Одлична карта. Скоро сите борби беа добри.
Можеби Колби требаше да смени стратегија и да проба да го собори, али тоа сега се само хипотези. Кардио - и двајцата на ниво, мене дури и ме изненади Усман со неговото кардио што стварно издржа 5 рунди рамо до рамо со Колби и не гу спушти рацете, патем одлична стратегија со директи во тело, тоа е страшен енерџи дрејнер, значително го успори Ковингтон.
И двајцата упатија одлични и прецизни удари, голем респект што на ниеден не му откажаа колената во тој момент, одлични бради. Малку контрадиктороно и саркастично, но би рекол респект за од Колби сркшена вилица што стварно издржа во последните рунди и се бореше како самурај, покажа срце без разлика на поразот.
И покрај тоа што сметам дека прекинот не беше добар ( Усман употребуваше килави удари и Колби примаше 0 штета во таа ситуација) сепак респект за Усман, ја заврши работата во последите секунди.
Холовеј беше успешно хакнат со тоа киковите, мислам дека во средишните рунди од борбата беше како изненаден од тоа што му го понуди Алекс и беше премногу пасивен и изгубен како што рековте, но во последната рунда покажа brawling кој му беше од корист и успеваше да го башни Алекс. Мислам дека ќе имаше подобри резултати да ако се осмелеше порано.
А Алекс ме изненади со кондицијата, едноставно тоа му донесе и победа, а сите други скилови кои ги покажа ги оставаме настрана.
Аманда е животно, но не само физички туки и во секаков друг психолошки аспект. Знаеше дека е опасно да форсира стендап со опасната Жермеин и употреби борење што и донеси победа.
Ами Алдо бе, срам да ви е што не прокоментиравте ништо за оваа борба!
Алдо човече кој ѕвер... искрено не очекував после таков вејт кат да располага со добра кондиција и здрава брада истовремено. Обично после такво симнување на килажа експертите знаат да кажат дека брадата е поранлива и потешко апсорбира удари, но Алдо изеде ссссстрашно добри удари од Мораес, поготово привиот хајкик во почетокот на првата рунда, ептен се виде дека Алдо беше повреден, но Мораес не ја искористи баш најдобро таа ситуација и Алдо брзо се опорави.
Дефинитивно Алдо имаше одличен хајлајт во оваа категорија.
Мораес имаше солиден старт, но од средина на првата рунда па до последните минути од третата ја играше играта од Алдо и се враќаше само наназад, што си доби и штета како резултат. Но пред крајот на борбата како да се ослободи и покажа карактер. И покрај тоа што дискутабилно загуби, Алдо успеа да го искористи рич-адвентиџот над Мораес, но покрај се судиите имаа друг став.
И двајцата се брзи и експлозивни и затоа оваа борба ми беше многу интересна од сам момент кога ја букираа.
Мајк Пери беше брутално нокаутиран, и покрај тоа што е тврд и издржлив како челик. Овој Нил изгледа како добар техничар и ќе биде проблем за ростерот. Како што кажа и Роган, скоро никој досега не го турнал Пери на таков начин.