог дог на Сан Сиро но бидејки немам во фамилија никој росоњер што се познава со раководството да ме бутне во Милано сепак се откажав и останав само пред Градски
Cheerleader_by_CookiemagiK.gif
 
Како го одбрав правото? Лесно. Иако повеќето беа водени од лукративни цели (адвокат/нотар=многу пари), јас бев натеран од друга причина, од причина што сакам да има ред и правото да се почитува, од љубов кон општествените науки, од желба за разбирање на општеството, од желба нешто да се промени. Секако, 90% од ова е скоро неможно, затоа што правото во Македонија е затруено до немајкаде, и забележав дека има доста „правнички“ фамилии, односно луѓе чии родители се правници по струка, и се инкорпорирани во системот, од референти, до судии и професори. Шо фајде ако можам да го седнам на Бучко синчето и да му објаснувам на долго и на широко, кога јас ќе се шуткам по бироата за вработување, а тоа може и асистент ќе стане!?
 
Јас уште како мал без запален за полициска академија ама ете нема оцени нема школо после некаде почетокот на 4та сакав криминалистика ама сељачаната решија да го укинат смеро(а пари за на фон се нема) и така јас си остана и си мислам после тоа на 2ро место секогаш ме интересираа и се мотам пустам нешо по компјутери и отидов и моментално сум на графика и дизајн и не е лошо ама рано е да збореме...
 
За мојов факултет се вика обично дека од мал го сакаш и знаеш дека ќе го студираш, можеби ова беше и мојот случај. Студирам ветерина. Едноставно отсекогаш животните ме интересираа, секогаш гледав Animal Planet. Посебно рептили ме привлекоа со Steve Irwin и еве сега гледам тој пат да го фаќам со рептили да работам. Факултетот е дефинитивно тежок и мораш да го сакаш за да издржиш. Засега е ок, во февруари имам испити, па ќе видиме како ќе биде.. има време:smir:
 
Јас уште како мал без запален за полициска академија ама ете нема оцени нема школо после некаде почетокот на 4та сакав криминалистика ама сељачаната решија да го укинат смеро(а пари за на фон се нема) и така јас си остана и си мислам после тоа на 2ро место секогаш ме интересираа и се мотам пустам нешо по компјутери и отидов и моментално сум на графика и дизајн и не е лошо ама рано е да збореме...
на кој факултет е ова графика и дизајн???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom