ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Двапати им имам поставено прашање на нивната страница, во која барам да ми одговорат дали планираат да обезбедат повеќе автобуси во клучните термини (насабајле од 07-09 и попладне 15-17), особено во пензионерскиве денови, ама како и вообичаено, вакви прашања нив не ги интересираат и не ме ни удостоија со одговор.
 
Според мене најдобро решение е да пуштат автобуси само за пензионерите да се возат слободно, додека во исто време да си возат нормалните линии.
Со ваквиот начин не би имало толку многу гужва за луѓе кои одат на работа, ученици, студенти итн, а “изнемоштените“ ќе можат на раат да се трлаат едни со други, да си прават ајвар внатре во автобусите и да си фрлат по некој ружан збор, пошто нели тие заслужиле повеќе од обичниот човек.
 
Не, туку треба да обезбедат повеќе автобуси, па и по два во ист термин, а не да нема воздух у автобус, има и жени со мали деца кои се возат, има и инвалиди. Не може вратата да се затвори од гужва, на некој да му се слоши не може да излезе.

Точно, треба. Ама тоа е научна фантастика во моментов.
Привремено решение не е да им се затвора врата пред нос на луѓето кои сакаат да се качат кога веќе нема место во автобусот.
 
Сабајлето чекам јас и уште 5 души 13 во 10 за 10 и не дојде,сабајлето исто така во 7 и 30 ја немало,добро што им е на овие од јсп,ами да треба да полагаш дента на факултет што ќе биде? ццц :mad:
 
Најголема гужва се праи во ударни термини коа средношколци идат у школо,незнам што ги кошта да тргнат некоја од линиите што идат покасно во замена за 2 автобуса на линијата на која има гужва..Башка лесно може да се предвиди дека авотбусот ќе биде пун,пример ја мора да идам секој ден со иста линија,иначе каснам и секогаш исти луѓе и иста гужва се ствара.Додека за пензионериве тешко да се предвиди они шетаат како дува ветер па и да стаат дупли линии може да се деси у едниот бус само шоферот да се вози.
 
Добро треба да се свати тоа што се правени во Кина нема ама баш никаква врска со висината на истите да ги правеа во Германија исто ќе беа такви инаку за оние кои незнаат Јутонг е втора по голема на фабрика за производство на автобуси во светски рамки .Имам можност и чест да работам со тој што овие двоспратниве автобуси ги има проектирано и се негово дело во целост.
Не се разбравме,имаше муабет дека се правени за тој пазар а наводно кинезите биле пониски во раст па ради тоа биле така направени,може е чисто заебанција а можда и не е,не алудирав демек се кинески па не се квалитетни и ради тоа се ниски далеку од тоа,знам дека и таму има чкарт роба и квалитетна.
 
Имале и старциве душа бе.Еден дедо си фатил две столчиња господинот,едно за него едно за ќесето негово,мислиш внук негов,а тоа скроз позади кај моторот во Лаз-овите,и се расправаат со една стара жена и стариов и вика,па нека стане дечково до мене(а за мене збореше) и старава вика ако се млади нека седат и они се души.Коа ќе ја видам пак,ќе и станам.
 
Според мене најдобро решение е да пуштат автобуси само за пензионерите да се возат слободно, додека во исто време да си возат нормалните линии.
Со ваквиот начин не би имало толку многу гужва за луѓе кои одат на работа, ученици, студенти итн, а “изнемоштените“ ќе можат на раат да се трлаат едни со други, да си прават ајвар внатре во автобусите и да си фрлат по некој ружан збор, пошто нели тие заслужиле повеќе од обичниот човек.
Ова е неостварливо. Ти стварно мислиш дека пензионериве ќе чекаат да дојде " нивниот автобус" и нема да се качуваат во обичните ?!
Вторник и петок е ужас, ама саботите ми стануваат хорор. Значи претходната сабота морав да пропуштам 3 автобуса што идат накај Партизанска, зошто беа преполни. И тоа сите дојдоа еден по друг, 15,24,22. Среќа што излегов порано од дома, па не каснев на работа....
 
Ти дотерана, нашминкана да влегуваш в Jurassic park неличи нели?:place:

Повеќе е како да глумиш во Shaun of the Dead oтколку да влагаш во автобус. Кој го гледал филмов ќе сфати што зборам.
 
Ова е неостварливо. Ти стварно мислиш дека пензионериве ќе чекаат да дојде " нивниот автобус" и нема да се качуваат во обичните ?!
Вторник и петок е ужас, ама саботите ми стануваат хорор. Значи претходната сабота морав да пропуштам 3 автобуса што идат накај Партизанска, зошто беа преполни. И тоа сите дојдоа еден по друг, 15,24,22. Среќа што излегов порано од дома, па не каснев на работа....
Нека се качат во обичните ама нека си платат,па да видиш дали ќе влезат..
 
Кога баби паѓаат во или пред автобус.Најчесто паѓаат бидејќи се буткаат за да влезат први или кога преминуваат улица кај што нема пешачки. Прават десет минути застој, не му даваат на автобусот да тргне, го дрват као демек ги бутнале и така натаму.
Очигледно е дека глупото дртало е се освен способно да биде дел од нормалниот сообраќај. Ко да треба пешаци да се движат на коловозна лента на автопат.
Просечниот IQ во државава очигледно е помал од на ебаните пигмејци.
 
Страшно ме нервира кога ќе видам како некој се качува со бебе во количка, и ај бебево да е мирно, тоа вришти, пишти наоколу и ремети мир и во онака преполниот со тензија автобус...најчесто :) мислам ок знам дека имаат право така да ги возат бебињата сега во автобусиве има и посебно место за тоа ама па мене ептен ми смета така да слушам како плаче некое бебе :))
 
Е па ај пошто тебе ти смета да не се возат или ајде со сила да го натераме да престне.Бог да чува тоа е само беспомошно БЕБЕ.Што ако тоа дете го носат на лекар мислиш на родителот лесно му е.За нас изгледа треба да ги укинат сите линии за да ни дојде паметот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom