Wow страшни нокаути синоќа!
Неколку нокаути драго проследени
Нокаутот над шит талкерот Бен, а поготово нокаутот над Рокхолд. И двајцата премногу зборуваат а не се ни пола добри од тоа колку што зборуваат. Рокхолд започна војна и со Смит, омаловажуваќи го и него како и Блахович.
Рокхолд е завршен, се здобил со скршена вилица после нокаутот, вилица која евидентно не крепи повеќе удари.
Е сеа фалеше уште еден ваков нокаут за да комотно кажам дека уживав, а тоа е Нунес - Холм. Сакав Холм да победи, а и се надевав на тоа. Имаше добар старт и добра тактика Холм, али Нунес ја погоди во многу лоша положба во која ја спушти многу долу раката и не очекуваше таков хед кик. А претпоставувам нокаутот е уште поболен за Холм бидеќи е извршен со најмоќното нејзино оружје (хед кик).
Нема што, Нунес е ѕверка, несомнено најдобра.
Постои уште една опција за нејзе во овој случај откако ги збриша сите, а тоа е Шевченко која исто така победи со страшен нокаут над Џесика Ај. Би била добра борба иако имаат две соочувања позади нив.
Џонс - Тиаго Сантос не очекував да оди на одлука. Искрено ме изненади и преформансот на Сантос, многу технички се постави. Добро тргна во прва рунда, атакуваќи по Џонс со удари по нозе, и мислам дека ќе продолжеше со истата тактика али се здоби со повреда на коленото ако не се лажам.
Џонс е терминатор, премногу талентиран. Во секоја ситуација во која е инфериорен успева да се снајде и да воспостави контрола над истата. Премногу добар и во одбрана. Премногу добар во ин енд аут ситуациите, успеа да избегне страшни удари. Но исто така прими добри удари и покрај се, но лесно ги апсорбираше. Не секогаш е битно колку можеш да дадеш, туку колку можеш да примиш и да продолжиш напред. Џонс беше добро погоден неколкупати, но покажа дека има челична брада и голма издржливост.
Е сеа доста поединци од нивниов MMA свет констатираа победа на Сантос.
И покрај тоа што беше премно тесна борба јас мислам поените сепак беа на страната на Џонс.
Роган во повеќе наврати зборува за начинот на судење од судиите во одредени ситуации (кон кој би можело да се гледа како непишано правило) и вели дека во ваква тесна борба судиите даваат повеќе поени на оној кој напаѓа и врши притисок, без разлика на бројката на удари и импактот од истите. А Џонс беше агресор во поголемиот дел од борбата.