Jeep Fan Club

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Еве и една тема за најстариот производител на теренци во светот - Jeep. Приказната започнува со армискиот Jeep Willys MB а традицијата продолжува и денес преку Compass, Patriot, Commander и секако, Wrangler. Ме интересира дали некој од форумџиите поседува возило на Jeep, може слободно да стави слики, да продискутираме и заедно да решиме некој проблем. Ме интересира каде и на каков терен возите и дали до сега сте се нашле пред непреодна препрека (нешто што мене ми се нема случено).
Ако некој има друг џип (ланд ровер, тојота, мицубиши, нисан, мерцедес, уаз, лада) може слободно да стави слики но под услов да каже и кој Jeep би сакал да го има.:smir:
Секако, и сите останати членови се добредојдени на дискусија.

Првиот џип на сите времиња.

Нешто што јас лично би сакал да го поседувам е ова (не знам колку пати веќе пишувам) CJ 7

Не дека не ги признавам останатите теренци (ЏИПОВИ) , но за мене Jeep секогаш ќе биде на прво место.
О|||||||O True Jeeper
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Премногу ги почитувам теренците на Jeep. Не поседувам ама ми праи голем ќејф Патриотот

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Премногу ги почитувам теренците на Jeep. Не поседувам ама ми праи голем ќејф Патриотот
Пријател купи ваков гланц нов, директно од МАС. Џипот е феноменален. Низок, широк со огромни тркала. Како за џип е мал, но кога ќе влезеш внатре се чувствуваш како во болид и мислиш дека со него можиш секаде да отидиш. Дава огромно чувство на безбедност и моќ, уште кога ќе го стартуваш срцето ти чука појако. Барем јас го добив тој впечаток. За разлика од сите „теренци“ т.е сув-ови со овој би се осмелил да одам секаде и не би го жалел.
 
mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52

Гранд Чероки:)

Вранглер:)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Уф, Вранглер. Лудило од џипче. Ме бендисуваат многу, штета што се ретки кај нас. Абе знаете нешто повеќе за увоз на возила од Америка? Можеме да довлечкаме некое вакво, 1600 долари е превоз со брод до Солун.
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Уф, Вранглер. Лудило од џипче. Ме бендисуваат многу, штета што се ретки кај нас. Абе знаете нешто повеќе за увоз на возила од Америка? Можеме да довлечкаме некое вакво, 1600 долари е превоз со брод до Солун.
Ретки се, да. Јас пронајдов еден, го продаваа во Кавадарци. Цената и така и така, за теренско возење каква лада какви зафрканции...Му нема рамен. Ама потрошувачката - ЛАМЈА од 15 литра бензин па нагоре. Тоа важи за 2,5 бензин, а оној со 4,0литра троши од 23 до 25 литра. ЗАТОА се ретки верувај. :) Друга работа, биле скапи деловите - скапи се ако кршиш нон-стоп и не внимаваш. Мојот џип е 40 години и е жив доказ дека со домаќинско возење ќе немаш мака.

Во мојот град има друг перфектен Вранглер YJ 4,0 и не можам да му се изнагледам...

Затоа што нема теоретски шанси да набавам СЈ 7, може некогаш ќе се возам со ваков )
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Колку бара? И каков модел е? Како твојот или како оној на сликите?

Има едно бате од Лерин доаѓа во Битола најчесто на лето со Вранглер, баш како твојот друже (стар модел е), само кабрио. Среден ненормално, хромирани бандажи, бела кожа внатре, надвор е темно - зелен акрилна боја и замисли... Шофершајбната му се спушта на хауба. Некогаш така доаѓа со спуштена шофершајбна. Лудило.

Edit: Еве која е руската копија на Вранглер. Ако го загледате подобро, ке забележите еден тон сличности

Џиш, Hunter нема врска со Вранглер :) Тоа е само еден обичен УАЗ со мнооооогу пластика и лити фелни. Не е копија.

Инаку тој Вранглерот беше како на сликата во претходниот пост, само со мек кров. Не можев да најдам со складна боја, ама ќе пробам да го доловам ефектот што го опиша Џиш.
Нема поубаво нешто од откриен Вранглер и извадени врати. Шофершајбната се спушта поради аеродинамиката и кога е спуштена внатре влегува помалку прашина и песок кога возиш побрзо.

Едит: Мислам дека на сите Вранглери можеш да ја спуштиш шофершајбната, не ме држете за збор.

Кога не би трошел толку, веднаш ќе го земевме... Јас имав „Вранглер“, и Махиндрата имаше 2,2 бензинец, одеше како луда ама пиеше 25 литра бензин. :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Грешка си... Првиот модел на Уаз како што е на сликата настанува по Вранглерот на Џип. Почачкај малку повеќе ке најдеш инфо :wink:

Инаку, се знае, секој џип е жеден. Сигурно и Махиндрата твоја со дизел мотор е над 10 низ град потрошувачка.
Нивата што ја имав јас (една од повеќето :)) имав ставено мотор од Фиат 1.7 дизел. Освен што имаше далеку поголема сила во искачување и влечење, низ град си трошеше 12-13 литри нафта.
 
Кога сме кај тој на сликата, Hunter се појавува во деведесетите, после Вранглер ама мене не ми наликува на него. :) Инаку Уаз 469 е постар и од СЈ 7 и од Wrangler-от ако е за тоа.

Секако дека ќе троши, но јас не се жалам, да не ме сваниш погрешно :). Teжок е над 1650кг, и ако го возиш со погон на сите 4 нормално дека ќе троши. Кај мене троши 9,5-10 а има мака оти е оригиналниот мењач, 3-брзинец. Сепак задоволен сум, 10 литра нафта и 25 литра бензин не е исто.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
3 брзинец??? Како го напасува моторот мајката :helou:...
Се шегувам, добро е да се има оригиналниот менувач. На нивата со Фиат мотор, пасуваше штраф на штраф. Само анласерот требаше да се “дообработи“.

А тој гркот иди баш со тој CJ 7 моделот. Ист потполно, само маската не му е напред хромирана.

Edit: Кога е произведен тој Вилусот најгоре??? :) Од него доаѓа и се понатака, па и Руското копирање.
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
3 брзинец??? Како го напасува моторот мајката :helou:...
Се шегувам, добро е да се има оригиналниот менувач. На нивата со Фиат мотор, пасуваше штраф на штраф. Само анласерот требаше да се “дообработи“.

А тој гркот иди баш со тој CJ 7 моделот. Ист потполно, само маската не му е напред хромирана.
Размислувавме со тато едно време за продавање, и баш заради тоа не ни се дава. Колку работа има вложено да знаеш... :)

Инаку дообработувањето си оди, не можевме да најдиме тогаш мењач како што спомнав од новите Махиндри, а и деликатен е. Заедно е со редукторот и зафрканции не се можни, плус и е многу мал. Такво нешто јас немам видено. Сега скоро допревме до 5 брзинец од Ленд Крузер 4,2 комплетен со редуктор, абе знаеш колкав е? Ќе ми треба приколка...

Инаку си го чувам бензинецот, изваден е со 12.000км :nesvest: Доаѓаа од Охрид за да го монтираат на пловни објекти, ама не го дадовме.

Едит: Тој горе е произведен во 1941, за потребите на американската армија. Слична приказна со Хамер, прво воена, па после цивилна верзија. Оттаму и доаѓа името на СЈ моделите - Civilian Jeep
Едит 2: Оттаму доаѓа секое копирање :baeh: :helou:
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Се мислев да правам потрага по еден Вилус кој што беше во Кавадарци, а го продадија пред некое време. Човекот го чуваше, му вгради Мерцедесов мотор и не го мрдна. Купи Лада Нива и замина Вилусот. Сега дури се сетив дека е всушност овој, кој онака СЛУЧАЈНО го најдов...

Состојбата на прв поглед е супер, порано беше фарбан во сино-жолта комбинација, немаше кров и уште стоеше на оригиналните гуми (јас ги чувам фабричките од Махиндрата :) ). Истите ги правеше Tigar, но веќе не ги прави па затоа овој носи руски гуми за Лада Нива. Доста е со објаснување...

Нема да заспијам додека не го видам...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ммм интересно. Имам еден другар во Бт, што се расправа со церади, претпоставувам дека тука е правена церадата. Инаку салам забегано човечето :) дури и лопата ставил.

А моторот од мерцедес добро се вклопил во целата комбинација.
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Моторот го местеа во Кавадарци, а оригиналниот мислам дека беше ок, ваљда го сменија ради потрошњата. Татко ми одма го позна џипот баш по моторот, има некои негови солуции околу монтирањето што си ги позна :):salut:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom