ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Ова со 5ка не е нормално значи. Од сабајле иде како што треба, по ручек иде по партизанска, навечер како што ќе им текне.... Да не знае човек кај да отиде да чека автобус.
 
Сеа ќе плукам по приватните малку.
Зашто бе да му ебам мајката 52 приватна,на семафорите пред Гранд Хотел врти десно,а не иде право?
За тоа се расправав со шоферот,ме збуни.Знае некој?
 
Повеќе пати се возев во двокатните и никаде не видов индикатор... А би било фино да има за да не се резилам до горе па да правам рикверц назад.
Баш кај скалите црвени бројки ко на старите дигитални саати/будилници :)
 
Вчера првпат се возев во двокатен. Има индикатор за слободни места за седење кој според мене работи на принцип на дектектор за притисок. Фенси се, се гледа дека кинезиве мислеле на се. Кај шоферот има екран со камерите од автобусот (4 ги има) и плус цел компјутер со податоци за оптеретување на горен/долен спрат, оптеретување на оски курци палци. Клима има многу подобра за разлика од украинските. Иако беше пун автобусот температурата беше сосем пријатна.

На горниот спрат не се ни качив пошто пишуваше дека е полн, а и дека е забрането стоење(?!). Мислам дека двокатниве се пропала инвестиција затоа што не собираат повеќе патници од старите единечни. Имаат повеќе места за седење ама за стоење има многу малку место. У вторник и петок ќе биде пеколно.
Според мене попаметно ќе беше да се земат дупли нископодни.
 
На горниот спрат не се ни качив пошто пишуваше дека е полн, а и дека е забрането стоење(?!).
Горниот кат мислам дека беше 170 и некој сантиметар и навистина не е за стоење. Кога го пуштија првиот во сообраќај си ја треснав главата неколку пати додека ги фотографирав политичарите.
 
дали сте размислиле по кој треба да се плука, по оние на кои им е дозволено да прават нешто или по оние кои им дозволиле да прават нешто?
 
дали сте размислиле по кој треба да се плука, по оние на кои им е дозволено да прават нешто или по оние кои им дозволиле да прават нешто?

Да де размислено е. Пензионерите го злоупотребуваат бесплатниот превоз затоа и се плука по нив.
 
може да подетално да објасниш што тоа злоупотребуваат? на кој начин? што прават што не е дозволено?
 
А владата го искористува бесплатниот превоз за да ќари гласови од пензионерите..И едни и други се криви.
 
може да подетално да објасниш што тоа злоупотребуваат? на кој начин? што прават што не е дозволено?

Треба да ти го објаснувам и препишувам она што многу страни наназад го дискутираме? NO WAY. Читај, па ако сакаш ќе сфатиш, ако не сакаш и три дена да ти објаснуваме нема да сфатиш.
 
може да подетално да објасниш што тоа злоупотребуваат? на кој начин? што прават што не е дозволено?

На кратко: Ги користат автобусите и кога не им се навистина потребни за да си го направат интересен досадниот пензионерски живот, а со тоа го прават животот на младите потежок безпотребно, ради лични цели. Ако се барем малку совесни нема да одат на пазар баш кога е најмногу гужва.
 
Еве како го злоупотребуваат бесплатниот превоз:
Влегува еден дечко во автобус од задна врата и седнува до еден пензионер и го прашува ‘‘Извинете што број на автобус е ова?‘‘По што добива одговор:Зарем е важно синко?!
 
Да се најде Гоце Делчев меѓу младината да го предводи востанието против фосилите !!! СМРТ ИЛИ СЛОБОДА ВО ЈСП !!!
 
море вторник и петок владава дефинитивно треба да им направи организиран превоз ко што беше за прославава... од влае/горче едно 5 6 автобуси до битпазар. од бутел/радишани до битпазар од карпош до битпазар и така натака.. организирано од секоја општина по 5 6 7 автобуси нека им пуштат до битпазар нека појдат во 7 од општините до битпазар во 9/10 нека ги вратат па пак од 11 до кај 1/2 иста комбинацјиа и од кај 4 до кај 6/7 само така ке се растерети гужвата вака се е жабе ама баш се!

на 8ми за денов на прославата влегов у двокатна 57ца и се качив горе. од автобусите сум пријатно изненаден ама од луѓето - мизерија невидена.. оние округлине што ја регулираат климата на која страна да дува - 2 с кршени едно скроз превртено... незнам кога ли само успеаа да им ебат мајката.. абе мизерија невидена !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom