Каде лежи причината за нашиот неуспех?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
ама дали ќе дочекаме нешто такво.
Произвоство да биде поплатено од администрација.Да се вреднува трудот.
Зошто градежен или индустриски работник да зема 1/2 од некој на шалтер или портир.

Ќе дочекаме. Моментално во МКД нема менаџери кој се способни да изнајдат пазар надвор. Дијаспората не ја користиме правилно - тоест нивните контакти. Кога ќе се реши тоа потребна е правилна механизација на погоните и адекватни кадровски решенија. Кога ќе се сетам дека во времето на бившата држава во фирмата во која работеше мајка ми имаше неколку кафекувари, факсерки, кореспондентки.... Па тоа е лудо бе. Нема логика. Трошок на градење во МКД ти е 80% материјал - 20% работна рака. Во АУС е 90% работна рака - 10% материјал. Треба да има некој и да плати адекватно, значи народот да живне ама кога тогаш ќе дојде и тоа...
--- надополнето: 12 август 2013 во 09:04 ---
I bas za tie mocani 9000 denari imame nad 10 000 mladi lica koi begaat odovde - podobro na truliot zapad otkolku doma kade se se deevoluira. Stanuvame ko Kina po eftina rabotna sila i Afrika po zivoten standard.

Кој може нека оди, и тоа помага. Една уста помалку за хранење, помалку конкуренција плус и прилив на некоја девиза. Сите треба да се стремиме да успееме, независно каде
 
Picture 510.jpg една слика, не заслужува зборови
ама тогај,работеше и Порцеланка и Стаклара и скоро ние сите работевме,
и не се буричкаше по „бункерите“- зборам за во мојот град,секоја зграда имаше „бункер“
Во секој стан во шпајзот,кујната но најчесто на терасата имаше вратиче-отвор кон еден олук кој водеше од најгорниот спрат па до доле и право во тој „бункер“.Е таму во тоа вратиче се врлаше сиот отпад од домаќинството. Не видов тие години некои да буричка во „бункерите“ - освен работниците од комуналното со нивните лопати и камиони.
А сега во контејнерите кога врлам ѓубре не само што ќе изрипа некоја мачка од таму,туку се почесто и некое поцрнето дете кое бара таму храна или нешто друго.
 
Порано немаше кај нас Дневник 1 саат каде премиерот ручал кебапи, на министерот му се роди ќерка, на патот Слп - Чашка фрлени се дури две лопати и слични ретардирани муабети. Значи се знае вести што се: Се покачува намалува/парно, струја, бензин. Во посета на земјава е Барак Обама. Се потпиша договор за гасификација на земјата. Автопатот Велес- Скопје е затворен поради реконструкција.

Тоа се вести! Тоа треба да ни биде пренесено. Ме заболе мене Латас какви комплекси има и како ги лечи. Или кај бил премиерот или каде ќе оди. За политика си има контактни емисии надвор од Дневник па иди гледај крши глава и тупи до бескрај.

Мислам во цел нормален свет се такви Вестите, само кај нас се работи на углупување у затупавување на народот.

Не биди наивна секогаш било истото. Во бившата држава дневникот и телевизијата беа државни и си цепеа за тоа што им беше битно. Кај што немораа не ни спомнуваа имиња се си беше еднопартиско. Сега двете фирми само привидно го либеризираа тој бизнис во принцип ништо не се смени. Тоа не е ни страшно, секаде во светот е горе доле така, само види што се контролира Руперт Мрдок.

Страшно е она отупувањето на народот.Образованието има толку многу смени претрпено овие 20 години на да веќе никој неможе да прати што се дешава таму и за што се не се тестира. Овие 20 год во Австралија единствена голема промена во образованиете е што пред 15тина години се воведе наплаќање релативно мала сум пари за да студираш, пред тоа беше безплатно. Системот е ист, се нема сменето ништо, парите се користат да се надградуваат школите и универзитетите... Се е смислено, партиите систематски си работат, сакаш потупа нација уништи го образованието, немора да палат книги на плоштад, доволно е да ги тргнат - дај им телевизија нека гледаат турски серии, шампиони сме во тој спорт.
 
Во меѓувреме во Норвешка:
http://kajgana.com/vo-megjuvreme-vo-norveshka-premierot-gi-vozi-gragjanite-vo-taksi-video

Знаете нели колку сме далеку од ова :)

Искрено ајде гестот е за поздравување, ама што има врска тоа со било што. Што сака да покажи човекот. Дека ги знае улиците на градот, дека не му е срам да вози такси, дека пред да стане премиер бил таксист, дека нема работа како премиер па ајде да се позанимава нешто или се ближат избори ( овде само нагаѓам ) па ајде малце предизброна кампања како премиерот е обичен човек или ако не биди повеќе премиер барем да има муштерии како такси возач.
И интересно е ако некој знае што бил тој пред да стане премиер. Ете мене искрено ме интересира. Како стигнал до премиерска функција. Дали наеднаш од таксист станал премиер или е главен во некое фирмиште, бил на висока позиција во партијата која го номинирала. Чисто онака да се знае.
 
И интересно е ако некој знае што бил тој пред да стане премиер. Ете мене искрено ме интересира. Како стигнал до премиерска функција. Дали наеднаш од таксист станал премиер или е главен во некое фирмиште, бил на висока позивија во партијата која го номинирала. Чисто онака да се знае.

Незнам како стигнал до премиерска, знам нашите како стигаат до премиер или до министер. Завршен факултет + нула денови работно искуство- целодневно дремење у штаб и состаноци - министер или премиер.

Нема што он да кажува стандардот у Норвешка кажува зошто он седнал во такси кола и ги вози граѓаните. Што има да се објаснува друго.
 
Искрено ајде гестот е за поздравување, ама што има врска тоа со било што. Што сака да покажи човекот. Дека ги знае улиците на градот, дека не му е срам да вози такси, дека пред да стане премиер бил таксист, дека нема работа како премиер па ајде да се позанимава нешто или се ближат избори ( овде само нагаѓам ) па ајде малце предизброна кампања како премиерот е обичен човек или ако не биди повеќе премиер барем да има муштерии како такси возач.
И интересно е ако некој знае што бил тој пред да стане премиер. Ете мене искрено ме интересира. Како стигнал до премиерска функција. Дали наеднаш од таксист станал премиер или е главен во некое фирмиште, бил на висока позиција во партијата која го номинирала. Чисто онака да се знае.

http://en.m.wikipedia.org/wiki/Jens_Stoltenberg
 
"Jens Stoltenberg was born 16 March 1959 in Oslo into the prominent Stoltenberg family. His father, Thorvald Stoltenberg (1931–) was a prominent Labour party politician and former Ambassador, Defense minister as well as Minister of foreign affairs. His mother, Karin Stoltenberg (née Heiberg) (1931–2012) was a geneticist and former State Secretary in multiple governments during the 1980s. The late Marianne Heiberg, married to former Foreign Minister Johan Jørgen Holst, was his aunt on his mother's side. Stoltenberg lived in Serbia from 1960 to 1963 while his father was ambassador to Yugoslavia."

Ух, не возел баш такси пред да стане премиер.

Чек малце, зошто дискутираме за Норвешка? Тие си се во рајот, оставете ги на раат.
 
Незнам како стигнал до премиерска, знам нашите како стигаат до премиер или до министер. Завршен факултет + нула денови работно искуство- целодневно дремење у штаб и состаноци - министер или премиер.

Нема што он да кажува стандардот у Норвешка кажува зошто он седнал во такси кола и ги вози граѓаните. Што има да се објаснува друго.

За првото си сосема во право и ти држи вода муабетот но за жал тоа не е само во политиката туку генерално тука. Ама за тоа на друга тема.
А стандардот на Норвешка е поприлично добар многу долго пред овој да стани премиер, така да искрено каква врска има неговото возење такси со било што во Норвешка. Јас би рекол само ефтин популизам и ништо повеќе.
Баш сега ја читав биографијата и види интересно.
Таткому цел живот дипломат и поврзан во политиката, овој исто така. Сакам да речам допирни точки со таксист имал само кога поминувал покрај некое такси. Така да искрено сум збунет што ти беше поенатата на постот и како тоа може нас да ни помогне.
 
Прашање - Како може Норвешка да ни помогне нам?
Одговор - Да ни даде малце од тоа нафтата за да ја препродаваме и да исплатиме долговите. :vozbud:
 
За првото си сосема во право и ти држи вода муабетот но за жал тоа не е само во политиката туку генерално тука. Ама за тоа на друга тема.
А стандардот на Норвешка е поприлично добар многу долго пред овој да стани премиер, така да искрено каква врска има неговото возење такси со било што во Норвешка. Јас би рекол само ефтин популизам и ништо повеќе.
Баш сега ја читав биографијата и види интересно.
Таткому цел живот дипломат и поврзан во политиката, овој исто така. Сакам да речам допирни точки со таксист имал само кога поминувал покрај некое такси. Така да искрено сум збунет што ти беше поенатата на постот и како тоа може нас да ни помогне.

Поентата е со што се занимаваат развиените држави, немал друга работа па си праел муабет со граѓани или во Канада си зборат за НЛО и се заебаваат. Се им е решено, уште ова им останало да се забавуваат. Сега ми ја сфаќаш ли е поентата?
 
"Jens Stoltenberg was born 16 March 1959 in Oslo into the prominent Stoltenberg family. His father, Thorvald Stoltenberg (1931–) was a prominent Labour party politician and former Ambassador, Defense minister as well as Minister of foreign affairs. His mother, Karin Stoltenberg (née Heiberg) (1931–2012) was a geneticist and former State Secretary in multiple governments during the 1980s. The late Marianne Heiberg, married to former Foreign Minister Johan Jørgen Holst, was his aunt on his mother's side. Stoltenberg lived in Serbia from 1960 to 1963 while his father was ambassador to Yugoslavia."

Ух, не возел баш такси пред да стане премиер.

Чек малце, зошто дискутираме за Норвешка? Тие си се во рајот, оставете ги на раат.

Во ред е да се дискутира за секоја земја која е поразвиена и има подобар стандард од нашиот( тоа се поприлично голем број на држави), сепак се стремиме кон подобро нели и ја бараме вината за нашиот неуспех. Можеби и ке научиме нешто од поуспешните од нас, ама искрено не гледам никаква поврзаност со возењето на такси на норвешкиот премиер со нивната благосостојба. Барем претходно да бил таксист или така нешто па ајде, ама човекот цел живот потешко од актташната нема кренато.
Добар пример би било да се речи како Норвешка експресно си ги повлече војниците кои направија сообраќајка во кој настрада нашиот министер и поминана најблаго речено неказнето. Е тој пример вреди да се спомене како се чува и се брани своето па макар и криво. Од тој пример можеме многу да научиме како се брани и сака државата. Овој ми доаѓа како нашето фрлање лопати за нов чикмак со должина од 30 метри.
--- надополнето: 12 август 2013 во 12:25 ---
Поентата е со што се занимаваат развиените држави, немал друга работа па си праел муабет со граѓани или во Канада си зборат за НЛО и се заебаваат. Се им е решено, уште ова им останало да се забавуваат. Сега ми ја сфаќаш ли е поентата?

Добро ете сфативме Норвешка и Канада се средени земји и дека еден ден кога ние се средиме ( ако се средиме) ке ги гледаме нашите премиери како возат такси и се заебаваат во парламентот пошто ке немаат попаметна работа.
Ама да дадеше некој пример од пред да се средат и како се средија, нешто од што би имале реална корист и можеме да извлечеме некоја ука. Вака сосем излишно.
 
Ајде од друга перспектива работите да ги разгледаме. Храна, вода, струја имаат скоро сите. Сите надвор кога ќе излезат се добро облечени, кафаните се полни, гледам сега и се возат коли, и тоа премногу коли, продавниците полни со секаква роба, за сечиј вкус и џеб. А полни и со купувачи се. Иако сите плачат и се жалат пак сите барем подработуваат по нешто. Куќа или стан има секое семејство нешто што на запад го сонуваат (да да на запад свој дом нема секое семејство). А имаат и нива во едното село, нива во другото село, па на нивата почнале да градат нешто. Освен тоа на секој ќош се гради. Каде и да влезам на гости секаде барем дневната соба е топ средена. Кој стигна отиде до грција на одмор. Сите можат да си дозволат да се запишат на факултет (нешто што е на запад незамисливо), и што е најинтересно луѓе со ептем мали плати гледам ги праќаат децата по приватни школи плаќаат огромни суми. Значи и не сме толку за никаде само во генот ни е да плачиме и да се жалиме.
 
Старите наши пошо нели ја сакаат и ја бранат нашата држава, 20+ години чекаат да им раздени и да видат подобар живот.

Место тоа, добиле стапови по грбот, мизерни плати и услови за напредок, зголемени давачки (или нови, сеедно - сите 20+ години по ред)...и место да се богатиме, ние колективно осиромашуваме.

И немој сега да почнете како тоа не си ја сакаме државава кога истата таа за 90%+ е маќеа, а само за некои мајка. Не, не велам дека ја мразам државава. Единствено нешто што велам е не, не можам тука да си го исполнам она што го сакам, колку и тоа мало или големо изгледа. А, на многумина, обичната корка леб им е исполнување, размисли за тоа. Каде е причината за тоа? Во нас самите. Патриотизмот не ти го решава проблемот, тој само ти го влошува (имаш безброј примери за тоа).

Како тоа еден од нашиве ни тикви властодршци во овие 20+ години не станаа и кажаа од денеска сме ваква или таква држава, а не секои две години менуваме правец. Пример - Естонија во 1990-тите рече ќе бидеме online нација и евеј ги сега.

Ние, што сме?
--- надополнето: 12 август 2013 во 13:09 ---
Ајде од друга перспектива работите да ги разгледаме. Храна, вода, струја имаат скоро сите. Сите надвор кога ќе излезат се добро облечени, кафаните се полни, гледам сега и се возат коли, и тоа премногу коли, продавниците полни со секаква роба, за сечиј вкус и џеб. А полни и со купувачи се. Иако сите плачат и се жалат пак сите барем подработуваат по нешто. Куќа или стан има секое семејство нешто што на запад го сонуваат (да да на запад свој дом нема секое семејство). А имаат и нива во едното село, нива во другото село, па на нивата почнале да градат нешто. Освен тоа на секој ќош се гради. Каде и да влезам на гости секаде барем дневната соба е топ средена. Кој стигна отиде до грција на одмор. Сите можат да си дозволат да се запишат на факултет (нешто што е на запад незамисливо), и што е најинтересно луѓе со ептем мали плати гледам ги праќаат децата по приватни школи плаќаат огромни суми. Значи и не сме толку за никаде само во генот ни е да плачиме и да се жалиме.

Ви стигна известување од Вашата банка.

"Имате долг од 10000 евра на Вашата сметка, ќе Ве замолиме најбрзо што можете да си ја подмирите ратата. Ви благодариме."
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom