Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој дали сеуште има слободни места низ автокамповите во Охрид за монтирање на камп приколка? И воедно, колку кошта годишната лежарина? Било каква информација, телефонски број, веб сајт и слично би ми било од огромна корист!
 
Шипки во стовариште за градежни материјали. Е сеа за такви работи знам дека има во Маџари кај рампата на Кванташки.
Енивејз, провери и по пазариве, Бит Пазар делот за железарија.

И пак да си прашам:
Jamaica_flags.gif

Едно вакво ама за да си го сошијам на ракавот на кошулата.
 
Шипки во стовариште за градежни материјали. Е сеа за такви работи знам дека има во Маџари кај рампата на Кванташки.
Енивејз, провери и по пазариве, Бит Пазар делот за железарија.
Погрешно се разбравме :) не мислев за материјали за монтажа, туку дали сеуште постојат автокампови кои имаат слободни места за да си откупам место за да поставам камп ... затоа што во некои автокампови каде што се јавив, ми рекоа дека наводно сите места во автокамповите биле пополнети и повеќе немало место за нови кампери.
 
Младичу, не постираш прв на темава. Им одговорив на оние што побарале нешто пред тебе. Трепние-спасение, се надевам дека ќе се најде некој/а што ќе одговори и на твоето прашање.
 
Младичу, не постираш прв на темава. Им одговорив на оние што побарале нешто пред тебе. Трепние-спасение, се надевам дека ќе се најде некој/а што ќе одговори и на твоето прашање.
Извини, немаше квотација па помислив дека постот е наменет за мене :)
 
каде во македонија можам да најдам вакви
928459-p-MULTIVIEW.jpg
ИЛИ
4350941.jpg
??
 
И пак да си прашам:
Jamaica_flags.gif

Едно вакво ама за да си го сошијам на ракавот на кошулата.

Тончи, види кај што се продаваат знамиња можеби има Јамајка знаме мало, или за во кола ко привезок да кажеме. Ќе го извадиш конецот и ете ти го малото знаменце за на кошула. :)

Е сеа за знамиња освен она малоно во ГТЦ на крај не ми текнува, а и не верувам дека би имале од Јамајка знаме.
 
каде во македонија можам да најдам вакви
928459-p-MULTIVIEW.jpg
ИЛИ
4350941.jpg
??

Можно е да има у converse продавницата шо е на рекорд.. исто можно е да има и у таа шо е у Гтц карши продавнициве на Вип и Т-мобајл. :wink:
 
http://www.letsgomobile.org/images/reviews/0096/creative-zen-x-fi-earphones.jpg
А вакви слушалки каде да најдам и за колку најефтино ги има? Има во еми медија на пример, ама 500 денари се, што е многу многу е..
брат ај размисли малку... креатив слушалки не се за заебанција а за 500 денара ја ичп не би му ја мислел.. вакви слични слушалици за сониериксон ја ги земав 1200!!!
 
брат ај размисли малку... креатив слушалки не се за заебанција а за 500 денара ја ичп не би му ја мислел.. вакви слични слушалици за сониериксон ја ги земав 1200!!!
Земав вакви баш од еми медија (не дека има врска ова), пред 4 месеци и ...рест ин пис, се скинаа кај делот што се приклучува во мп3-то. И сега пак 500 денари? Па срце ме боли. Затоа прашувам дали има поефтини негде да се најдат.
пс. мислев таков да е изгледот на слушалките, не ни знам кои се марки ги има, ти што викаш креатив..
 
Види по Техно маркет,Нептун и слични продавници за техничка стока.Е сега зависи дали бараш евтини (а ко шо гледам 500 ден ти биле скапи) или бараш квалитетни :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom