Каде лежи причината за нашиот неуспех?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
Немаме осет за единство и заедничка догма за која вреди да се залагаш. Индивидуализам на многу лоша нота има меѓу луѓето. Плус раснати сме и научени на социјалистички менталитет, а живееме во капиталистички Свет. Ни фалат работна навика и виткање кичма малце. Тоа е само од внатре т.е. од нашата страна - друго дваесет се западњачките мапет шоу игри. Такви ствари и некои други ситници го кочат пајтонот ..
 
Нема единство помеѓу нас, за пари и братот би го предале, а не па некој друг. Народот повеќе го интересираат партиските од националните интереси. Кога сме кај политиката, ние немаме избор, имаме 2 големи партии (коалиции) со срање политика, без способни луѓе. Мораме од две срања да го одбереме тоа што помалку смрди. Имаме опозиција која ја продаде државата и сега само јаде гомна за политиката на гомнариве на власт, а немаат никаква идеа за напредок, а ниту патриотско чувство. Без асална опозиција власта си игра курташак. Кај и да е ќе стават данок за дишење.

Втора работа се албанците, кои не прават ништо за државава освен што гледаат да си ја присвојат и да ја реализираат идеата голема албанија. Факт е дека Европа не не остава да правиме што сакаме, туку тие што сакаат. Е тука настапуваат тајните организации, кои не се дел од власта, но се борат за националните интереси. За жал изгледа немаме такви организации или страв им е да дејствуваат. :cautious:
 
Плачење дека Турците ни се криви за се е исто како Црнците што плачат во Америка дека Белците им се криви за се. Нема врска тоа.

Секој народ и култура пропаѓа кога колективизмот ќе го замениш со индивидуализмот и кога од мажот ќе направиш жена, а од жената ќе направиш маж. Тоа сега се случува во Македонија засилено последните 15 години само кај Македонците.

Еве за пример земи ги постарите генерации Македонци што отидоа во Европа, Америка и Австралија на печалба. Без разлика што колку и да ги плукаме ( што во комунизмот не учеле да ги плукаме, затоа што биле неподобни за системот) тие со својот колективизам и силни семејни врски успеаја да направат еден куп училишта, организации, цркви, друштва каде што ќе се негува македонското уште. Скоро сите се во бракови меѓу себе.Неможам да ја заборавам приказната за милијардерот Мајк Илич (Михаел Илиевски) којшто во 1957 година низ цел американски контитент ја барал својата Македонка да ја ожени и да му роди 9 деца.


Од друга страна што направија 2 и 3 генерација Македонци кога во нив преовлада индивидуализмот?

Кога правото на глас на жената станува посилно од правото на глас на мажот којшто е творител тогаш пропаѓа се.
Овој мислам дека нема ни стапнато во Македонија.
А и како што знам во Македонија нема ни една пицерија од неговиот бренд Little Caesars.
Инаку дефинитивно тој и жена му се најдобрите бизнисмени што имаат македонско потекло.
She met her future husband Mike Ilitch in 1954 when the two went on a blind date arranged by his father. A year later, they were married. They have seven children. The Ilitches founded Little Caesars Pizza in 1959 and have expanded their interests to include restaurants, entertainment, sports and gambling.
 
Епа ајде кажи кој друг да избереме? Ако има опција нели народот ја држи власта... Ако не гласаме за ДПМНЕ кој друг би дошол и би ја оправил државата... Истите лица ги прават истите глупости веќе подолго време... Нема некоја нова партија,со нови идеи, принципи што стварно на 1во место ќе ја стави државата а после своите интереси...

Не сваќам бе мајкому стара... Абе плата од 2.000 евра нели е доволна за врвот... Што мора да се краде, да се трошат парите на работи што не ни требаат... Све си изебало матер и патриоти и премиери и се... Некој рмба 24/7 да донесе 9.000 денари дома и на тие пари он плаќа данок, тој што зема 2.000 евра тој ќе најде начин да не плати данок и да земе уште повеќе...

Како после да работиш, да ја сакаш државата, да бидеш националиста и да ги остваруваш целите на народот кога ти дома за леб немаш да јадеш... А пари има во буџетот !
Јас не реков за кој да се гласа. Секој со својот избор. Реков дека сме зависни од партиите, а не треба така да биде. Кога сами со своја глава ќе размислуваме, без да бидеме партиски овци, работите можат да бидат поинакви од сега. Тоа што нема избор за кој да се гласа, па приморани сме да гласаме за помалото зло, пак е кривица на народот кој е овца. За тоа ни треба младина која ќе ја воспитуваме критички да размислува, па еден ден ќе имаме солиден избор за кого да го дадеме гласот за да не води. Не може бре некој кој цел живот трча по партиски штабови, лепи плакати и извршува наредби, критички да размислува и да биде дел од првите луѓе во државава кои не водат. За жал такви примери има многу.

А за крадењето да се надоврзам. Колку повеќе имаш, толку повеќе сакаш. Алчност е во прашање. Секогаш било, и ќе биде така. Посебно па кога на прости луѓе кога ќе му дадеш власт во раце.
 
Пренесувањето на лоши вредности на младите генерации, ги учат децата да бидат материјалисти, македонска кауза не постои помеѓу Македонскиот народ освен кај некој закоравени патриоти... а ние ги гледаме како луди.
Не сме ништо подобри или полоши како народ споредено со европските цивилизации, само што моментално не водат психопати и криминалци а опозицијата што треба да донесе промени и просперитет исто така е создадена од криминалци и психопати.
А тоа за децата што спомнав погоре... е баш поради тоа неможе да се создаде здрава генерација која би повлекла напред.
ПС: нашето чуство за најубав, најпаметен, најкурназ, имам пријатели ќе средиме...
 
Одговорот ќе да е во прашањето... Поделени, раскарани, завидливи. Самите сме си криви. Имало времиња кога навистина приликите не биле на наша страна, ама сега не е тоа време, така да и немаме баш изговори.
 
Неуспехот лежи во балканските војни... фатално за Македонија...
 
Менталитетот а и да се разбереме, македонскиот народ не е ендемичен, во нашиот род спаѓаат и сите други балканци, ако не сите повеќето. Нас времето не уништи, оти од тука започна светот ( не метафорички ). И како што вели филозофијата на Сократ или кој и да беше, "Се започнува на Олимп и се завршува на Олимп..."
--- надополнето: 12 август 2013 во 01:35 ---
Самите си сме криви. Точка.


Стара е таа и хипотетички глупа теза...
 
Одговорот е многу јасен. Немаме чуство за патриотизам, напротив тоа се смета како нешто зло, заостанато и непродуктивно. Некои можеби и ке се изнасмеат и одма ке поврзат патриотизам со моментална гарнитура на власт, но тука сте грешка.
Најдобар пластичен пример е вашиот дом. Дали вашиот дом го оставате несреден, нечуван, дали ако ви течи покрив нема да поправите, дали ако прегори сијалица нема да ја смените. Дали дома чкртате по ѕидовите, дали вашиот дом нема да го браните од арамии итн. Зошто??
 
Епа ајде кажи кој друг да избереме? Ако има опција нели народот ја држи власта... Ако не гласаме за ДПМНЕ кој друг би дошол и би ја оправил државата... Истите лица ги прават истите глупости веќе подолго време... Нема некоја нова партија,со нови идеи, принципи што стварно на 1во место ќе ја стави државата а после своите интереси...

Не сваќам бе мајкому стара... Абе плата од 2.000 евра нели е доволна за врвот... Што мора да се краде, да се трошат парите на работи што не ни требаат... Све си изебало матер и патриоти и премиери и се... Некој рмба 24/7 да донесе 9.000 денари дома и на тие пари он плаќа данок, тој што зема 2.000 евра тој ќе најде начин да не плати данок и да земе уште повеќе...

Како после да работиш, да ја сакаш државата, да бидеш националиста и да ги остваруваш целите на народот кога ти дома за леб немаш да јадеш... А пари има во буџетот !


Клучот е во народот. За еден заебан трговски излегоа да демонстрираат а за тоа што кичми си кршат за 10.000 ден не е битно. Треба народот да се обедини, треба револуција и да се состави гарнитура на власт од народот, не од веќе постоечките политичари АМА има премногу партиски војничиња во тој ист народ,така да може да се соберат само едните за контра да им одат на другите и обратно со цел да си добијат чистачки работни места за нив, другите не се битни. Затоа не може кај нас да успее ни револуција ни еден обичен марш оти секој пат ќе се најде некој "паметен" што ќе те накодоши и ти уште неизлезен на протест ќе те затворат. Таква е нашата траги-комична ситуација!
 
Проблемот е тоа што Македонсково тло на никој не му обезбедило да биди Мајк Илич без превари и дубари.
Кога човек ќе искуси како се станува човек тука му иди да се исповрајќа.
Предолго не ебаат у мозок нашите за да човек помисли дека може да промени нешто.
 
Јас мислам дека "На еден комита тројца кодоши" најдобро го опишува Македонецот и македонската колективна свест.Но,проблемот не е едностран па да би можеле да кажеме на што се должи ситуацијава во која се наоѓаме.Тука слободното додајте и премин од социјализам во капиталистичко уредување,тоа е цел еден механизам на влијание и последици кога имаш транзиција од една во друга сосема различна идеологија,недостаток на национализам и националистички чувства,карцином на државата наречен албански радикализам и паразитизам кој упорно ја слабее државата,инсталација на партии од соседните држави кои упорно работат против интересите на државата(инаку поинаку не можам да го разберам нивното однесување последните 20 и кусур години),народ заблуден од идеите за космополитизам,љубов,разбирање и соживот со народ кој е негов егзекутор и со менталитет адекватен за живот во пештера.

Но се ова би било ирелевантно и без рефлексија во реалноста доколку Македонецот имаше чувство и љубов кон државата и напредокот,народ кој ќе биде способен да препознае грабеж и манипулација во последните 20 години,критична интелектуална маса која не пие и не ја брани и оправа државата после 5.ракија у кафана,Македонец кој е доволно свесен да не ја купува својата смрт,кој ќе размислува со своја глава но во денешно време и тоа е тешко за некого,некој кој ќе излезеше на референдум и ќе гласаше против новата територијална поделба за да има легитимно право да критикува.
По правилата на природата,учејќи од историјата и законите кои владеат во општествата-ние не заслужуваме своја држава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom