Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Невозможно е да се победи ИС само со воздушни напади. Се работи за структура слична на герила, борците се измешани меѓу населението.
Невозможно е да се победи ИС само со интервенција (копнена) во една земја. ИС се поделени во најмалку 2 земји (иако ги има и во Либан, Турција...) и слично на Талибанците, колку и да добијаат жесток удар, пак ќе бидат силни.

Но јас мислам дека е многу тешко да се победат ИС, дури и со жестока копнена интервенција каде и да се. Оној напредок што го имаат во Ирак и Сирија не е туку така дојден. Имаат дебело искуство од Ирак против Американците, и уште поголемо искуство во урбано војување добиено во Либија, Сирија... Без малку, се работи за професионалци.
ИС е структура хиерархиски средена, имаат команден синџир, во редовите на нивните сили се наоѓаат искусни Ирачки офицери, многу добро се вооружени, имаат квалитетна опрема и сл.
Да не зборуваме за поддршката што ја имаат од С.Арабија, Катар, плус огромните ресурси со кои располагаат.
Да се победи ИС, ќе треба време, многу време, дури и со вистинската стратегија...
Да се разбереме, тешко е да се победи исламската интернационала, тоа е вистина, таа ја има ќелии насекаде во светот и многу е тешко тие ќелии да се откријат. Достапноста до интернет и агресивната пропаганда регрутира војници и тоа е во ред. Јас никаде не го негирам тоа.

Но.....

Било каква воена структура, која патем имаше неуспех во Сирија но да не го рачунаме тоа, под бомбардирање на една од двете светски сили, и да не може да и се запре напредокот ?!?!?! И притоа да не заборавиме дека се работи за пустински предел.

Искрено тука има многу материјал за сомнеж, што тоа бомбардираат сојузниците ?
 
За прв пат после револуцијата од 1979 г. британски премиер оствари средба со ирански претседател.


_77798417_a918d660-4592-44da-93b0-780118404f88.jpg


http://www.bbc.com/news/uk-politics-29345404
 
Да се разбереме, тешко е да се победи исламската интернационала, тоа е вистина, таа ја има ќелии насекаде во светот и многу е тешко тие ќелии да се откријат. Достапноста до интернет и агресивната пропаганда регрутира војници и тоа е во ред. Јас никаде не го негирам тоа.

Но.....

Било каква воена структура, која патем имаше неуспех во Сирија но да не го рачунаме тоа, под бомбардирање на една од двете светски сили, и да не може да и се запре напредокот ?!?!?! И притоа да не заборавиме дека се работи за пустински предел.

Искрено тука има многу материјал за сомнеж, што тоа бомбардираат сојузниците ?
Е тоа не ми е јасно,како може наеднаш се појавија како болест низ целиот свет ? А за што? за да војуваат во Ирак и Сирија ? И тоа пази во кои земји имаат ќелии?
Велика Британија,Франција,Австралија,Германија,Норвешка,Турција,Бих,Косово итн, мене не ми е јасно како е можно да бидат толку организирани а да не бидат откриени толку време од разузнавачките служби на САД и други земји.. :unsure:?
 
Невозможно е да се победи ИС само со воздушни напади. Се работи за структура слична на герила, борците се измешани меѓу населението.
Невозможно е да се победи ИС само со интервенција (копнена) во една земја. ИС се поделени во најмалку 2 земји (иако ги има и во Либан, Турција...) и слично на Талибанците, колку и да добијаат жесток удар, пак ќе бидат силни.

Но јас мислам дека е многу тешко да се победат ИС, дури и со жестока копнена интервенција каде и да се. Оној напредок што го имаат во Ирак и Сирија не е туку така дојден. Имаат дебело искуство од Ирак против Американците, и уште поголемо искуство во урбано војување добиено во Либија, Сирија... Без малку, се работи за професионалци.
ИС е структура хиерархиски средена, имаат команден синџир, во редовите на нивните сили се наоѓаат искусни Ирачки офицери, многу добро се вооружени, имаат квалитетна опрема и сл.
Да не зборуваме за поддршката што ја имаат од С.Арабија, Катар, плус огромните ресурси со кои располагаат.
Да се победи ИС, ќе треба време, многу време, дури и со вистинската стратегија...
Всушност да се победи ИС е многу полесно од што повеќето луѓе мислат. Исечи ја главата на змијата. Секако ова важи доколку САД вистински сака да ги победи.

Главата на змијата се парите од С.Арабија, Катар...

Види, јас да сакам да пратам 5000 долари на некој во Сирија - Централната банка на Македонија ќе го спречи трансферот! Значи кога Македонија можела да смисли нешто со што ќе блокира финансирање на можни терористички акти, сигурно САД со сета своја разузнавачка служба многу добро знае кој ги финансира и каде им се парите на ИС. Спречи го трансферот на пари, блокирај им постоечки сметки на сите што ги финансирале до сега и гледај како самите меѓу себе ќе се испотепаат. Нема да треба со прст да мрднеш.
 
Родениот брат на „калифот" на ИДИЛ прима христијанство
Оваа сензационална вест ја пренесе катарскиот канал „Ал-Џазира". Братот на водачот на исламската терористичка групација ИДИЛ кој се прогласи за калиф, се обраќа во христијанската вера, соопштува информативниот портал Цалам 1, повикувајќи се на информативниот сервис „Ал-Џазира".

rodeniot-brat-na-kalifot-na-idil-prima-hristijanstvo-178743.jpg

Согласно со репортажите на катарските медиуми, Мухамед Бакр ал - Багдади, родениот брат на „калифот" на ИДИЛ Абу Бакр ал – Багдади, го напушти исламот и поверува во Христа.

Одлуката на братот на самонаречениот водач на „државата" предизвика бурна реакција во арапскиот свет: така радикалните теолози веќе издадоа релевантни фатви (клетви) со кои се пропишува ал – Багдади да биде казнет „заради отстапништво" во кој било дел од земјината топка и да се наоѓа.

Според зборовите на политичкиот аналитичар Џим Стерн, кој веќе неколку години ги истражува активностите на раководителите на ИДИЛ, во одлуката на Мухамед нема ништо ново или неочекувано. „Браќата Ал – Багдади не се виделе веќе 14 години", вели експертот. Нивните патишта се разделиле после американскиот напад на Ирак: Во тоа време кога Абу – Бакр замина во водите на воениот тероризам, Мухамед остана да работи како нафтен инженер во државата Тексас. Меѓу нив едноставно нема и никогаш немало ништо заедничко".

Братот на „калифот" живее денес заедно со семејството под измислено име, како заштитен сведок.
 
ИСИЛ имаат уште еден нов непријател: Вирусот ебола ги коси џихадистите, 10 луѓе надвор од воените редови!
tocka-138811.jpg

03.10.2014 | 09:55
Извор: Точка



Во извештајот на израелските разузнавачи се наведува дека повеќе од десетина џихадисти во Сирија ги покажуваат симптомите на ебола, смртоносниот вирус.


Смртоносниот вирус ебола започнал да ги коси и џихадистите од Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) во Сирија, пренесува Израелската новинарска агенција повикувајќи се на разузнавачките служби и израелските безбедносни сили.

ubiec-pomegju-ubicite-ebola-megju-jihadistite-ccc-strashno-1.jpg

Во извештајот на израелските разузнавачи се наведува дека повеќе од десетина џихадисти во Сирија ги покажуваат симптомите на ебола, смртоносниот вирус, кој однесе 3.091 жртва во Западна Африка, каде што поприми размери на епидемија. Повеќе од 6.500 луѓе се разболеа од ебола во пет западноафрикански земји кои се најтешко погодени од епидемијата.

ubiec-pomegju-ubicite-ebola-megju-jihadistite-ccc-strashno-2.jpg

"Знаеме дека ИСИЛ има воени логори во Африка и голема е можноста џихадистите таму да дошле во контакт со вирусот", вели за израелската агенција експерт за борба против тероризмот кој се претставил како Ави.
 
Џихадистите на ИС киднапирале околу 5 илјади жени и девојки, при нападите врз језидската заедница во Северен Ирак. Пет жртви кои успеале да побегнат раскажуваат за теророт кој го преживеале, пишува Deutsche Welle.

Петте девојки, инаку сестри, седат со наведнати глави, лицата прекриени со марами, рацете скрстени. Доаѓаат од Корчо, село на планината Синџар. Најмладата, Сејлан има 10 година, најстарата- Зехра е 20 годишна. Три недели биле во рацете на Исламската држава.

„На почетокот на август, џихадистите го нападнаа нашето село“, раскажува Зехра. „На селаните им дадоа да бираат, во рок од два дена да прејдат на ислам, или во спротивно, да бидат убиени. Но луѓето не сакаа да прејдат во ислам. Потоа не‘ однесоа во училишната зграда. Ги одвоија мажите од жените, во групи. Во последната беше мојот татко. Оттогаш не го видов“.

Се проценува дека околу 400 илјади Језиди биле протерани од своите села и градови во северен Ирак. Стотици биле убиени, а според последните податоци, околу 5 илјади жени биле киднапирани и одведени во Мосул, бројка која ја потврдуваат хуманитарните организации и западни дипломати.

Најлошиот прогон

Лалиш е центар на Језидската вера, во една изолирана долина во курдските планини. Многу бегалци тука најдоа привремено сместување. Баба Шеик, религиозниот лидер на малцинството, вели дека неговиот народ досега преживеал 73 погроми. „Но, овој е најлошиот од сите“. Стариот човек делува уморно и се мачи да и најде место на актуелната катастрофа во историјата на страдањата на Језидите. Религиозната заедница, која датира од пред-христијанското време, често пати била цел на радикалните муслимани. Језидите го обожуваат архангелот Тауси Мелек како божествена креација, но исламистите токму него го сметаат за ѓавол, сатана или Иблис. Теологијата на Језидите за нив е премногу комплексна, премногу богата со митови и божества- систем на верување кој е во контрадикција со подиректниот ислам.

Киднапирање на жени
„Првата ноќ спиевме околу два часа, кога дојдоа да не одведат во Мосул“, раскажува Захра. „Еден од нив побара од мојата најмала сестра да го открие лицето. Мојата мајка се налути и им се спротивстави. Тој повтори дека мојата сестра треба да го открие лицето или ќе ја убие. Мојата мајка почна да плаче. Потоа тој ја претепа и ја одведе“.

Во првите денови откако била одведена, Захра броела колку луѓе биле киднапирани или исчезнале на патот кон Мосул: 65 постари жени, 165 немажени девојки и 400 мажи. „Со мажите не знаевме што се случува. Една ноќ слушнав истрели и прашав еден од џихадистите што се случува. Ми рече дека тоа не е ништо. Подоцна ни кажаа дека сите мажи биле убиени“.

Следното утро, жените биле собрани во групи и одведени во Мосул, главниот град на самопрогласениот калифат на ИС. Според неколку сведоци, во градот постои некој вид пазар за жените, во кој доаѓаат мажи и избираат.

„Таму постои и канцеларија во која мажите можат да погледнат фотографии од жените и да се договорат за цената“, вели Сузан Ареф, познат активист за човекови права во Ирак. „Христијаните се поскапи од Језидите. Знаеме за случаи на жени кои биле држени од страна на ИС, а потоа биле вратени. Во најголем дел, жените се силувани веднаш по киднапирањето. Џихадистите најпрво ги делат меѓусебе, а пота ги продаваат на пазарот во Мосул и киднапираат нова група“.

На слобода само со откуп
Од околу 5 илјади киднапирани жени, досега се вратиле 43. Зошто биле пуштени, и на кој начин успеале да избегаат, останува нејасно. Се смета дека сунитските племенски лидери во Мосул и Фалуџа имале улога во нивното ослободување- најверојатно преку откуп. Тоа е веројатно единствената надеж за киднапираните.

Можно е и петте сестри да биле откупени, но тие не сакаат да кажат. Наместо тоа, тие размислуваат за иднината и стравуваат дека ќе бидат отфрлени од језидската заедница која ќе ги стигматизира како „извалкани“ жени. Затоа, седат на едно место, гледаат во земја и се држат за раце.

„Сега морам да ги заменам моите родители“, вели Захра. „Што ќе биде со нас?“
 
Има неколку теми од форумот кои ја допираат темата за Исламската Држава односно ИД, ИСИС, ИСИЛ, ИДИЛ, но сеуште никој на форумов ја немаше отворено непосредно. Навидум тоа е мало изненадување затоа што појавата на сеуште не многу голема, но повеќе и не безначајна воена сила која отворено се стреми државотворно да се рашири и да го покрие целиот исламски свет, (а и нешто пошироко), е прилично необичен феномен. Идеолошки не е нова појава. Тоа е стар исламски аманет за обновување на “халифатот,“ освојување на Рим (Ватикан) ако не и цел свет. Сепак неотворањето на оваа тема и не е изненадување. Иако поради необичноста темата е медиумски присутна вообичаено е во природата на луѓето (како народ, толпа) да избегнуваат право да ги гледаат опасните можности на иднината. Почесто сакаат да заборават на опасностите од иднината, и повеќе да се занимаваат со покомфорни теми. За жал таа страна на човековата природа е и виновна што поради неактивното градење на сопствениот живот опасните можности добиваат простор да стигнат до ниво на уште понепосредна опасност.

Развивањето на ваков феномен како „Исламска Држава“ беше замислив само за на телевизија. Само за на филм. Но се чини влеговме во времиња каде разумноста е потисната од човековите себеобмани што почнаа да се случуваат нештата кои беа можни само во филмски фантазии. Собирањето на илјадници „борци“ со методи на средновековна жестокост, сечења на глави, распнувања и со луди „филмски“ планови да се закануваат да се уништи Европа, САД, да се освои светот е прилично голем збир на лудило. Тоа е сфатливо за помали група на лудаци и такви терористички организации во кои се собрале десетина лудаци ги имало одамна. Мислам почнувајќи со анархистичките групи од втората половина на 19 век. Беше сфатливо за Чеченија поради тоа што тоа е мал народ во кој некоја фракција одлучила да употреби најсурови методи за да се избори за своите национални планови. Ама развивањето на сечачко лудило на вака широк фронт од овој вид во 21 век, ако добро се замислиш, е надреално. Да слушаш и гледаш и да не ти се верува дека се случува.

Би изложил размислување за причините?

Економска причина
Технолошкиот развој и информатичката револуција за народите создадоа меч со две оштрици. Истите му се пристапни и на народот но уште попристапни на моќниците. Со новите технолошки достигнување од минатите 2 децении, за моќниците настана опасност да ја изгубат контролата над граѓанинот. Оној кој може да има сопствен извор на енергија и самиот може да си создава храна веќе никој не го контролира. Таквиот човек е независен и ако нешто не му се допаѓа, тој ќе излезе и ќе се приклучи на бунт против она кое не му се допаѓа.
Но за жал технологиите му се попристапни на моќниците, отколку на народот. Затоа истата се користи за да ги а) контролира б) заблуди луѓето (заради полесна контрола), а од друга страна во секоја област од животот без исклучок се воведуваат „стандарди“ хасап, масап, се да биде регистрирано, сите земјоделци, сите производители, сите уметници, секое производство се до собирање на печурки, полжави и желки во природа. Никој не може со ништо да се занимава ако не биде регистриран. За да не остане никакво занимање кое ќе остави можност за не зависност и кое може да се рашири во слободно живеење каде довчерашниот господар нема да има со што ќе ги држи зависни подредените. Но континуираното медиумско расипување и создавање на блудни маси, води кон економски неуспешни општества. Луѓето веќе не се посветени, сериозни и вредни работници, нив ги интересира забава. Така што ова се јави како внатрешен култоролошко-економски проблем на технолошки развиените земји што се претвори во нивна економската криза. Во услови на слаби економски резултати, оние кои биле со векови господари тешко им е да прифатат да станат подредени. За да не се случи тоа, спремни се за создавање на потреси и немири низ цел свет со кои би ја зачувале својата владеачка позиција. Еден од тие потреси кој им овозможува зачувување на владечката позиција на досегашните господари е и изведбата на „Исламската Држава“.

Психо-социјална причина.
Број 1 е внатрешна реакција на екстремизам кој се случува во свеста на поединецот на морално нездравото време. Одредена религија ќе го покрие полето на таквата човекова свест која така реагира на сопствената зараза. Тоа е исламот. Неговата реакција на човеков пад е кога на моралниот пад сака да одговори со жестокост за нечија надворешна вина иако и тоа самото е ознака на духовна паднатост. Затоа кај нив, во нивната свест, христијанскиот свет и целиот останат „немуслимански“ свет станува виновен за она кое тој самиот го доживува и сака да се одбрани. А кога почнува да се брани, најжестоките реакции, најнечовечните стануваат најдобри „борци“. Така тој самиот станува средство на крајно ниско животинско неморално однесување кое верата му го оправдува како борба против нечиј неморал. Западниот свет продолжува да го потпалува затоа што никако не сака да ја согледа сопствената пропаднатост и со силата на својата конкретна моќ, на нивната насилна реакција, употребува крајно нехумани методи (пример Фалуџа, Гвантанамо, Абу Граиб) за да ги сузбива и уште повеќе го оправдува правото на обвинување за непоправливоста на „кафирите“ кои затоа мора да бидат сите уништени. Да не зборуваме за неморалноста и непринципиленоста на западот да им биде сојузник и да ги помага ако му се потребни како во рушењето на Мубарак, Гадафи, Асад. Велам западен свет, но со оглед на светско распространетото влијание на западно размислување, вината не е поставена само кон нив, туку кон сите и затоа сите кои не се муслимани, сите се виновни. Сите се кафири и сите треба да бидат отсечени. Сметам тоа е причината за некој млад муслиман да му влезе луда идеја да оди да сечи глави за Алах и исламска држава и да мисли дека тој јунакот го отфрлил злото и вака се бори против злото на целиот свет.

Западна политичка причина за дозволување на ваков развој.
Ова е многу поедноставно да се објасни. Доволна е една реченица. Муслиманите станаа премногу на број и на долгорочни стратешки планови тие треба да бидат намалени.
Се создаде нова ефтина технологија, која е пристапна за сите и крупните технологии достапни само за моќните и богатите не им гарантираа безбедност. Израел не може веќе само со подобра авијација и со ф-16ки воено да ги победува 2 милијарди муслимани. Повеќе тоа не е проста неспособна маса од втората половина на 20 век која само зелено се смее и извикува Алах Акбар. Затоа што науката се развива во многу правци и никој не знае што некој некаде може да измисли кое и може да биде безбедносна закана. Има не многу скапи технологии кои можат да бидат многу опасни и кои можат да прават штета, а кои однапред не можат да се предвидат. Не може веднаш да им се возврати конкретно и дополнително можат да варираат на начини каде оној кој само одговара на нив преминал во дефанзива. Од таму иде до развивање на модерниот концепт „да се удри прв“. Затоа што ако не се удри врз исламот сега, подоцна покрај сета средновековна ограниченост, тој ќе прави неконтролирана сериозна штета на места и страни каде што тој ќе посака. Вака сега ќе биде поставен на едно место. Затоа преку ваков циа-мосад проект како „Исламска Држава“, „ајде да ги доведеме на едно место“ и сите тука ќе идат, а ние ќе ги бомбардираме. Тие ќе се собираат, а ние само делумно и контролирано ќе ги поништуваме за да идат и други. Така ќе ги јакнееме нашите воени индустрии и моќи а други ќе ги плаќаат. Нафтата и засегнатите од кризата. И ќе ја шириме исламската држава во размери онолку колку што е потребно за да поништиме доволен број од нив. Ќе ги наведеме на меѓумуслимански борби како и во однос на Иран, Русија, Кина, Сирија и други држави и сили со кои ќе сакаме да се трошат едни со други. Тоа ќе треба и да потрае. Затоа и однапред изјавите на Обама дека „ова ќе трае со години“. Затоа, воопшто не се обидуваат пропагандно да се борат. Им оставаат прилично простор на интернет. Нетипично ги нарекуваат со името кое самите го користат: „Исламска држава“, односно со она што сакаат да бидат. Воопшто не се обидуваат да употребат некој друг назив со што би кажале дека се против она кое џихаидсите од ИСИС сакаат да го претставуваат. Напротив го употребуваат нивното себенарекување со што најдобро ќе ги мотивираат „џихадистите“ од цел свет да се појават на површина и да излезат да ја бранат „исламската држава“. Не ги користат претходните пропагандни техники. Стави го товарот на еден (и групата околу него), за цел народ да го одсечеш. Додека за Србија вината беше во Милошевиќ, за Ирак виновен беше Садам. во Либија Гадафи, во Сирија Асад, за Русија виновен е Путин. Тоа е пропаганден пристап ако нешто некаде сакаш да смениш, а не си во право, обвинуваш некого дека тој конкретно е претставник за наводно зло кое го претставува она кое не ти се допаѓа. Народот ќе застане зад него, ама ти не го обвинуваш народот и не го земаш предвид ќе речеш тоа е последица на режимот, популизмот. И ако таму има и голем број политичари со исти размислувања како посочениот, тие сите или ќе се истават или ќе застанат зад него, но нема да истапат паралено со посочениот против нападите од пропагандата. Така САМО ЕДЕН ќе излезе претставник и заштитник на она кое ти смета и колку и да е силен не може сам да ги издржи сите удари. Така си довел целата работа да зависи од пресекувањето на само на тој еден. Него си го направил глава, и ако го пресечеш него како приказ на она што сакаш да го поништиш си успеал да му ја одземеш силата. Но во овој случај со исламска држава не обвинуваат никого иако „исламската држава“ има глава односно кафир. Не означуваат некој поединец или група. Тој е виновен и тој ако се отстрани ќе се пресече силата на таа штетна појава. Ако биде некој означен, може ќе има ловци на глави кои ќе сакаат да станат херои или да заработат.
Сето ова покажува дека исламска држава е нивна изведба со тоа што намерно оставија простор за развивање на такво нешто за да се употреби за трошење на силата и бројноста на муслиманскиот свет како и други сопернички сили. Како тоа 3-4 илјади борци освоија милионски град и уште се закана за огромен милионски град Багдад со милиони шиити? Градови кои тежат со оружје и разни воени судири меѓу сунитските и шиитските квартови. Мислам дека се сеуште далеку од способни за да го освојат Багдад, но со ваквата пропаганда ќе ја заплашат ирачката војска и со тек на време и ќе ги направат доволни силни и навистина да станат закана за Багдад. Паѓањето на Мосул го оправдаа со предавство и препад, а предавничката вина падна на некој ирачки генерал. Како тоа толку големи парични средства најдоа оставени во Мосул? Кога некој бега, секако дека ќе мисли да ги понеси парите. И најпростиот избеглица кога бега со семејството, и ништо да не земи парите си ги зема. Ако ништо друго некој ќе посакал во хаосот на бегањето да ги укради за себе. Што стана со толку воинствените Мехди шиити од опасниот шиитски свештеник Садр кои до пред некоја година го потресуваа Багдад? Со кого џихадистите тргуваат со нафтата и секој ден заработуваат милион долари. Таа нафта преку банка или во готово се плаќа? И ако е во готово кои се тие канали? Зарем тоа може да се одвива без да се дознае? Како секојдневно се превезуваат толку големи количини на нафта? Преку цевководи или камиони? Не може да бидат толку големи количини со постојан превоз, а да не се знае кој ја купува и од каде поминува. Зошто не кажат кој ја купува нафтата од џихадистите? Еве да речеме оди во Кина. Како стасува во Кина? Нема од каде да помине! Зошто тие големи конвои со нафта не се пресечат со бомбардирањата? Ова не е Виетнам, тоа се пустински предели одлични за набљудување. Тоа се пустински предели кои имаат потреба од постојана достава од храна и вода. Како за пустина на избеглиците од џихадистите веднаш им снемува храна и молат за помош да не умрат, а џихадистите и другото население немаат таков проблем?? Од каде стигнува храна за тамошното население? Од кого ја купуваат храната? Зошто не го бомбардираат градот Рака центарот на ИД со цел да го пореметат животот на населението за да бидат отфрлени џихадистите? Па србските, либиските градови ги бомбардиравте, а сакавте и сириските да ги бомбардирате. Зошто не рекле дека го бараат каде се крие и за да бомбардираат калифот, воениот совет или верскиот совет. Ова е терористичка организација, не избран Претседател како Милошевиќ или Гадафи, а нив ги бомбардиравте. Зошто досега Исламска Држава нема изречено ниту еден лош збор за Израел кој инаку од муслиманите се смета за најголемиот непријател?
Премного нетипични и нелогични постапки. Премногу мачкање на очи.

Ова многу потсетува на Хитлеровиот план за Русија. Откако ќе ги освоиме големите градови, нема во целост да ги уништиме русите во азиско-сибирска Русија. Таму тој дел ќе служи како полигон за реално воено вежбање. Во европскиот дел од Русија ќе ни работат по селата, поинтелегентните ќе ни слугуваат по градовите, а на исток постојано ќе си ги вежбаме воените сили со праќање на единици, бомбардирање... Така ќе се вежба и јакнее силата на германскиот воен дух.

Ако некој прашал: „А што ако изведбата на 'Исламска Држава' излезе од контрола?“.
Нигде ништо не може целосно да се контролира, па затоа постои и таква можност. Но дојде ситуација кога и тоа е оправдано и исплатливо. Дури и да излезе од контрола тоа е пак помало зло од она што би се случило да се остави ваквата ситуација на толкав број на муслимани во светот. Нашите соперници со кои ќе се трошат муслиманите, се поблиску до нив, ние сме предалеку и сеуште премоќни за да ни бидат непосредна закана. „Така што и ако излезе од контрола, друг ќе страда, не ние“.
 
Последно уредено:
ИСИЛ е проект на САД и НАТО за да се руши режимот на Асад.. А инаку доколку НАТО навистина сака да ги срамни овие од ИСИЛ може тоа да го направи за неколку дена,ама овдека има други планови, заради тоа нема никакви резултати од воздушните напади на САД и коалицијата. Се игра една голема игра пред светот, Американците се главни креатори како и секогаш..
 
ИСИЛ е проект на САД и НАТО за да се руши режимот на Асад.. А инаку доколку НАТО навистина сака да ги срамни овие од ИСИЛ може тоа да го направи за неколку дена,ама овдека има други планови, заради тоа нема никакви резултати од воздушните напади на САД и коалицијата. Се игра една голема игра пред светот, Американците се главни креатори како и секогаш..
Да, само во тие игри не би му дал толку значење на Асад, тој не претставува некоја заканувачка сила. Играта повеќе е насочена кон Иран и Русија. Моето тврдење е дека се работи за: намамување и намалување на бројот на муслимани во нивни меѓусебни судири или во судири со други западни соперници (Иран, Русија, Кина, Сирија). Со што истовремено се разбиваат или слабеат тие соперници.
Треба да се прашаме која е сега и која може да биде во иднина засегнатоста на Македонија во врска со игрите околу „Исламската држава“?
 
ИСИЛ е проект на САД и НАТО за да се руши режимот на Асад.. А инаку доколку НАТО навистина сака да ги срамни овие од ИСИЛ може тоа да го направи за неколку дена,ама овдека има други планови, заради тоа нема никакви резултати од воздушните напади на САД и коалицијата. Се игра една голема игра пред светот, Американците се главни креатори како и секогаш..

Да, само во тие игри не би му дал толку значење на Асад, тој не претставува некоја заканувачка сила. Играта повеќе е насочена кон Иран и Русија. Моето тврдење е дека се работи за: намамување и намалување на бројот на муслимани во нивни меѓусебни судири или во судири со други западни соперници (Иран, Русија, Кина, Сирија). Со што истовремено се разбиваат или слабеат тие соперници.
Треба да се прашаме која е сега и која може да биде во иднина засегнатоста на Македонија во врска со игрите околу „Исламската држава“?

За да се разбере конфликтот на блискиот исток помеѓу муслиманите, треба да се земат во предвид двете страни кои се пресметуваат во конфликтот, а тоа се Турција - држава со мнозинско сунитско муслиманско население, и Иран - држава со мнозинско шиитско муслиманско население.

Сирија од една страна, е држава со мнозинско сунитско муслиманско население, но таму на власт е Башар ал Асад, кој е шиит, а Ирак од друга страна, е држава со мнозинско шиитско муслиманско население, но таму до 2003 година на власт беше Садам Хусеин, кој беше сунит.

За Иран е важно Асад да остане на власт во Сирија, бидејќи низ Сирија поминува главниот коридор преку кој Иран ги вооружува исламистичките движења Хезболах во Либан и Хамас во Газа.

Турција од друга страна, има корист од соборување на секуларистичкиот режим на Асад, кој ги штити малцинствата во Сирија, вклучувајќи ги и христијаните, Евреите и Курдите - особено Курдите, бидејќи Турција од секогаш имала проблеми со курдското малцинство кое живее на нејзина територија. Чисто колку за потсетување, додека Ирак беше под американска окупација, Турција, со дозвола на САД, бомбардираше цели во северен Ирак, каде што живее доминанто курдско население, а Курдите и христијаните се главните жртви на ИСИЛ/ИСИС/ИД.

Пацифистичкиот однос на Турција кон ИСИЛ/ИСИС/ИД, говори повеќе од доволно дека Турција ако не официјално и директно, тогаш неофицијално и индиректно ги поддржува овие злосторници. Чисто колку за потсетување, кон крајот на 2010 годниа и во текот на 2011 година кога се случуваа државните удари во Тунис, Египет и граѓанската војна во Либија, таканаречените демократски опозициски влади во прогонство, од тотално непозната причина, сите беа со седиште во Турција, која секогаш прва ги признаваше како легитимни влади на овие држави.

Факт е тоа дека ИСИЛ/ИСИС/ИД произлегоа од бројните терористички организации кои САД и Турција ги финансираа и вооружуваа во нивната борба против сириската влада на чело со Башар ал Асад, нарекувајќи ги борци за слобода и демократија, исто како што е факт и тоа дека до денешен ден, САД и Турција повикуваат на финансирање и вооружување на било кои организации, или подобро кажано, терористички организации, кои се борат и против Асад и против ИСИЛ/ИСИС/ИД, додека во реалност, такви организации на блискиот исток не постојат, а дури и да постојат, прашање на време е додека да се претопат во редовите на ИСИЛ/ИСИС/ИД.

Со разобличување на лажната Арапска пролет, која се покажа и докажа како Арапска зима, која секаде каде што помина, со себеси донесе се и сешто, освен слобода и демократија, оставката на владата која ја превзеде власта во Тунис после соборувањето на Бен Али, соборувањето на Мохамед Морси и на Муслиманското Братство во Египет, анархијата и тероризирањето на цивилното население во Либија од страна на истите таканаречени борци за слобода и демократија кои западот ги финансираше, вооружуваше и обучуваше и кои го масакрираа Моамер Гадафи, повеќе од јасно е пред целиот свет дека Арапската пролет, која во реалност е Арапска зима, е еден од најголемите неуспеси на надворешната политика на САД во втората деценија на 21-от век.

Сирија е единствената шанса која им остана на Барак Хусеин Обама и на неговата влада за да си го исчистат образот после нивните неуспеси во северна Африка. Се обидоа во 2013 година да ја бомбардираат Сирија, обидувајќи се да го претстават Башар ал Асад како злосторник кој користи биохемиско оружје за масовно уништување против цивилно население, но Русија и Владимир Путин ги спречија во намерата, додека истовремено Дејвид Камерон не успеа да издејствува одобрение од британскиот Парламент за Велика Британија да ја бомбардира Сирија.

Тука настапува ИСИЛ/ИСИС/ИД на сцената. Ако западот не може да ја бомбардира Сирија по своја волја кога и како ќе посака, може да исценира хуманитарна криза, која ќе ја искористи за да ја бомбардира Сирија, со цел да го собори Башар ал Асад, под лажното оправдание дека всушност ќе ги бомбардираат позициите на ИСИЛ/ИСИС/ИД. Додека Русија се соочува со меѓународни санкции и со конфликтот во Украина, западот се обидува да ги искористи во своја корист овие проблеми со кои Русија се соочува, надевајќи се дека нема да биде подготвена и доволно силна за да и помогне на Сирија.

Но додека Сирија е главната цел, сепак и Ирак е вовлечен во ова крвопролевање, бидејќи и на негова територија живеат Курди и бидејќи Турција сака сунитска влада на власт во шиитскиот Ирак, се со цел да го изолира шиитскиот Иран што е можно повеќе, кој да не заборавиме, соработува со Русија во областа на нуклеарната енергетика и во областа на вооружувањето како дел од партнерската програма на Русија и Иран за размена на иранска нафта во замена за руски производи и услуги.

Меѓу другото, ИСИЛ/ИСИС/ИД се од огромна корист за Турција во спроведување на нејзините планови за етничко чистење на блискиот исток од и онака малото христијанско малцинство во Сирија и во Ирак.

Или со други зборови кажано, ИСИЛ/ИСИС/ИД се алатката која им е потребна на САД, Турција и на западноевропските и централноевропските држави кои ја поддржуваа таканаречената Арапска пролет - која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што има поминато, со себеси има донесено се и сешто, освен слобода и демократијa - за да си го исчистат образот преку Сирија, или за полесно воспоставување на контрола врз Сирија и Ирак преку терористичка организација која ќе ги држи Сирија и Ирак, а по можност и други територии, под своја контрола, додека истовремено ќе им конкурира на Хезболах во Либан и на Хамас во Газа, кои се зависни од вооружувањето и финансиите кои ги примаат од Иран.
 
Последно уредено:
Еден член погоре мислам дека е умрен бидејќи толку многу се изнасмеа што тешко да е жив, сакам да кажам некои факти.Mорам да го потсетам дека на почетокот на освојувањата на Османлиите на Балканот,кога Волкашин и Углеша им нудеа сојуз на Србите и другите балкански држави да се здружат против Османлиите бидејќи овие напредуваат од ден за ден истите овие како членот погоре умирале од смеење за после да доживеат 5 вековно ропство и неброени масакри и разурнувања.Од воен аспект ИСИЛ неможе воено да освои никого онака машка борба ,,гради во гради'' или на мегдан,они тоа планираат да го направат со разјадување одвнатре.Они не се Отоманската војска со милиони војници,патем никој не верува дека може да заболи од канцер иако тој се развива во нас со години а ние викаме НЕМА ШАНСИ ЈАС БЕ ТОА ДА ДОБИЈАМ.. 90% од светската популација умира заради таа реченица,истото се случува и ќе се случи со ова.

Јас уште пред неколку години пишував дека муслиманите се обединуваат,бомбардирањата,војните,и се друго од Западот ги обединува секој ден.Напишав дека пророкот Мухамед самиот изјавил ,,Сите муслимани треба да се борат за да живеат во еден светски калифат (една исламска држава на цел свет)''.Јас живеам во Тетово,до сега 2,3 пати по пат до мене има пројдено жена/жени кои се разликуваат целосно од овие БУЛИ т.е албакнки и турчинки со шамии а разликата е во тоа што они беа покриени ЦЕЛОСНО ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ ВО ЦРНА ОБЛЕКА што директно е заповед на Шеријатот.Некој глуп Македонец сега (бидејќи тоа е својствено за нас Македонците) ќе рече АРНО ВИ Е НА ВАС ВО ТЕТОВО,НЕКА ВИ СЕ ШЕТААТ ТАКВИИ.. да,ама Тетово е дел од Македонија,денеска Тетово утре Скопје,задутре Штип...

Двата најголеми пророци во историјата на човештвото Ванџа и Нострадамус го имаат кажано истото,дека Европа ќе биде ОПУСТОШЕНА и владеена од муслиманите.Реално гледано тоа е на пат,Балканот плива од нив,а Германија,Франција и други држави ги имаат многу повеќе од нас... додека ние Хриситјаните во Европа ги вадиме очите меѓу себе со години,НЕ ЈА ВИДОВМЕ МАЛИГНАТА БОЛЕСТ КОЈА СЕ РАЗВИВА... Христијанство во 1371ва еднаш ја изгуби битката со Исламот баш заради вакви ретардирани смеења... ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА.. и пак ќе ја изгуби,ОД ИСТАТА ПРИЧИНА..

Друго... Македонија покажа со Смилсковско езеро дека е целосно неединствена,нас ни војната не не обедниува а не ваква закана.Македонија својот најголем раскол го доживеа баш во 2001ва,а на протестите на Смислковско езеро од страна на НАШИТЕ МИЛИ АЛБАНЦИ се вееја црни знамиња со арапски написи СЛУЧАЈНО слични ИЛИ исти како на ИСИЛ...

И уште еден факт на РЕТАРДИРАНОТО СМЕЕЊЕ а поврзано со пораз на Христијаните од страна на муслиманите.Европа исто се смееше,па после дигаше КРСТОНОСНИ ВОЈНИ и едвај го ослободи Ерусалим а Ерусалим го освоија............................... ???

Смејте се смејте се...
Во право си и ја сум од Тетово и исто има каков таков замав на радикален ислам а ние христијаните меѓу себе очи си вадиме[DOUBLEPOST=1412763679][/DOUBLEPOST]
Мислам дека грешиш.Европа е РАЗБУДЕНА кога Христијанството почнува да се шири.Не ја заборавај опсадата на Ерусалим од муслиманските армии тоа е далеку пред Османлиите па Крстоносните војни.. викаш муслиманите губитници биле а Европа секогаш победничката страна.. зависи за кој дел од Европа збориме,ако збориме за Германија,Франција,Италија и другите северни или западни Европски држави тогаш да,ама ако збориме за Југоисточна Европа тогаш Европа е апсолутен губитник.Пет вековното ропство на Балканот од Отоманската империја оставило огромни лузни на нас тука,прво населението е целосно измешано,моралните и традиционалните обичаи на Христијаните ги нема више итн... извини,но од моја гледна точка изгледа крајно имбецилски да кажеш во ова време ДАЈ БОЖЕ ДА ДОЈДАТ ДО ТУКА,извини а што ако дојдат,кој ќе им се спротистави сакам да слушнам ? МАКЕДОНЧИЊАТА кои во 2001ва од 2000 теорирсти се плашеа и не се одзиваа на поканите за резервисти ? МАКЕДОНЧИЊАТА кои чутат кога нивните деца ги масакрираат,земаат бугарски пасоши ? те молам.. па да ги имаше ИСИЛ во Македонија и да покажуваа снимки како колат Македонци со ножеви,па никој немаше да се осмели да отиде во армија да ја брани државата слично како Ирак! сите ќе се разбегаа од Македонија.. или пак МАКЕДОНКИТЕ кои се дупат со МУСЛИМАНИ.. ако мене ме прашуваш,со животот јавно гарантирам дека пример АКО ИСИЛ ДОЈДЕ НА БАЛКАНОТ И ЗАВЛАДЕЕ,МАКЕДОНКИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРВИ ШТО ЌЕ СТАВАТ ХИЏАБ И ЌЕ ЛИЧАТ НА БУЛИ... јас сум по баба внук на Никола Карев и јас лично ти кажувам... ОВИЕ ГЕНЕРАЦИИ НА МАКЕДОНЦИ СЕ НАЈКУКАВИЧКИ ОД ВРЕМЕТО НА АЛЕКСАНДАР ПА ДО ОВА СЕГА.. никогаш порано низ нашата историја немало вакви кукавици кои освен пијанчењето во петочните и саботните вечери и другите денови од неделата да кукаат ОВДЕ НЕМА ЖИВОТ не знаат ништо повеќе! затоа ќути... сум бил во Тетово во 2001ва... и од искуство ти кажувам,МОЛИ БОГА ДА НЕ ДОЈДЕ ДО ТОА... ќе остане Македонија само со едни Волци,Ренџери и Тигри да се брани..
е ова за македонките си тотално во право многу лоши жени излегоа се за интерес само
 
Последно уредено:
За да се разбере конфликтот на блискиот исток помеѓу муслиманите...
Анализава ти е сосем погрешна, од секој аспект.

ИС е група која отворено се бореше против Американците уште од нивниот влез во Ирак, 2003.
САД никогаш, не ја поддржувале ИС (и како и да се викаа претходно).
САД во Сирија најмногу ја поддржуваше ССА (FSA), кои своевремено беа сојузници со ИС. Турција, С.Арабија, Катар се тие кои ја поддржуваа ИС и сеуште ја поддржуваат.

Борбата за влијание во регионот е меѓу 3 сили: Турција, Иран и С.Арабија.
Саудијците ги користат сунитите (ИС) за борба за влијание, Иран ги користи шиитите (плус Хезболах и сл), додека Турција се обидува да се наметне економски и политички, немајќи таква поддршка од население и групации како што имаат Иран и С.Арабија. Но за разлика од Иран и С.Арабија, Турција е во голема опасност да загуби секакво влијание што има во регионот. Проблемот се Курдите, кои пак, се силно поддржани од САД.

Стратегијата на САД (и Русија?) е прилично едноставна- не смее да се дозволи моќна држава во регионот. Ниту С.Арабија, ниту Иран, ниту Ирак. Ирак еднаш проба да стане моќен играч во регионот... проба!
Слободно може да се очекува на расцепкување на Ирак, Сирија и Турција во регионот, впрочем секаде каде што има можност за тоа. Колку некој регион е порасцепкан, толку е полесен за контрола. Очекувајте Курдите да го имаат главниот збор во иднина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom