Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Лани 5-6 месеци добри јадев неколку денови риба и 1-2 дена млечни производи. Од големите риби воглавно скуша, а лососот ми беше како великден после пости
Само заради советите овде (жива и други метали) прекинав секојдневно со големи риби и се префрлив на сардини освен петок и за викенд. ... Во секој случај поголема количина помагаат во исхраната и одржувањето на телото, а се најефтини протеини (со оние омега).[DOUBLEPOST=1395933353][/DOUBLEPOST]А што станува со речната риба или охридската? Во однос на протеини нели има иста количина а евентуално помалку тешки метали?
 
Последно уредено:
Сегде гледам различно. Некои пишуваат дека осличот и сардините слободно може да се јаде во неограничени количини, негде па гледам дека би требало максимум до 500 грама неделно да се внесува.
 
Помалите риби немаат проблем,ти пишува убаво и илустрирано.
 
Oва ми се виде интересно од линкот на Stef: "The mercury is particularly problematic during development, so these limits here are designed to protect women who might become pregnant and children 12 or younger."

Значи не е проблем освен ако не сте трудна жена или дете под 12 години. Секако мислам дека секој ден е премногу, јас јадам туна еднаш неделно, ослич еднаш неделно, и сардини измеѓу колку што ми се јаде..
Еве уште еден линк кај што пишува дека осличот (hake) и сардините имаат најниско ниво на жива од сите видови на риба: http://americanpregnancy.org/pregnancyhealth/fishmercury.htm (пак ќе кажам ограничувањава се за бремени жени и деца во развој, како што гледате и од името на сајтот..)
 
Помалите риби немаат проблем,ти пишува убаво и илустрирано.

Јасно, само што мислам дека осличот не е од малите риби, али па на некои места има инфо дека содржи многу малку жива и тука ми е дилемата.
 
Јасно, само што мислам дека осличот не е од малите риби, али па на некои места има инфо дека содржи многу малку жива и тука ми е дилемата.

Според мојата логика, осличот главно се храни со сардини и харинги, кои се со најниско ниво на жива, и веројатно затоа и тој самиот има ниско ниво на жива.
 
Што мислите за соиното брашно, добро е да се јаде ? Имам читано некаде дека за машкоста не било добро
 
Баш спротивно сојата е добра за зголемување на тироидниот хормон.
И сите истражувања се правени на глувци,кој не секогаш се добар анолог за вистина.
 
Што мислите за соиното брашно, добро е да се јаде ? Имам читано некаде дека за машкоста не било добро
Јас јадам производи од соја и соја директно прилично нон стоп кога сум на исхрана и не сум имал никаков проблем со ништо ниту верувам дека ќе имам.
Малце е маркетнишки трик (со делумна вистина ама тоа е друг муабет) за да се гледа сојата како ЕКСТРА инфериорна па дури и штетна наспроти други производи.
 
Колку протеин во грами има ако во пакување од 100г има 35% протеин во сува материја... стварно не го сфаќам ова ... мене би ми било логично да се 35г, но како што ми кажа еден што врши продажба на суплементи дека има 50г. Сега ќе почнам да земам од 80% што има, но би сакал да знам како може да се пресмета ( ако има некаков начин штом овој пресмета дека има 50г ). Инаку купувам козја сурутка. Со путер од кикирики, банана, овесни снегулки и млеко бапнам по вежбање... фантазија е, а инаку вака да се пие на пример само со млеко не верувам дека ќе може некој да го поднесе >_<
 
Протеини во сува материја значи од целата материја кога ќе ја тргнеш водата и прашината од 100% ти кажува колку е протеиниот.
Ако е козја сурутка генерално е 10 грама на 100 грама.
 
Има сурутка и со 35 грама протеин на 100 грама и 80 грама протеин на 100 грама.[DOUBLEPOST=1396369534][/DOUBLEPOST]
Колку протеин во грами има ако во пакување од 100г има 35% протеин во сува материја... стварно не го сфаќам ова ... мене би ми било логично да се 35г, но како што ми кажа еден што врши продажба на суплементи дека има 50г. Сега ќе почнам да земам од 80% што има, но би сакал да знам како може да се пресмета ( ако има некаков начин штом овој пресмета дека има 50г ). Инаку купувам козја сурутка. Со путер од кикирики, банана, овесни снегулки и млеко бапнам по вежбање... фантазија е, а инаку вака да се пие на пример само со млеко не верувам дека ќе може некој да го поднесе >_<
Ако има 35% протеин на 100 грама, нормално дека тоа се 35 грама протеин на 100 грама, 80% на 100 грама се 80 грама протеин итн.
 
Колку калории одприлика има едно макијато по кафичиве низ Скопје?
 
Зависи колку шеќер и какво млеко ставаат од 40 калории до 200 калории.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom