Италијанско првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар италијански клуб?


  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.
Среќни бе г'злаци ...? :jaj:

Како и да е, Рома покажа кој е кој, супериорна игра на теренот, и прекрасни акции! Јуве се спаси благодарение на глупавата грешка на Дони, кој при корнер ја напушти гол линијата :tapp:

- Вака цела сезона не ќе може Јуве, се гледа тоа.

Како и да е (Интер 2-2 со Ливорно, нема да коментирам :kesa:), Рома се први на табелата, и само нека продолжат така! :)

Доста само после пеналот рома беа подобри и ко ги дадоја голојте и тоа беше зато шо на јуве одбраната беше катастрофа.
Како и да е добро изиграја јуве со онаков искомбиниран состав (ќе потенцирам : на гости со Рома).

п.с. Има навивачи на Ливорно да отворам фан клуб? :pos2:
 
1.Рома-10
2.Интер-8
3.Аталанта-8
4.Фиорентина-8
5.Наполи-7
6.Јувентус-7
7.Палермо-7
8.Удинезе-7
9.Милан -6
 
не се знае ако ти текнуе прошлата сезона Катанија имаа добар почеток беа горе на табелата ама на крајот на сезоната се бореа за опстанок ... !?
 
Муту: Подобар сум од Тоти! :tapp:

Во трката за Капо Канониере (најдобар стрелец во Серие А), Муту се изјасни себеси за подобар од еден од фаворитите, Тоти.

Ќе видиме во среда што како!

линк
 
Муту: Подобар сум од Тоти! :tapp:

Во трката за Капо Канониере (најдобар стрелец во Серие А), Муту се изјасни себеси за подобар од еден од фаворитите, Тоти.

Ќе видиме во среда што како!

линк
Остај го ти Муту кај може он со Тоти , Тоти ти е легенда на Рома а Муту треба да јаде за да стане како Тоти :helou:
 
Go proglasija lani za najdobar vo seria A i sega misli Bog e!!! (son)
 
абе нема шаниси Муту со Тоти :uvo:
 
Денес читав во Шпиц дека пак се спрема случај за Милан и Интер и нивното неправилно работење во периодот од '99 до '03 година. Под истрага се Галијани и (кој е како него во Интер не го запамтив) + по некој менаџер од двата клуба.
Видете си повеќе во Шпиц.
Не ви давам линк оти нема на нивната страна ништо за ова замо во весникот.

Ако има некој информации од некој подоверлив сајт пишете. Интересен ќе биди случајов
 
Денес читав во Шпиц дека пак се спрема случај за Милан и Интер и нивното неправилно работење во периодот од '99 до '03 година. Под истрага се Галијани и (кој е како него во Интер не го запамтив) + по некој менаџер од двата клуба.
Видете си повеќе во Шпиц.
Не ви давам линк оти нема на нивната страна ништо за ова замо во весникот.

Ако има некој информации од некој подоверлив сајт пишете. Интересен ќе биди случајов
Има отворено тема за тоа :smir:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=16478
 
Анализа на тимовите

Гледам многу се летаат на помалку звучните екипи, јадат бурек за нив и сл.
Следам италијанско пренство веќе една деценија, па еве една моја кратка анализа на тимовите во калчото за сеозната 2007/08.


Ајде да ви кажам кој е кој во Сериа А...

Аталанта

Тренер: Џиџи Дел Нери
Одличен трене познат по своите успеси со Киево. Таканареченото''Чудо од Верона'' кога успеа за 2 години да го донесе Киево во елитата а воедно и да конкурира за врвот. Тоа беше пресвртната точка во кариерата на овој италијански стратег. Потоа имаше неколку неуспешни сезони во Порто, Рома, Палермо. Сега се надева дека ќе успее да го донесе тимот во Европа.

Главни поединци:

Kристијано Дони кој минатата сезона просто блескаше. Одлични партии во дресот на екипата од Бергамо претставува душата на тимот.

Рикардо Зампања првиот стрелец на тимот. Минатата сезона исто така беше движечка сила на клубот, кошмар за противничката одбрана... постигна 17 гола. И оваа година треба да биди предводник на нападот на Аталанта.

Квалитети:
Дел Нери е познат по тоа што преферира да игра класична 4-4-2 формација. Екипата игра добро на гостински терен и секогаш му задава проблеми на големите клубови(Интер, Јуве, Милан), уште подобро играат на домашен терен. Тешко дека некој ќе си замини од Бергамо со 3те бодови. Доказ на последните 15 меча на домашен терен немаат пораз. Значи екипа е една од оние, кои тешко ќе се совладуваат на нивен терен.

Позиција: Според мене би требало да котираат од 6-8 позиција на табелата.




Каљари

Тренер: Mарко Џампаоло
Млад и недоволно искусен тренер. Се прослави со успехот од пред две сезони, кога успеа да го одржи Асколи во елитата. Минатата сезона го превзеде кормилото на Каљари и на почетокот се држеше добро. Потоа како паѓаше формата на Суазо(главниот играч), така паѓаше и Каљари на табелата... во еден момент беше отпуштен, но потоа пак го вратија на клупата на Каљари. Oваа сезона ќе ја имаш шансата да се докажи со младата екипа на црвено-сините.

Главни поединци:

Пасквале Фоџа - тоа е играчот, кој моментално раководи со тимот на Каљари. Иако позајмен од Лацио, тој игра со цело срце и душа за Каљари. Дадена му е шансата да се докажи во средина каде нема силни поединци и навистина игра перфектно. Големите клубови од Италија и Англија веќе му фрлија око. Откако сам го изработи Јувентус... пола Европа е по него.

Роберт Аквафреска - исто така нов играч, дојде во замена за Суазо. Навистина млад талентиран напаѓач кој треба да се покаже. Во првите неколку средби игра просечно, но сепак најдоброто од него треба д аго очекуваме во иднина. Тој треба да претставува иднината на овој клуб, и достојно да го замени Суазо.

Квалитети:
Освен брзината која ја поседуваат играчите на Каљари, која може да се покаже опасна во контрите, ништо друго интересно не нуди овој тим. Оваа сезона типувам дека ќе се борат за опстанок и освен ако Фоџа не се покаже како следниот Баџо, мислам дека нивното место е сепак Сериа Б.

Позиција: 17-20




Катанија

Тренер: Силвио Балдини
Овој тренер доаѓа на местото на П. Марино, еден од најнадежните тренери во Италија. Нема некоја позабележителна кариера и досега водел клубови од Сериа Б. Ова за него е тест да се покаже што знае...
Преферира формација 4-2-3-1, па со бавна и мирна игра би требало малце да ја смири разбрефтаната екипа на Катанија.

Главни поединци:

Давид Бјаиоко - капитенот на слоновите од Сицилија. Командантот на средината на Катанија. Знае правовремено да даде длабочинска топка, одличе е во дефанзивна улога. Тој и М. Едусеи треба да го хранат напаѓачот со топки.

Џонатан Спинези - бомбардерот од Сицилија. Минатата сезона играше одлично. Ако ја задрал формата од минатиот шампионат има шанса Катанија да остане во елитата.

Квалитети:
Како што знаете минатата година се до фамозниот инцидент Катанија играше ОДЛИЧНО. Значи екипата има потенцијал, дали новиот тренер ќе успее тој потенцијал да го претвори во квалитетна игра ќе видиме. Би требало да се борат со екипите од средината од табелата....

Позиција: 13-15



Емполи

Тренер: Џиџи Кањи
Искусен тренер кој водел повеќе екипи во пониските лиги во Италија. Има одлична тактика и форсира брза и напаѓачки настроена игра. Успеа да го однеси Емполи во Европа т.е. во УЕФА купот.

Главни поединци:

Никола Пози - младиот репрезентативац на Италија е главната фигура во тимот на Кањи. Игра прекрасно и покажува голем потенцијал. Милан има опција да го врати во својот тим... ако продолжи со блескавите партии секако дека тоа ќе се случи.

Ихли Вануки - капитенот на тимот. Одлилен играч од средниот ред, го симболизира срцето на тимот. Голема пожртвуваност и лојалност кон клубот, еден од главните виновници за успехот на Емполи.

Квалитети:
Мирна и црвста игра во средината, одлични напаѓачи. Слаба точка на тимот е одбраната и често примаат голови. Немаат класа играч кој би ги вадел во одредени ситуации но тимскиот дух е на високо ниво и со него надокнадуваат многу.

Позиција: иако имаат слаб старт сепак би требало да котираан на средината од табелата 11-13 место.



Фиорентина

Тренер: Чезаре Прандели
Еден од предводниците на новата генерација на тренери во Италија. Одличен фудбалски стручњак, уште еден од легијата на тренери кои практивукаат напаѓачка игра. На моменти знае да уфрли и тројца напаѓачи, но знае и да постави дефанзивна тактика. Еден од најзаслужните за препородбата на старата Виола.

Главни поединци:
Годинава екипата на Фиорентина изобилува со младинци кои имаат огромен талент, сепак ќе издвојам два фудбалери.

Адриан Муту - наркоман или не, како прво Муту е пример за човек кој за зграпчил втората шанса. Успеал да се врати во живот и денеска претставува еден од најдобрите напаѓачи во Европа. МУТУ... можеби не звучи страшно како Анри или Роналдо, но сепак ова е играч кој со потег може да реши натпревар. Имаше одлична сезона во минатиот шампионат и на почетокот на новиот покажува дека ја задржал формата. ИГРАЧ ЗА ПОЧИТ!

Џампаоло Пацини - новиот Лука Тони? -Па како што тргнал, ДА! Одличен млад играч кој претставува иднина на италијанскиот фудбал. Талент невиден од времето на Дел Пиеро.... Само пофални зборови можам да кажам за овој човек. Според мене со Муту ќе претставуваат најсмртоносниот напаѓачки тандем во лигата.

Квалитети:
Па зарем има слабости оваа екипа? Првокласен голман, одлична одбрана, креативен среден ред кој се состои од младост и искуство, напагачи... бомбардери. Сето тоа зачинето со тактиката на Прандели. Дали ова ќе биде сезоната на ВИОЛЕТОВИТЕ? Само времето ќе каже...

Позиција: Топ 4, ако гигантите се фокусираат на ЛШ... Фиорентина има шанса да изненади од втор план.




Џенова

Тренер: Пјеро Гасперини
Поранешниот играч на Пескара, го прифати предизвикот и во 2005 застана на клупата на Џенова. За две години, успеа повторно да ја доведе екипата во елитата. Просечен тренер кој ќе има за цел да го задржи проволигашкиот статус на Џенова.

Главни поединци:
Во летниот преоден рок, екипата се засили со доста добри фудбалери... па има повеќе фудбалери кои заслужуваат да бидат спомнати. Сепак повторно ќе се задржам само на главните двајца.

Марко Ди Вајо
- уништениот италијанскиот талент кој од шампионот Јуве, стигна до самото дно(Сериа Б). Дали повторно ќе блесне и ќе покаже зошто своевремено играше во шампионот на Италија, или ќе остане просечен фудблер, кој го уништил својот талент... ќе видиме.

Алесандро Лукарели - помладиот брат на бомбардерот Кристијан Л. Треба да ја превземе улогата на командант на одбраната на Џенова и да ја спасува екипата од напаѓачите од калибарот на Ибра, Роналдо, Трезеге, Тоти... Дали ќе блеска со своите игри, како во дресот на Реџина или тоа биле неговите 5 минути?

Квалитети:
Искрено не сум ја следел оваа екипа, никогаш не ми се допаѓале. Според составот кој го имаат: Фигуероа, Бориело, Ди Вајо изгледа дека одат на изреката... нападот, најдобра одбрана. Сепак треба да ги видиме како ќе се покажат на дело, сега за сега се 15... реално тоа би требало да биде нивниот дострел.

Позиција: Дното на табелата, борба за опстанок 17-20




Интер

Тренер: Роберто Манчини.... Italy's Special One
Единствениот тренер кој издржал 4 сезони кај Морати, значи мора да има нешто посебно. Дали тоа се неговите тактики или е масон... никогаш нема да дознаеме. Да не го тупам, се сум кажал за него, дури и повеќе од што вреди.

Главни поединци:

Златан Ибрахимович - Шведскиот магионичар ''Ибракадабра''. Веќе и општо познат факт е... знаете како велат италијанските критичари? - Ако игра Ибра добро тогаш Интер победува, ако не е во форма... тогаш ние неразурите можеме само да се молиме. Златан е човекот околу кој се гради играта. Главната фигура и главниотчовек на Интер, со два потези може да реѓи натпревар а богами и да нанесе фрактура и дисторзија на зглоб. Значи на него треба да се надеваме, бидејчи кога му е денот знае и сам да ги победи Јуве, Милан, Рома.

Ж. Цезар
- ''еее кај го најде него од сите играчи во Интер?''
Хм, видел ли светот некогаш подобар голман од Буфон? - Епа, мислам дека игра за Интер и носи 14ка.
Доказ: земете ги во предвид последните 3 натпревари на Интер и видете што се вика рефлекс. Сега сфаќам зошто Морати се откажа од Буфон кога имаше шанса да го доведе во Интер.Не спаси на последните 3 меча... ако продолжи со оваа форма, розова е иднината за црно-сините.

Квалитети:
Нема да бидам пристрасен. Квалитетите на Интер се во индивидуалната игра, ако немавме играчи од светска класа, лошо ми се пишуваше. Немаме никаква поврзаност во играта, немаме среден ред. Се молам во ЛШ да не се падниме со Арсенал или Барса... откако фудбалерите на Интер ќе видат дека постои и збор/особина креативност во фудбалот, ќе се степаат за дресовите на играчите на Арсенал/Барса.

Позиција: Оптимист сум а фактите ми дозволуваат да мислам така. На хартија го имаме далеку најдобриот тим во Италија, но тоа треба да се пренесе и на теренот. Сепак мислам, дека се ќе се среди и типувам на 1 или 2 место.



Лацио

Тренер: Делио Роси
Поранешниот тренер на Аталанта се покажа како вистинскиот човек, за преродба на Лацио. Со мал и ограничен трансфер буџет успеа да направи тим кој стигна до ЛШ. Во тимот внесе хармонија, стабилност, ментална цврстина. Еден од топ 5 стратега во калчо лигата.

Главни поединци:

Томазо Роки - се разбира, најдобриот стрелец на Лацио во изминатите 2 сезони. Заедно со нашиот интернационалец Г. Пандев се страв и трепет за противничката обрана. Дава голем придонес во играта на Лацио, освен што дава голови често знае и да асистира.

Стефано Маури
- ''а зошто па сега тој?'' Требаше... Пандев? - НЕ! Сум патриот но сепак гледам реално на работите. Маури даде многу поголем придонес во играта на Лацио иако и Пандев не е далеку. Откако во 2006 дојде од Удинезе овој брз, eксплозивен играч внесе многу новини во играта на лациалите. Постојано ја разредува одбраната знае подеднакво добро да игра и со лева и со десна нога. Освен што асистира знае И постигнува голови. Навистина Лацио доби многу со Маури бидејќи тој е еден од најкорисните играчи во лигата.

Квалитети:
Одличен контра напад. Игра со брзи крила и брзи и подвижни напаѓачи, стабилна одбрана, просечен среден ред. Фали само еден играч кој би го понел тимот, но бидејќи парите не се најсилна страна на тимот од сината страна на Рим тим надокнадуваат со одлична тимска и дисциплинирана игра. Впрочем тоа е заслуча на нивниот стратег Д. Роси.

Позиција: Како минатата така и оваа година, крајниот дострел на Лацио е ЛШ. Дури и да не успеат во најсилното натпреварување сепак добро би им дошле парите. Значи ќе направат се што е можно само да стигнат до излез во Европа. Прогноза од 5-7 место на крајната табела.
 
Другата лекција ќе ја пишам утре... следат другите 11 тимови.

Ливорно, Милан, Наполи, Палермо, Парма, Реџина, Рома, Сампдорија, Сиена, Торино, Удинезе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom