Ја оправдувате ли пиратеријата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338
Не сум за пиратерија! Веќе 2 месеца немам купено игра бидејќи решив пиратските цедиња да ги фрлам и со тек на време да ги заменам со оригинални. Попрво нема да играм одошто да играм игри без лиценца. Ја чекам ГТА 4 во Југотон цел месец :):)
 
зошто да не ја оправдувам...исти к*рац ти е само шо ке си платиш многу помалку пари....е сеа ако има некој за фрлање пари...нека си купва лиценцирани....
 
Можеби не ја оправдувам, но за некои тоа е начин на заработка, некои од тоа живеат :toe:
 
jas sum za piraterija bidejki vo drzavava se nema pari i tesko deka nekoj ke odvoi 1000 den za edna igraa ili 600 za cd so muzika
Можеби не ја оправдувам, но за некои тоа е начин на заработка, некои од тоа живеат :toe:
tie mozaat da zemat pari od svirki i nastapi gostuvanja(za bendovi)
 
За наши стандарди и услови секако дека ја оправдувам.
Луѓе едвај сврзуваат крај со крај, а не ќе купувале оригинали. Кога би се зголемил стандардот и би се зголемиле платите, тогаш и повеќе од очигледно е дека би била против пиратеријата, ама се дотогаш јасно и гласно сум ЗА неа.
 
ја оправдувам:helou:оргиналите се премногу скапи за наш стандарт:wink:
 
Живели Руси!!! Пиратерија владее и ќе владее уште многу овдека, не сме Скандинавија или не знам кој ебаве :icon_lol:
 
Jaс ја оправдувам пиратеријата кај нас зашо неаме стандарди да купуеме оригинали...Јас со радо срце би си купил оригиналки, ама нека ми дае некој пари! Ја неам за тоа...
 
па ја оправдувам, колку е една оргинална играм, најефтината може да е 500 денари, е сега јас за секоја игра да давам по 500 ко можам по 100 или за беспари да ја симнам. некој ке рече тие шо продавет пиратерија си ги поланат џебовите ама и тие треба да работат за леп и да се снајдуваат некако а овие шо продавет оргинали 100 пати појке си го полнет џебовите
 
Не ја оправдувам, а сепак користам пиратски цедиња и слично. Да се поправи стандард што е тешко тогаш би си купувал оригинали ама сега додека е безпарица колку и да не сакам пиратерија морам да купувам пиратски филмови, музики и игри.
 
Ако не беше тоа пиратеријата или интернетов ниеден добар филм немаше да гледам, тоа ти е. Инаку не е баш за оправдување затоа што авторските права се основно човеково право при универзалната декларација за човекови права на ОН.
 
Све ми е исто,ги наваѓаме цените поефтини,па некој живеат од нашиот промет,така да ги оправдувам.
 
Пиратерија - напред!

Едно ЦД кошта 20-50 центи да се произведе, а потоа се продава за 20-30 евра. Профит 100 пати поголем од производната цена.
Тука е и авторството кое е субјективна категорија.
Не е проблемот во пирати и оригинали, туку во идиотските цени и екстра-профити на авторите,менаџерите,продуцентите.
Демек овие шо продават ЦД-а на пазар му го земаат лебот на У-2, Мадона...
Ај ајајај
Ко ќе има нормална цена оригинал по цена 100-200 ден. при што пак ќе има солиден профит, тогаш секој би сакал да има оригинал.
Вака ќе го финансираат Мајкл Џексон да гради палати, да онади деца и да плаќа да не го затворат и да прави 100 операции.
Или Елтон Џон да оптегни кило кока на маса и да шмрка. И со приватниот џет да ги прати двете пудлици на фризер во Мајами. Дај бе не заебавајте...
Или некој хип-хоп менаџер да си купи јахта поголема од ланската.

Кутриот Бил Гејтс со неговите 60 милијарди.
Да не беа пиратите и тезгарите сега ќе имаше 100 милијарди. Го издупија за 40 милијарди, кутриот сега се теши со 60...

Еве сега со мп-3 револуцијата ги размрдаја газојте музичарите па последниве години имаме музички имина кои и кај нас доаѓаат што беше незамисливо пред 10-15 години. Нека прават концерти нека работат.

Кутрите уметници... а работникот кој произведува? Дали уметникот би сакал да плаќа за векна леб 50 евра, бидејќи некој ги заштитил авторските права на пекарство...

Копирајт е обично срање кое служи за екстра профити на музичката,филмската и било која индустрија.

Едно е ќар, нормално да си имаат ќар уметниците, да имаат за добар живот, ама немаат мерка. Имаше еден бенд од Англија кои изгореа 1.000.000 фунти како дел од уметнички перформанс. Прави пари. Ама имале пет-шеесет милиони и ги заболе, ќе привлечат внимание...

А има уметници и бендови кои ако не беше пиратеријата никој нема да знаеше за нив.

За уметниците кои ги боли глава кога купуваат производи што ги работат деца од 14 години 14 саати на ден во земја каде што платата е 50-100 евра (вреднување на трудот, жими ...) а нивното ЦД е 30 евра или книга 50 евра.

jollyroger.gif
 
Коа сум без пари,да. Ама од стрна, јас да сум продуцент, секако дека не.
 
Бидете среќни што има пиратерија иначе до ден денеска уште ке работевте во DOS компјутери не ке знаевте што е тоа Windows . се додека има интернет ке има и пиратерија :) да е жив торентот да е жив Rapidshare :) зошто да плакам 2000 денари за филм кога aXXo Ке го рипува зошто да купувам Album кога можам да си го симнам од торент па за тоа е интернетот , не е нетот да одиш само на кајгана и други слични форуми :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom