Вчера првпат се возев во двокатен. Има индикатор за слободни места за седење кој според мене работи на принцип на дектектор за притисок. Фенси се, се гледа дека кинезиве мислеле на се. Кај шоферот има екран со камерите од автобусот (4 ги има) и плус цел компјутер со податоци за оптеретување на горен/долен спрат, оптеретување на оски курци палци. Клима има многу подобра за разлика од украинските. Иако беше пун автобусот температурата беше сосем пријатна.
На горниот спрат не се ни качив пошто пишуваше дека е полн, а и дека е забрането стоење(?!). Мислам дека двокатниве се пропала инвестиција затоа што не собираат повеќе патници од старите единечни. Имаат повеќе места за седење ама за стоење има многу малку место. У вторник и петок ќе биде пеколно.
Според мене попаметно ќе беше да се земат дупли нископодни.