ИСИЛ е проект на САД и НАТО за да се руши режимот на Асад.. А инаку доколку НАТО навистина сака да ги срамни овие од ИСИЛ може тоа да го направи за неколку дена,ама овдека има други планови, заради тоа нема никакви резултати од воздушните напади на САД и коалицијата. Се игра една голема игра пред светот, Американците се главни креатори како и секогаш..
Да, само во тие игри не би му дал толку значење на Асад, тој не претставува некоја заканувачка сила. Играта повеќе е насочена кон Иран и Русија. Моето тврдење е дека се работи за:
намамување и намалување на бројот на муслимани во нивни меѓусебни судири или во судири со други западни соперници (Иран, Русија, Кина, Сирија). Со што истовремено се разбиваат или слабеат тие соперници.
Треба да се прашаме која е сега и која може да биде во иднина засегнатоста на Македонија во врска со игрите околу „Исламската држава“?
За да се разбере конфликтот на блискиот исток помеѓу муслиманите, треба да се земат во предвид двете страни кои се пресметуваат во конфликтот, а тоа се Турција - држава со мнозинско сунитско муслиманско население, и Иран - држава со мнозинско шиитско муслиманско население.
Сирија од една страна, е држава со мнозинско сунитско муслиманско население, но таму на власт е Башар ал Асад, кој е шиит, а Ирак од друга страна, е држава со мнозинско шиитско муслиманско население, но таму до 2003 година на власт беше Садам Хусеин, кој беше сунит.
За Иран е важно Асад да остане на власт во Сирија, бидејќи низ Сирија поминува главниот коридор преку кој Иран ги вооружува исламистичките движења Хезболах во Либан и Хамас во Газа.
Турција од друга страна, има корист од соборување на секуларистичкиот режим на Асад, кој ги штити малцинствата во Сирија, вклучувајќи ги и христијаните, Евреите и Курдите - особено Курдите, бидејќи Турција од секогаш имала проблеми со курдското малцинство кое живее на нејзина територија. Чисто колку за потсетување, додека Ирак беше под американска окупација, Турција, со дозвола на САД, бомбардираше цели во северен Ирак, каде што живее доминанто курдско население, а Курдите и христијаните се главните жртви на ИСИЛ/ИСИС/ИД.
Пацифистичкиот однос на Турција кон ИСИЛ/ИСИС/ИД, говори повеќе од доволно дека Турција ако не официјално и директно, тогаш неофицијално и индиректно ги поддржува овие злосторници. Чисто колку за потсетување, кон крајот на 2010 годниа и во текот на 2011 година кога се случуваа државните удари во Тунис, Египет и граѓанската војна во Либија, таканаречените демократски опозициски влади во прогонство, од тотално непозната причина, сите беа со седиште во Турција, која секогаш прва ги признаваше како легитимни влади на овие држави.
Факт е тоа дека ИСИЛ/ИСИС/ИД произлегоа од бројните терористички организации кои САД и Турција ги финансираа и вооружуваа во нивната борба против сириската влада на чело со Башар ал Асад, нарекувајќи ги борци за слобода и демократија, исто како што е факт и тоа дека до денешен ден, САД и Турција повикуваат на финансирање и вооружување на било кои организации, или подобро кажано, терористички организации, кои се борат и против Асад и против ИСИЛ/ИСИС/ИД, додека во реалност, такви организации на блискиот исток не постојат, а дури и да постојат, прашање на време е додека да се претопат во редовите на ИСИЛ/ИСИС/ИД.
Со разобличување на лажната Арапска пролет, која се покажа и докажа како Арапска зима, која секаде каде што помина, со себеси донесе се и сешто, освен слобода и демократија, оставката на владата која ја превзеде власта во Тунис после соборувањето на Бен Али, соборувањето на Мохамед Морси и на Муслиманското Братство во Египет, анархијата и тероризирањето на цивилното население во Либија од страна на истите таканаречени борци за слобода и демократија кои западот ги финансираше, вооружуваше и обучуваше и кои го масакрираа Моамер Гадафи, повеќе од јасно е пред целиот свет дека Арапската пролет, која во реалност е Арапска зима, е еден од најголемите неуспеси на надворешната политика на САД во втората деценија на 21-от век.
Сирија е единствената шанса која им остана на Барак Хусеин Обама и на неговата влада за да си го исчистат образот после нивните неуспеси во северна Африка. Се обидоа во 2013 година да ја бомбардираат Сирија, обидувајќи се да го претстават Башар ал Асад како злосторник кој користи биохемиско оружје за масовно уништување против цивилно население, но Русија и Владимир Путин ги спречија во намерата, додека истовремено Дејвид Камерон не успеа да издејствува одобрение од британскиот Парламент за Велика Британија да ја бомбардира Сирија.
Тука настапува ИСИЛ/ИСИС/ИД на сцената. Ако западот не може да ја бомбардира Сирија по своја волја кога и како ќе посака, може да исценира хуманитарна криза, која ќе ја искористи за да ја бомбардира Сирија, со цел да го собори Башар ал Асад, под лажното оправдание дека всушност ќе ги бомбардираат позициите на ИСИЛ/ИСИС/ИД. Додека Русија се соочува со меѓународни санкции и со конфликтот во Украина, западот се обидува да ги искористи во своја корист овие проблеми со кои Русија се соочува, надевајќи се дека нема да биде подготвена и доволно силна за да и помогне на Сирија.
Но додека Сирија е главната цел, сепак и Ирак е вовлечен во ова крвопролевање, бидејќи и на негова територија живеат Курди и бидејќи Турција сака сунитска влада на власт во шиитскиот Ирак, се со цел да го изолира шиитскиот Иран што е можно повеќе, кој да не заборавиме, соработува со Русија во областа на нуклеарната енергетика и во областа на вооружувањето како дел од партнерската програма на Русија и Иран за размена на иранска нафта во замена за руски производи и услуги.
Меѓу другото, ИСИЛ/ИСИС/ИД се од огромна корист за Турција во спроведување на нејзините планови за етничко чистење на блискиот исток од и онака малото христијанско малцинство во Сирија и во Ирак.
Или со други зборови кажано, ИСИЛ/ИСИС/ИД се алатката која им е потребна на САД, Турција и на западноевропските и централноевропските држави кои ја поддржуваа таканаречената Арапска пролет - која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што има поминато, со себеси има донесено се и сешто, освен слобода и демократијa - за да си го исчистат образот преку Сирија, или за полесно воспоставување на контрола врз Сирија и Ирак преку терористичка организација која ќе ги држи Сирија и Ирак, а по можност и други територии, под своја контрола, додека истовремено ќе им конкурира на Хезболах во Либан и на Хамас во Газа, кои се зависни од вооружувањето и финансиите кои ги примаат од Иран.