Ивана Рожман: Одлуката на МОК ме уништи и ме натера да се откажам од атлетиката

Статус
Затворена за нови мислења.
Во коментарите е јака... пушела и пак била најдобра во Македонија... Затоа нека се натпреварува само во Македонија :D

Па пушење и не е толку лоша работа, не е во спротивност со напредок во кариера, баш напротив за дел особи :sneaky:
 
Па пушење и не е толку лоша работа, не е во спротивност со напредок во кариера, баш напротив за дел особи :sneaky:
Па да, ама треба да се знае и што да се пуши... не се пуши секоја цигара. :icon_lol:
 
Сеа читам коментарите на на страната на Екипа, оваа „оштетената“ ептен знае огнен јазик има :) Покрај фактот дека комуницира ко 14-годишно девојче со 1den и хахахахаххаха коментари на ФБ ..

Сеа е појасна сликата ..
 
Морам,
Јас сум АМАТЕР за трчање (ништо чудно и за 15 да ги истрчам 100те метри) ама ИСТО И РОЖМАН е АМАТЕР исто колку и мене. Ако јас застанам да се занимавам со нуклеарна физика и незнам неутрон шо е нема поента да барам државата да ми гради сај фај лабораторија и да плукам по нив дека сум дрвце малку нема смисла. Чисто ради илустрација примеров.
Така муабетот „најдобра“ македонска атлетичарка немој ти се молам.
Вакви антиталенти е срамота да се праќаат на олимпијада (сори ама лузерската девиза на Пјер не ја прифаќам).
Еден Оскар Писториус (секоја чест за чоекот) е побрз од овие антиталентиве наши.

Никој не рекол дека Рожман е професионална атлетичарка, напротив, самиот факт дека не остварила олимписка норма говори повеќе од доволно дека не е професионална атлетичарка, но ти прво измери за колку време ќе ги истрчаш тие 100 метри и ако ги истрчаш за повеќе од 12.92 секунди, тогаш таа е ПОДОБАР АМАТЕР, А НЕ ИСТ АМАТЕР колку и ти, а доколку ги истрчаш тие 100 метри за помалку од 12.92 секунди, е тогаш ти би бил подобар аматер од Рожман, а не ист колку и таа.

Трагично, но вистинито, аматер или како сакаш нарекувај ја, официјално, Ивана Рожман е најдобра македонска атлетичарка, достави доказ дека тоа не е така и јас веднаш ќе се согласам со тебе околу тоа дека таквите како нејзе не треба да се праќаат на Олимпијада.
 
Јас само не знам како не би и било срам два пати да иде со вајлд карта на ЛОИ. Ај еднаш ама два пати бе.... вајлд картата служи за пропаднатине земји што немаат вода у очи да имаат спортисти на ЛОИ и да се популаризира спортот во нивните држави со тоа.

Да не бидам сфатена погрешно, за немањето услови и катастрофалното работење на нашите федерации ја сфаќам комплетно и ја поддржувам но тоа е друг муабет, ама Ивана срце, еднаш беше и тоа во Пекинг. Знам дека Лондон е убав град (за мене топ 3 во Европа) и ти се шета, ама беше веќе во Пекинг. Некој ни до Блаце не бил.
 
Трагично, но вистинито, аматер или како сакаш нарекувај ја, официјално, Ивана Рожман е најдобра македонска атлетичарка, достави доказ дека тоа не е така и јас веднаш ќе се согласам со тебе околу тоа дека таквите како нејзе не треба да се праќаат на Олимпијада.

Ако е прва у село, не значи дека ќе се разликува во градот од која и да е друга селанка.
 
Кои резили човече, толкава магарица фатила се кара во коментари на портали :tapp:
Место да си гледаат работата, да вежбаат да мрднат од дното, они како малоумни се караат и тоа со феjсбук коментари.
Која неписменост покажува од друга страна, основни работи незнае место "од" пишува "от" :cautious:
Друга работа што ја знам приватно и знам дека е голем љубител на алкохолот и цигарчето :facepalm:
 
Meне кај девојчево реално ми пречат само оние обеткине.Доколку би ги тргнала,со задоволство би и ја дал мојата цигара.:drk: Не наплаќам како другите:icon_mrgr:.Шала на страна.Ако има надјобар резултат во Македонија и повеќе од јасно е дека треба да оди во Лондон.Не ми е јасно како е можно некоја што има послаб резултат да оди таму.Јасно ми е дека и Рожман да оди нема да направи нешто поспецијално,но барем сигурно нема да бидеме последни.Инаку денес Марко Блажевски отствари одличен резултат.Не беше ниту последен,ниту предпоследен.Каков успех!!!!!!!:cuc:Браво мајсторе....
 
Ако е прва у село, не значи дека ќе се разликува во градот од која и да е друга селанка.

Е па нека излезе градот со своја атлетичарка на Олимпијада, која ќе има подобри резултати од селанката и селанката веднаш ќе испадне од игра.
 
Е па нека излезе градот со своја атлетичарка на Олимпијада, која ќе има подобри резултати од селанката и селанката веднаш ќе испадне од игра.
Ако ни градот ни селото немаат атлетичар за достојно претставување, според мене ич никој нека не излегува. Ќе имаме може некогаш асални атлетичари па тогаш ќе се тркаме. Преку овакво од скијачи што 5 саати ги чекаат да стигнат на финиш линијата откако другите завршиле, или атлетичари што на Европско (не светско) првенство фаќаат 32ро од 33 натпреварувачи на почетната линија. Па уште и пијат, пушат, плус се жалат на МОК (неправедно), на мене и тебе.

Јасно ми е дека и Рожман да оди нема да направи нешто поспецијално,но барем сигурно нема да бидеме последни.

100% ќе сме последни во било кој случај. 12 и кусур секунди за 100 метри се смешка за тие спортисти.
Барем нека шета некој друг, што само оваа ќе ми шета по бел свет.
 
Ако ни градот ни селото немаат атлетичар за достојно претставување, според мене ич никој нека не излегува. Ќе имаме може некогаш асални атлетичари па тогаш ќе се тркаме. Преку овакво од скијачи што 5 саати ги чекаат да стигнат на финиш линијата откако другите завршиле, или атлетичари што на Европско (не светско) првенство фаќаат 32ро од 33 натпреварувачи на почетната линија. Па уште и пијат, пушат, плус се жалат на МОК (неправедно), на мене и тебе.
и тоа само во случај ако 33 не допатувал на натпреварот:)
 
Ако ни градот ни селото немаат атлетичар за достојно претставување, според мене ич никој нека не излегува. Ќе имаме може некогаш асални атлетичари па тогаш ќе се тркаме. Преку овакво од скијачи што 5 саати ги чекаат да стигнат на финиш линијата откако другите завршиле, или атлетичари што на Европско (не светско) првенство фаќаат 32ро од 33 натпреварувачи на почетната линија. Па уште и пијат, пушат, плус се жалат на МОК (неправедно), на мене и тебе.

Во целост се согласувам со тебе, но под услов тоа да важи за сите спортови каде што сме тапа, а во основа тоа се - па ако не сите, тогаш речиси сите спортови.

Со други зборови кажано, во целост да ги запреме сите тренинзи, подготовки, квалификации и натпреварувања на било кое ниво, почнувајќи од фудбалот (прекрасен каков што е, особено сега кога цело Скопје навива за Вардар, само Комити за Миравци), па потоа кошарката (четврта најдобра кошаркарска репрезентација во цела Европа, но сепак неквалификувана за учество на ЛОИ 2012), па потоа ракометот (поранешниот европски шампион во женски ракомет од 2002 година, Кометал Ѓорче Петров, повеќе не постои), а потоа сите останати спортови по ред.

Или да им дадеме шанси на тие кои се покажале и докажале како најдобри, па дури и со најкатастрофални резултати на натпреварувања надвор од државата, или на никого да не му пружиме шанса.
 
Добро, спортот во Македонија, посебно индивидуалните спортови, знаеме на кое дереџе се, тоа е факт околу кој сите се согласуваме. Но, каде беше Ивана да се буни кога отиде на Олимпијада? Не ја чув тогаш да се жали, да каже дека сака да се откаже од атлетика и покрај тоа што и тогаш мислам дека не исполни норма.
Каде се овие спортисти да се бунат, да создаваат медиумски притисок, да се притиска врз државата да инвестира во спортската инфраструктура, опрема, услови и сл.? Понекогаш имам впечаток дека во Македонија спортисти во индивидуални спортови постојат само за време на Олимпијада, останатите 4 години како да се во хибернизација!
Јас лично сметам дека за успех во спорт (покрај нели услови и сл.) потребен е и сопствен труд, односно треба да заслужиш за да се натпреваруваш. Не си исполнил норма - нема зашто да се буниш. Во ред, ситацијата е лоша, ама е лоша во текот на 4 години, лоша е 20 години, зашто само за време на Олимпијада, кога нив им е во интерес (сакаат да одат) тогаш почнуваат да ја колнат државата? Да ја избереа да оди, пак ќе и одговараше, ќе си отидеше и немаше овој муабет да го прави.
Според мене, воопшто не треба ни да има вајлд карти. Да, битно е да учествуваш, ако САМ си заслужил, макар и да немаме ниеден претставник. Зошто некој од било која друга држава на светов (не е само Македонија држава која има лоши спортски услови) кој се трудел, се мачел да исполни норма да се натпреварува и некој кој не успеал да исполни норма да се натпреварува? Зарем тоа е фер за спортистот кој деноноќно работел? Не зборам за Македонија, зборам општо за вајлд картите. Се треба да е по систем на заслуги. Исполнуваш норма - одиш, не исполнуваш - седиш дома.
Била на Олимпијада, не покажала ништо, овој пат одат други, тоа е тоа - кога веќе имаме вајлд карти, сигурно нема секоја Олимпијада на истите да се даваат и покрај тоа што немале резултати. На крај краева, како спортист не треба да ти е врв во кариера да добиеш вајлд карта за Олимпијада, туку да бидеш најдобар во тоа што го правиш и сам да си ја исполниш нормата.
Се нервирам затоа што се бунат само кога е во прашање или е загрозен нивниот личен интерес, а доколку бидат одбрани да одат ќе си молчат и ќе си уживаат. Е па не оди тоа така. Ситуацијата е за критикување, ама не условите да се критикуваат само кога има интерес да се критикуваат.
Иако примеров не е поврзан со Олимпијада, сепак ќе го споменам за да доловам поента:
Како може Наташа Илиевска и Дејан Недев, каратисти од највисок ранг да освојуваат медали на светски и европски првенства? Каратето што е развиено у Македонија, а бе ќути... :pos:Саде каратистичка нација сме, све каратист до каратист.:icon_lol: И нивните услови не се најдобри и тука нема пари, а сепак си освојуваат медали и го вејат македонското знаме на подиум.
Не е дека не сочувствувам со неа, спортот е на многу ниска точка во Македонија, индивидуалните спортови особено, ама да спиеш 4 години и после за Олимпијада откако не исполнуваш норма и плус не добиваш вајлд карта да почнеш да колнеш како сакаш да се откажеш... е па не иде. Зашто да чекам можност да добијам “пропусница“, кога можам на секој начин, со секојдневни тренинзи или што и да е, да се трудам да исполнам норма?
Плус се ФАЛИ со тоа што пуши цигари. Демек пушам цигари и најдобра сум!!
Каде со тој менталитет!!
Па госпоЖа, ти си СПОРТИСТ, ТРЧАШ м.м.е, не ни смееш да пушиш цигари, кој е тој спортски живот???????? Сега откако го прочитав ова, уште помалку ми е жал, нека се откаже уште подобро, пушела и била најдобра... Оф мори мајкооооооо!!!!!!!!:facepalm:
Еден од коментарите...
Ауу,колку неписмено било ова девојчево што сакаше да оди на олимпијада.Дечкото убаво напишал,со факти,по прописи,со бирани зборови,а дотичната удри по него со уличен речник.Досега не знаев дека може да се напише пост без употребен ниту еден интерпукциски знак.
Девојко,престани да се жалиш,си имала еден куп можности,не си успеала да обезбедиш норма и тоа е тоа.Нема простор за плачење,клеветење,кукање..
.
:pos:
 
После ова препукување дознавме дека постои атлетика во Македонија
 
Во право си е Ивана .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom