Многу заебана работа е простиот народ. Се додека не сфатите дека законите не ги носи Гвујо и компанија, ами меѓународниот фактор во земјава, ќе пиете ракија и ќе се тепате ко интел и реалниот дека Македонија влегува во фашизам, која смешка.
Во сите земји од ЕУ каде еврото не е национална валута, забранането е купувањето со евра. Исклучиво се користат домашните валути. Невозможно е да се купи во гранап, маркет, продавница со евра, мора претходно да се променат парите.
Зошто е ова вака? За да се стимулира денарот и националната економија значително да се подобри со зголемениот промет на денари.
Дали на Гвујо му текна ова? Никако, сите земји си ја штитат економијата со вакви мерки, затоа и постојат менувачници. На многу други земји претходно им текнало ваква мерка со право - ние каснеме години и години - и пак некому му смета тоа.
Очигледно комуњарчињава не можат да се откажат од феудализмот наметнат од бизнис логиката на еден од најголемите мафијаши на Балканот, БЦ.