Jeep Fan Club

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
И некажа како го монтираше моторот од Форд на Махиндрата... Имаше многу преправки? 2.3 стави или 1.8?
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Моторот е од Сиера 2,3. Земен е од Германија со сервисна книшка и со 60.000км, значи сега има нешто над 100.000. Преправки има само на ѕвоното на менувачот, има направено плоча мислам, а квачилото (ламела, корпа, друк лагер) мислам дека е оригиналното на него. Единствена мана е што моторот има малку обртаи, но од друга страна при пониски обртаи има огромна снага. Без преправки одговара мотор што се вградуваше во моделите од 95,96,97 година, ги склопуваа во Грција и до ден денес ги има и може да се набаве. Пасува до последен штраф. :) Тој е 2.1 дизел Пежо блок.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Мнооогу сакам џип у п.м.
Еден Мицубиши Л200...
Ама неам пари да си купам...
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Еве нешто што спремам, само немав време да го склопам.
Ќе следат уште 2-3 дела, засега го објавувам само првиот.
Уживајте :) JeepMkd

Од скромни почетоци и прототипови изградени од 3 различни производители, Jeep со годините еволуира во едно од најпопуларното и најупотребуваното возило на сите времиња. Jeep е употребуван секаде, во борба, во пустина, за
качување по карпи или едноставно за секојдневна употреба. Кажано на кратко, ако некаде во светот има било каков пат, големи се шансите дека некогаш и некако таму поминал Jeep.

Во неколку делови ќе биде претставена историјата на возилата кои ја започнаа 4х4 треската, конкретно развојот на автомобилската икона - краткиот Jeep Universal, кој е „таткото“ на сите модерни теренци кои ги знаеме денес.

Автомобилите Jeep се појавуваат во почетокот на Втората светска војна. Американската влада има потреба од огромен број на општонаменски возила кои ќе се употребуваат во војната и распишува конкурс за пријавување на кандидати. Поставени се неколку услови, меѓу кои и рокот за доставување на првите модели од 70 дена. Се пријавуваат 3 компании: Bantam, Ford и
Willys-Overland (сите американски). Договорот го добива Willys-Overland, а останатото е историја.




1.1940 Bantam Pilot
Користејќи го светски познатиот поим, ова е првиот „џип“. Развиен и изграден од компанијата Bantam од Пенсилванија, ова е првото возило кое се бори за да го добие договорот со владата на САД. По доставувањето на 23 септември 1940 година, Bantam Pilot бил подложен на ригорозни тестови, а остатокот од животот го минува како музејски експонат. Возилото е речиси уништено во сообраќајна несреќа, а некои делови се употребени во подобрениот модел кој почнал да се произведува.​




2.1940 Willys Quad
Возилото со кое конкурира Willys-Overland е Quad и со кое всушност оваа компанија го добива договорот. Предноста пред другите конкуренти, и можеби главната причина за победата, е моќниот „Go-Devil“ мотор кој едноставно го „разби“ останатите конкуренти. Сепак, Quad имаше и некои недостатоци, меѓу кои и прекумерната маса, по што беше оставен да се доразработи. Направени се две Quad возила, но им се губи секаква трага. Еден од нив преживеал до 1950 кога е направена фотографијата. Ако Bantam ја започна ерата на Jeep, тогаш Quad e виновен за доминацијата на Willys.





3.1940 Ford Pygmy
Моделот со кој Ford конкурираше беше Pygmy. Овој модел беше прифатен и остана да се тестира покрај моделот Quad на Willys. Но, како и Bantam, Pygmy беше жртва на моќниот Willys и никогаш не доби поголема шанса. Изгледот на Pygmy стана шаблон за подоцнежните модели на Willys.
Моделот на сликата е еден од два кои постојат денес. Ford е единствена преживеана компанија од жестоката трка за договорот.




4.1941 Ford GP
Директен наследник на Pygmy, овој модел беше подобрен и првично беа замислени 1.500 единици. Наскоро интересот порасна, по што беа произведени 4.456 единици.
Спротивно на верувањето дека „GP“ стои за „General Purpose“, „GP“ всушност значи „G“ за возило за влада (Government) и „Р“ за разузнавачко возило со 80-инчно меѓуоскино растојание.
Од прелиминарните модели ова е најзачуваниот модел со 200 примероци за кои се знае дека постојат.



5.Willys MA
Додека Quad беше тестиран, иако веќе го доби договорот, Willys работеше на подобрен модел и го започна развојот на моделот Willys MA. Во споредба со конкурентите, МА беше супериорно возило со мала маса и голема моќност. Се
забележуваат и подоборувања во Warn подвозјето.
Од сите прототипови на Willys, МА е најредок со само 30 примероци кои постојат денес од произведените 1.553 .



6.1941 Bantam BRC-40
Ова возило е последното што оваа компанија ќе го произведе. По 1941 Bantam се фокусира на производство на приколици, мотори за торпеда и авионски тркала за слетувања. И покрај тоа што беше посакуван модел, BRC-40 не ја доби битката.
Ова е вториот најчест модел со стотина примероци кои преживеале до денес.



7.1941 Willys MB (решеткаста маска)
По добивањето на договорот со американската влада произведени се првите 25.808 Willys-и. Карактеристично за овие модели е тоа што имаат решеткаста маска на ладилникот, која подоцна ќе се развие во ребрастата маска која и денес е симбол на Jeep.
МВ со решеткаста маска се навистина ретки, а денес постојат едвај 25 примероци.




8.1941-1945 Willys MB
Херојот на Втората светска војна, уште и познат како Челичниот војник, е Јеер-от кој го промени светот. Со неговото појавување во речниците на сите светски јазици беше додаден зборот JEEP, на македонски „џип“. Произведен во над
330.000 примероци, Willy Jeep MB служеше во секое место од светот. Првите модели на задниот панел имаа втиснато Willys, но поради владините регулативи кои не дозволуваа рекламирање подоцна таа практика беше отфрлена.
Овој модел, главно поради својата историја, е омилен меѓу реставраторите и колекционерите и изобилува со квалитети кои секогаш ќе ве забавуваат и никогаш нема да ве изневерат.




9.1941-1945 Ford GPW
По производството на последниот GP, Ford склучува договор со Willys за изградба на нивниот модел. Нивниот модел, сличен на МВ, беше наречен GPW (Government, 80-инчно меѓуоскино растојание, Willys). Овој модел се разликува од МВ по тоа што на речиси секој дел е втисната буквата F, и поседува неколку разлики во шасијата и каросеријата.
До крајот на војната произведени се нешто над 277.000 примероци што го прави еднакво посакуван и почитуван модел како и MВ.

Повоениот период е навистина интересен за Јеер. Во наредниот дел ќе ја разгледаме појавата на моделите CJ - Civilian Jeep, возилата во кои живее духот на МВ...


O|||||||O

(тесктот го пишував јас, така да копирање не е пожелно)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
http://vozi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2420&Itemid=75
Тест: Jeep Patriot 2.0 CRD Limited
27.01.2009.
Легендата за неуништливиот теренец кој ја доби Втората светска војна продолжува да гази по востановените стапки. Денес насоките влечат во друг правец, но с'ржта останува иста.
Доказ е новиот Patriot кој добива подеднакво голема и значајна улога како и неговиот далечен предок. Сега улогата не е да се добие војната против фашизмот, туку против конкуренцијата.

Patriot влегува во борба во сегмент на популарните SUV како Honda CR-V, Toyota RAV4, Land Rover Freelander, a поради своите компактни димензии сака да земе дел од пазарниот колач и на новодојдените кросовери како што е еден Nissan Qashqai. Тука пред се ќе му помогне препознатливиот стајлинг на огромната предна маска со седум вертикални отвори кои недвосмислено говорат за потеклото. Bисока хоризонтално поставената хауба преку која лизга погледот, но и она најважното за современиот купувач, фер цена и многу опрема.

Patriot е влезницата за во царството на Jeep. Тоа значи задолжителен погон на четири тркала, моќен мотор, добри возни карактеристики надвор од асфалт.



















Препознатлива предна маска и квадратните форми јасно говорат за потеклото, дури и ако беџот го нема

Мачо изгледот освојува од прва. Рамните површини кои ја сочинуваат квадратната каросерија, прават Рatriot да личи робусно и да повикува на авантура. Токму квадратните форми даваат лажна слика за димензиите на Patriot. Всушност тој е многу покомпактен отколку што се чини на прв поглед и што е најважно отскокнува од стереотипот на модерните SUV. Patriot неможе да се замени со било кое друго возило и токму тоа го прави посебен, посакуван.

Квадратните форми продолжуваат внатре и ја дополнуваат мачо претставата за Patriot. Пластиката на арматурата и низ кабината е тврда, мазна и делува евтино. Дефинитивно во Jeep можеле подобро. Но, после првото валкање мислењето се менува и идејата кристализира. Практично. Само еден потег со крпа и кабината свети. Пластиката е отпорна на гребење и најважното не крца дури и кога се вози по макадам.

Простор има доволно и напред и назад. И по должина, и по ширина, и по висина. Задната клупа има куса седечка површина и повисоките патници назад ќе се жалат од уморни нозе при подолги патувања. Влегувањето одзади бара спровирање заради тесниот отвор што се сокрива зад задните врати. Замерката би отишла и до малиот и плиток багажник чив волумен страда поради резервното тркало во полна големина.















Замерката за плиткиот багажник ја надополнува соборувањето на потпирачот на совозачкото седиште. Тука можат да се пренесуваат дооолги предмети

Patriot е SUV, но сепак е Jeep, а суштината на еден Јeep се теренските способности. Околу ова многумина ќе вртат со глава гледајќи во ниско поставената каросерија и сознанието дека примарниот погон е напред, а задните тркала се вклучуваат по потреба. Но, да се стрпиме.

Jeep во Рatriot го вградува погонот 4х4 наречен Freedom Drive кој вртежниот момент го префрла на задните тркала веднаш откако предните ќе загубат тракција. Тоа не е се. Freedom Drive е во способност да го префрли вртежниот момент до 100% на едно индивидуално тркало доколку останатите три пролизгуваат. Плус, Patriot нуди блокада на централниот диференцијал. Иако не станува збор за класична блокада вртежниот момент се распоредува подеднакво на предна и задна оска до брзина од 15 km/h. Воедно се менува и функцијата на контролата на тракција и на ABS кои во тие моменти дозволуваат пролизгување на тркалата, патем ESP не ја намалува снагата на моторот. Сепак, ако сте на терен најдобро е да се исклучи ESP преку копче на централната конзола.

Така Patriot одлично се снаоѓа на терен, совладува препреки и на снег и во кал, се качува по стрмен терен и кога се лизга, и се извлекува од ситуации пред кои повеќето сопственици никогаш нема да го исправат. Добрите теренски способности единствено ги ограничува малиот клиренс. Направен е компромис, бидејќи реално Рatriot многу повеќе ќе крстосува по патиштата отколку низ беспаќата. На асфалт се снаоѓа подеднакво добро, дури и би додале изненадувачки добро за еден SUV.

Подвозјето претставува успешна комбинација меѓу потребата за впивање нерамнини и удобно крстосување и способноста за совладување свијоци. Фрлете го во свијок и подгответе се за изненадување. Навалувањето на каросеријата е неочекувано мало за ваков тип возило. Управувањето е прецизно, тежината на воланот добро одмерена со доволно повартни информации па така во секој момент возачот знае што се случува со предните тркала. Како да возите добро избалансиран компакт со преден погон. Дури и при претерување тешко е Patriot да се исфрли од рамнотежа. Сепак, треба да се внимава. Против законите на физиката не се може, а Patriot има повисоко тежиште отколку еден автомобил.















Рачка за вклучување на блокада на централниот диференцијал во форма на T. Едно подигнување и Patriot се претвора во добар теренец


Тежината од преку 1.5 тони не се чувствува. Најмногу поради дизелот земен на заем од VW. Дволитарецот остварува 140 КС и најважното вртежен момент од високи 310 Nm расположиви од 1.750 до 2.250 врт/мин. Во реалност на моторот му недостасува онаа навалица од снага која се очекува од современите дизели. На старт постои задршка и дури кога стрелката на бројачот за вртежи ќе заигра околу бројката 2 тогаш почнува да се случува нешто. Карактеристиките се сменети и за да се извлече максимум потребно е да се користи целото работно подрачје на моторот. Тоа не претставува проблем поради одличниот менувач со куси и тврдо одредени одови, но и поради желбата на моторот да се врти дури и кога ќе се надминат 4.000 вртежи каде се остварува максималната моќност.

Познат по својот резок и груб звук овој дизел воопшто не ги напаѓа чулните сетила на патниците. Добрата звучна изолација ги пропушта несаканите звуци само додека моторот е ладен. Откако ќе се постигне работната температура звучната кулиса ги менува и бојата и интензитетот. Добрата изолација се чувствува и при висока патна брзина. Тогаш во кабината е тивко дури и од струењето на ветерот околу квадратната форма чии аеродинамички карактеристики се далеку од добри.

Patriot е добро избалансиран автомобил. Вози подеднакво добро и на терен и на асфалт. Носи препознатлив стил, неповторливо чувство на авантура, добра опрема и прифатлива цена. Значително пониска од големите SUV конкуренти и доволно ниска за да го нападне сегментот на кросовери и на комби верзиите на автомобилите од средната класа.

Токму поради ова веруваме дека ќе најде доволно поклоници и на нашиот пазар. Иако би сакале малку поинаква пластика на арматурата, која доаѓа со верзијата за 2009.

Основна цена: 25.990 евра

Сериска опрема: ABS + EBD + BAS, ESP, електронска контрола против превртување ERM, 6 воздушни перници, клима уред, централна брава со далечинско, аларм, светла за магла, радио со CD, електрични греени ретровизори, електрика на стакла, темпомат, кожен волан, YES Essential текстилни седишта отпорни на валкање и флекање, мобилна батериска лампа, патен компјутер со компас и термометар, леснометални бандажи од 17 инчи и гуми 215/60.

Дополнителна опрема: металик боја 435 евра.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Еве после некое време успеав да го склопам и вториот дел :)


По крајот на Втората светска војна, Willys Jeep го свртија вниманието кон масовно производство на „џипови“ за широка употреба. Веќе зајакнатата компанија Willys-Overland со големи резерви на делови започна да ги развива првите цивилни џипови.Така беa создадени CJ моделите. СЈ е всушност кратенка од „Civilian Јеер“, односно Јеер за цивилна употреба.

10.1944-1945 СЈ-2
Првиот СЈ модел е СЈ-2. Нема докази дека некогаш бил направен СЈ или СЈ-1, а и официјалните документи го индицираат само постоењето на СЈ-2. Овој модел, по неговото претставување е познат како Agrijeep, име кое јасно ја наведува неговата употреба. Направени се вкупно 35 примероци кои биле подложени на строги тестови на фармите во Северна Америка. Тоа е всушност главната причина поради која денес постојат само 4 вакви џипови.

11.1945-1949 СЈ-2А
Ова е првиот СЈ кој доживеал масовно производство и вкупно биле направени 214.202 примероци. Импресивна бројка земајќи го во предвид фактот што на пазарот во изобилство имало MB модели останати од војната. Првите CJ-2A имале држачи за воени алатки исти со оние на МВ, менувачот бил вградуван на воланот и името Willys било втиснато на задната врата, на ветробранот и на хаубата.

12.1949-1953 СЈ-3А
СЈ-3А е последниот Jeep со ниска хауба и рамни браници. Од својот претходник се разликува по минималните зафати на каросеријата. Ветробранот е од еден дел и има отвор за вентилација под стаклото. Во четиригодишното производство направени се 131.843 примероци, а бил достапен и во специјална фармерска изведба со можност за вклучување на било каква земјоделска машина, заменувајќи трактор со ограничени можности.


13.1950-1952 M-38
Овој модел е практично надграден СЈ-3А, а промените вклучуваат посилна шасија и суспензија, 24 волтен електричен систем како и некои армиски делови. Овие џипови беа користени во борби во Кореја, но биле произведени само 61.423 примероци од кои многу се продадени на странски воени сили. Штитниците на фаровите, затемнетите светла и простори за алати се нештата по кои можете веднаш да го идентификувате овој редок Јеер.


14.1953-1968 СЈ-3В
Џипот кој се наоѓа на преминот помеѓу две ери во историјата на Jeep е токму овој, СЈ-3В. Претставува последен модел со рамни браници, а прв со високата хауба. Причината за големиот дизајнерски потфат и целата „прашина“ која се крена околу високата хауба е новиот мотор - Hurricane со зафатнина од 134 кубни инчи, или 2.195 кубни сантиметри. Овој модел е навистина редок овие денови и е од голема вредност.

Интересно е што СЈ-3В сe уште се произведува лиценцирано, но под името Махиндра, индиска компанија со занимлива историја. Моделите на Махиндра се познати на македонската јавност, а интересно е што во Кавадарци има одлично зачувани (еден или два) произведени во далечната 1970 година.


15.1951 CJ-4
Врската која недостасува помеѓу CJ-3A и СЈ-5 најверојатно е прототипот кој е направен во 1951. Овој единствен примерок е познат како СЈ-4 и е првиот Јеер во кој се вградува F моторот - Hurricane. СЈ-4 e кодиран со ознаката Х-151 што значи експериментален модел. Механички не се разликува од своите „браќа“ и претставува сосема стандарден Јеер.

15.1952-1957 M-38A1
Ова е првото појавување на заоблениот браник кај Jeeр моделите кој потоа ќе се појави кај СЈ-5. М-38А1 е возило наменето за армиска употреба па значително се разликува од обичните СЈ модели. Во него се вградени слични системи како и кај М-38 меѓу кои најважен е 24 волтниот електричен систем. М-38А1 најдолго се задржал во служба и покрај „нападите“ од конкурентот на Форд, М-151.


17.1954-1983 CJ-5
Речиси 30 години симнување од производната лента, СЈ-5 прави револуција во светот на Јеер и ги надминува сите очекувања на компанијата. Произведени се нешто над 603.000 примероци, правејќи го еден од најпроизведуваните џипови. На радост на потрошувачите во долгиот период од неговото произведување достапни се неколку варијанти од кои најпопуларни се пакетите Renеgade, Tuxedo Park и Golden Eagle. Ова е првиот џип со кратко меѓуоскино растојание кој го добил V8 третманот.


18.1955-1976 СЈ-6
Единствената поплака која се слушаше од презадоволните сопственици на Јеер беше потребата за повеќе простор. Одговорот од компанијата беше CJ-6. Развиен на платформата на СЈ-5, се разликува по зголемената должина за 50,8 сантиметри. Овој модел претставуваше компромис помеѓу просторот на пикап и подвижноста на еден Јеер.

19.1976-1986 СЈ-7
Еден од најпосакуваните и најдобро дизајнираните Jeep-ови е токму СЈ-7. Со должина помеѓу СЈ-5 и СЈ-6, овој Јеер имаше доволно простор за семејството а сепак можевте да уживате во сите благодети на еден Јеер. Во десетте години додека се произведуваше, направени беа 379.299 примероци. Сега овој модел е навистина баран и е основа за најразлични модификации со кои може да се освои било кој терен.


20.1981-1985 СЈ-8 Scrambler
Слично на настаните со СЈ-6, компанијата АМС која сега ги произведуваше Јеер возилата, остана верна на своите купувачи и го понуди продолжениот СЈ-8 познат уште како Scrambler. Моделот се нудеше со тврд и мек кров, а беа произведени скромни 27.792 единици што го прави посакуван и популарен колекционерски модел.



Моделот СЈ-7/СЈ-8 е всушност последниот Сivilian Jeep. По зголемувањата на цените на бензините, а со тоа и опаѓањето на интересот и продажбата на СЈ, Јеер одговори со сосема нови модели кои ветуваа подобри времиња за компанијата.
Новата ера која започна со Јееp YJ и трае до денес ќе ја разгледаме во наредниот, последен дел од кратката историја на најдобриот теренец во светот - Јеер.
O|||||||O




Поздрав армин06 :helou:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Не е малку многу? Колку и да е стар, мислам дека претерал :smir:
Е вака сега, ако зборуваме за наши услови, многу е :) За тие пари ќе си купиш нова кола и тоа и гаранција имаш. :vozbud:

Од друга страна ВРЕДИ, и тоа многу. Редок е, уникатен а и конкретно овој модел е КОМПЛЕТЕН и е скроз оригинален, ако ја изземеме бојата.
Се надевав дека ќе налетам на нешто вакво за да го имам за моја душа, ама ова се многу пари.

Ги имаш сите плочки со информации на шал-таблата, сите држачи странично, држачот за пушка што е мислам на шофершајбната, оригиналното парно... Всушност се` она што го прави вистински Вилис од ВСВ. Иако во случајов се работи за Ford GPW според огласот и стаклото кое се отвара за вентилација освен што се спушта на хауба.
10.000 би дал само за комплетен, а вака за овој би дал 7-8000 € и би го досредил со уште 1000-1200 € под услов да нема механичко оштетување. Делови има само во САД, за ваков примерок цена не ме интересира, но кога ќе ти стигнат трошоци за поштарина (shipping) ќе ти се сврти умот...

Сепак, се сомневам дека нешто не е во ред механички затоа што и Махиндрата ги носи истите диференцијали, сличен менувач и кочници а до сега (40 год од производство) не сум имал проблем. Со мало санирање на трепкачите и фаровите и оригиналната боја со сите букви ќе се добие еден уникат.

Како би сакал еден ваков сега за роденден, мх мх
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Е вака сега, ако зборуваме за наши услови, многу е :) За тие пари ќе си купиш нова кола и тоа и гаранција имаш. :vozbud:

Од друга страна ВРЕДИ, и тоа многу. Редок е, уникатен а и конкретно овој модел е КОМПЛЕТЕН и е скроз оригинален, ако ја изземеме бојата.
Се надевав дека ќе налетам на нешто вакво за да го имам за моја душа, ама ова се многу пари.

Ги имаш сите плочки со информации на шал-таблата, сите држачи странично, држачот за пушка што е мислам на шофершајбната, оригиналното парно... Всушност се` она што го прави вистински Вилис од ВСВ. Иако во случајов се работи за Ford GPW според огласот и стаклото кое се отвара за вентилација освен што се спушта на хауба.
10.000 би дал само за комплетен, а вака за овој би дал 7-8000 € и би го досредил со уште 1000-1200 € под услов да нема механичко оштетување. Делови има само во САД, за ваков примерок цена не ме интересира, но кога ќе ти стигнат трошоци за поштарина (shipping) ќе ти се сврти умот...

Сепак, се сомневам дека нешто не е во ред механички затоа што и Махиндрата ги носи истите диференцијали, сличен менувач и кочници а до сега (40 год од производство) не сум имал проблем. Со мало санирање на трепкачите и фаровите и оригиналната боја со сите букви ќе се добие еден уникат.

Како би сакал еден ваков сега за роденден, мх мх
Кога ти е роденден :pos:
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
запазете го RENEGADE, концепт на JEEP



а иначе, го сакам гранд чироки:

ептен ми е топ =)
и патриот е океј, ама, нешто не ми штима кај него :S :D
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Не сум многу по концептите, повеќе сум за стандардни машини.

Инаку досега неколку Џип концепти ме имаат бендисано, па еве што ќе издвојам:




Стварно добар концепт е Гладијатор, штета што не го прават. Ептен ми прави мерак.



Концептот кој пред некое време крена многу прашина :) Hurricane со 2 Хеми мотори, карбонска каросерија, управување на сите тркала... Всушност Trail Ready би му дошло, без да треба да правиш модификации. Приказната вели дека требало да биде фарбан, но кога го склопиле карбонот изгледал толку добро што решиле да го остават така. :)
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Еве еден апдејт


Кон крајот на осумдесетите години од минатиот век и по повеќе од 40 години успешно постоење на светската автомобилска сцена, во Јеер започнува нова ера - ерата на Wrangler. Првиот Јеер, МВ, сега е реинкарниран во моделите Wrangler YJ, Wrangler TJ и Wrangler JК и притоа нема изгубено ниту малку од својата цел - доминација и неприкосновеност на тешки и незамисливи терени.​


21. 1987-1995 Wrangler YJ
Околу 1986/1987 година во светот се појави нов поим - Wrangler. Ниту најголемите фанови и вљубеници во Јеер не знаеја и не можеа да претпостават за што се работи, а новиот модел, на кратко познат како YJ, ги изненади сите. И покрај големиот ентузијазам на компанијата, овој модел прво не беше прифатен најдобро. Причината беше јасна - големи отстапувања од препознатливиот дизајн на Јеер. За прв пат беа вградени правоаголни фарови и изгледаше дека Wrangler не може да ги понуди можностите со кои Јеер ја стекна својата репутација. Меѓутоа по кратко време верните потрошувачи беа убедени во моќта на Wrangler и ги простија „гревовите“ на компанијата. Овој модел беше успешно продаден во 632.231 примероци, а можеше да се избира помеѓу моделите со 2.5, 4.0, и 4.2 литарски бензинци. Карактеристична потрошувачка за еден „американец“ поголема од 16 литри на 100 километри (за 2.5 моторот) и поголема од 23 литри (за 4.2 моторот) е главната причина зошто овие возила се вистинска реткост на македонските патишта.



22. 1997-2005 Wrangler TJ
Доказ дека времето ги лечи сите рани е Wrangler TJ. Дизајнерите како да посетија неколку часови по историја, па веќе кон крајот на 1996 тие ги исправија своите дизајнерски грешки. На Wrangler му беше вратен препознатливиот дизајн на големо задоволство на офф-роудерите. Моделот започна да се произведува во 1997 (во 1996 година не е произведен ниту еден Wrangler) и важи за еден од најкомфорните и најудобните Јеер-ови со кратко меѓуоскино растојание кои некогаш биле направени. Во понуда беше и моделот LJ, со поголемо меѓуоскино растојание и во ограничен број.



23. 2006 - >> Wrangler JK/ Wrangler Unlimited
Следејќи ги светските трендови и во обид да се справи со жестоката конкуренција, Јеер во 2006 го претставуваат моделот Wrangler JK кој се продава од 2007 па се до денес. Развиен на потполно нова платформа, ЈК има подобар упаден и излезен агол, поголем комфор и поголеми тркала од своите претходници. Овој модел се нуди во најразлични комбинации на опременост, можете да бирате помеѓу мек или тврд кров, полу-метални врати, поголеми тркала, системи за забава како и системи за помош во екстремни ситуации.
Можностите за надградување се бескрајни, но кога ќе помислите дека сте виделе се, сте се излажале. Во 2007 година на јавноста и беше претставен Wrangler Unlimited. Што? 4 врати? Електрични прозори? Клима уред?... беа многубројните прашања кои едноставно немаа одговор, а единствено маската на ладилникот и тркалезните фарови јасно покажуваа за што се работи - Јеер. Добри вести за офф роуд манијаците - сега не мораат да смислуваат изговори па на возење можат да го понесат целото семејство.


Jeep Wrangler Unlimited

Јеер во својата стандардна опрема го нуди нешто со кое никој друг производител на теренци, таканаречени „џипови“ не може да се пофали - несовладливост на терен и загарантирана забава уште во првите неколку километри.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom