ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Па ке стават надлежно лице ..ко кондуктор нешто :D
аха и тој ке брои колку патници се.. ај ок во нископодните.. а во двокатните? претпоставувам имаш некоја фикс идеа по 2ца да бидат.. ама има еден проблем како ке си ка=уваат бројки: - ахх да.. по радио станица или токи воки.. и замисли бројката е исполнета автобус застанува на станица се симињаат 3ца чекаат да се качат 10 души и шоферот вика А НЕ.. САМО 3ЦА ЗАШО БРОЈКАТА Е ИСПОЛНЕТА... ЛОЛ не ме дупи брат мисли шо пишуваш!
 
Двоспратните имаат сензори и на скалите има индикатор кој покажува колку слободни места има горе. Со самото тоа значи дека многу лесно може да се пребројат патниците кои се возеле на горниот кат од автобусите.
 
Чекав повеќе од пола саат за на крај да дојде автобусот.... претоварен и внатре кој седи, кој стои, кој лежи врз друг, трет обесен.... и заминав да пешачам, поубаво да си дојдам дома подоцна отколку да дојдам во делови. :)
тоа е тоа. Џабе нови, двоспратни и шестоспратни ако немаат истакнато распоред за празници, распоред за линии и ако не вртат на 5-6 минути. Кога гледаш на табла у 15.53, доаѓа у 15.53, следниот у 15.57 или 16.00, доаѓа во точно толку, до минут. Вака за на факс или работа мораш да излезеш најмалку полсаат и више порано оти за секој случај бусот може да доцни или да е полн да не застане.
 
Едно прашање, знае некој коа вози тој кабриолетот автобус од новите?
 
Пензионериве во петок се како елементарна непогода. Поготово во двоспратниов бус со торбите, ау...
 
Добро де од 7додатна гужва имат од пензионериве :mad:

7? Сабајле во 6.10 бев на автобуска и тука беа со торбите. Шоферот матуранти ги викаше :pos:
 
7? Сабајле во 6.10 бев на автобуска и тука беа со торбите. Шоферот матуранти ги викаше :pos:

Од 200 луѓе во дупла петка 5 ка 180 беа пензионери сигурно и некој за на работа не можел да влезе од нив. И иде контрола вика ајде картите и гледаш се лични карти на сите страни :pos:
 
Незнам зашто не напраат, секој ден да биде бесплатен за геријатријата. Ќе биде по растеретено, и нема да го чекаат вторник и петок како божиќ, туку ќе ги истрпиме еден период и после и самите ќе видат, тоа што треба :)
 
Едно прашање, знае некој коа вози тој кабриолетот автобус од новите?

Вчера на линија 15/15А,најверојатно поради добрите временски услови бил на редовни линии.Инаку,рекоа дека ќе е само за панорамски обиколки.
 
Пензионерите бетер од деца се. Иде двојка двокатна и сите се тепаат да влезат и гледам позади друга стара двојка и таму си се качив. Па не мислам да се буткам со нив. Ќе се возам во двокатниот друг пат кога нема да има старци
 
Ме нервира тоа што старците мораат у Петок и Вторник БАШ У 7 да идат на пазар И БАШ У 12Ч30 да идат. Сваќам ај топло им е после , ама можат у 9 бе. Тогаш никој ни оди ни се враќа. Има некои шо по 45 мин. патуваат со автобуси и мораат да стојат. Среќа што со бус за 5 мин. стигам во школо, а и да не ми дојде можам пешки.
 
Барем и така ке си заштедиш едно пакет4е мастики..ако одиш пешки..;)
 
Барем и така ке си заштедиш едно пакет4е мастики..ако одиш пешки..;)

Е ама имам слободна :D Ќе одам јас втора смена пешки ама сабајле неможам. Или кога ќе дојде зима јас на најладното да си се шетам до Корчагин ( знаеш у зима у 7 саат колку е топло) :(
 
Двоспратните имаат сензори и на скалите има индикатор кој покажува колку слободни места има горе. Со самото тоа значи дека многу лесно може да се пребројат патниците кои се возеле на горниот кат од автобусите.

Повеќе пати се возев во двокатните и никаде не видов индикатор... А би било фино да има за да не се резилам до горе па да правам рикверц назад.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom