пред 30 - 35 години,
во Титово време се славеше, 1 Мај па и 2 а богами и 3 и 4 почесто.
еве и зошто
ако се паднеше во вторник и среда, комунистите го спојуваа и понеделник, па така не се работеше цели пет денови.
ако се паднеше во среда и четврток, комунистите го спојуваа и
петок, па така не се работеше пак цели пет денови.
но тогаш ако е така, кој работеа
НИЕ,работниците (со срп и чекан на чело) читај „крст“
НИЕ робовите на забревтаните фабрички машини
НИЕ угнетените,експлоатираните,страдалниците
Ако е 1 Мај ден на трудот,ден кога се празнува,
ден кога не се работи, тогаш зошто работниците да работат,
јас како млад работник, во една голема фабрика ова го увидов и
сватив како неправда према нас работниците и реагирав вака;
на една голема табла напишав;
- Да живее 1 МАЈ ден на работниците
- Да живее 2МАЈ ден на излетниците
- Да живее 3 МАЈ ден на службениците
незнам кој (ама кодоши никогаш недостасувало во оваа држава)
јавил брзо во полиција, а тие уште побрзо дојдоа со цела нивна
техника да снимаат ова што беше напишано и нацртано ( Тито )
важно тие околу мене што знаева не ме поткажаа - предадоа .
потоа можеби разбраа но не ме закачаваа, бидеиќи знаева да
во исто време слични такви текстови и карикатури испраќав и
ислегуваа во „ Остен “ па мислеле можеби нешто „имам право“
(а стариот беше жив)и продолжив со такви работи до денес.