Crazy in Love
Here's looking at you kid.
"На прашањето дали ДПА ќе дадат поддршка на Ѓорѓи Иванов, Тачи со одговор:
„Кој е тој? Оној што ги правеше сондажите, не му треба поддршка, зошто он секогаш ни вади 1,52 посто“, изјави Тачи."
![]()
Тачи? Нека се запраша зашто 1,52 посто вадел. Ако толку ги сметаат за лажни, тогаш што се потресуваат?
Кога сме веќе кај квалитетните кадри, зошто ДПМНЕ кандидира непартиски (како што вели) кадар ?
Околу кадрите, ете Нано Ружин е идеален потенцијален претседателски кандидат.
Е па ако е идеален, нека го кандидираат де. Никој не рече да не го кандидираат. Си има кампањи, избори и луѓето ќе си покажат кој е подобар избор.
А што се однесува до непартиски кадар. Претседателот и онака и вака треба да биде претседател на сите и не треба да биде од политичка партија, нели? Така што Ѓорѓи Иванов совршено влегува во таа приказна. Особено бидејќи е доблесен и чесен човек. А за не знам кој кажа за тоа што немал допир со политиката. Море, значи ако не го има на телевизија, не значи дека нема допир со политиката. Чекај, чекај, ќе почнат кампањите, па ќе се видат кандидатите, па ондак ќе зборам.
А не знам уствари, зашто се колете на темиве, кога ништо уште не е официјално. Тоа сеа се испотепаа по темиве, а не па кога ќе почнат кампањиве.:nesvest:
Јас не сум политички определен, но според мене од новиве кандидати нема некој што би можел да ја води државата. Го фалат Ќерим бил претседател на ООН, бил ова, бил она, а зошто не успеал да се заложи да влеземе во НАТО или да добиеме Шенген виза?
Како може долгогодишен професор што не треба да е исполитизиран, е кандидиран од владеачката партија? Значи студентите кои биле вмровски настроени им прогледувал низ прсти, а другите ги паѓал. Дали е тоа личност за прв човек на Државата?
Значи поголема глупост од ова немам прочитано! Кај Ѓорѓи Иванов можеш да пројдеш само ако учиш и се трудиш и ГО ЗАСЛУЖИШ ТОА! Студенти и кои се неутрални како јас и уште неколкумина го сакаат, студенти кои се за СДСМ го сакаат и има студенти кои се за ВМРО што го сакаат.
Кај тој човек нема човек што паднал заради партии и кај тој човек се учи и се проаѓа лесно, АКО УЧИШ!
ВАКВА НЕБУЛОЗА И ГЛУПОСТ И НЕОСНОВАН АРГУМЕНТ НЕ СУМ ПРОЧИТАЛА НИКОГАШ!
Подобро да се информираш и не треси глупости од ракав, затоа што некој и ќе ти поверува на овој одвратен апсурд.