Малку е терет со тоа лежалките, барем лани беше. Сите беа резервирани по 10тина дена, речиси да не можеше да се најде слободна човек да си плати фино лепо и да се оптегни. Наодручен онаму на кај 5 беше друго, тогаш имаше лежалки.
Имаш плажи каде водата е за нигде, но имаш и места како од рајот со бистра проѕирна вода низ која можеш да го гледаш дното. Цените се апсолутно прифатливи. Како во Македонијава да речам скоро идентични. И ако појдиш во Ксамил, да не пропушташ да пиеш кафе на зајдисонце на едно местенце ко на висинка од десната страна на селото, нз како го викаа. Перверзии е, буквално од зад планила гледаш како си заминува Сонцето и цело небо е пред тебе, онака чист поглед, Додуша 100 денарчиња на нашки беше макијатото, ама и 5 пати да платев фазла, пак немаше да зажалам.