Мистериозна средба на Моџи со Берлускони
Денеска во Рим главното внимание на новинарите го привлече мистериозната средба на генералниот менаџер на екипата на Јувентус, Лучијано Моџи со премиерот на Италија и сопственик на Милан, Силвио Берлускони. Моџи ненајавено ги посетил канцелариите на политичката партија на Берлускони во Рим, и откако состанокот завршил, Моџи не сакал да даде изјава за новинарите кои го пречекале. Медиумите веднаш почнаа со шпекулации дека наводно се работи за евентуален трансфер на Дел Пиеро во Милан, или пак премин на Лучијано Моџи на директорската позиција во Милан. Други пак претпоставуваат дека се работи само за пријателска средба. Останува да видиме дали во наредниот период некој ќе даде изјава за што всушност се работело, или пак ќе остане добро зачувана тајна.
МакСпортНет