Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
lg.php



КАКО ФУНКЦИОНИРА ИСИС
Групата има приходи од нафта, има армија и оружје, организација и хиерархија, има контрола на огромни делови од Сирија и Ирак, а сега сака да и биде признаена и државноста.



kako-funkcionira-isis-100905.jpg

Организација
Според запленетите документи ИСИС има детална структура која ги регулира сите функции и надлежности на териториите што ги контролираат.

Хиерархиски:
- Највисока позиција има самопрогласениот калиф - Абу Бакр ал-Багдади.

- Под него е советот, составен од советници кои имаат директен контакт со Багдади, плус тие решаваат за религиозни прашања, наредуваат егзекуции и се грижат сите политики да одговараат на доктрината на ИСИС.

- Кабинет, кој функционира како мини влада со надлежност за прашања како финансии, безбедност, медиуми, затвореници и регрутирање.

- Локални лидери, од кој најголемиот дел се поранешни офицери од армијата на Садам, и во основа се нешто како кметови, секој задолжен за својот регион.

Територија
Летово во Сирија успеаа да вратат дел од територијата што ја изгубија од други бунтовнички групи, притоа освојувајќи и неколку владини воени бази. Меѓутоа и понатаму имаат проблеми на границата меѓу Сирија и Ирак.

Во Ирак, по првиот напредок, тие налетаа на проблеми откако Американците се вклучија во судирот, па сега ирачката армија и Курдите успеаа да ја освојат раната Мосул и градот Амерли.


Финансирање
Од продажба на нафта од рафинериите што се под нивна контрола, ИСИС дневно заработува меѓу 1 и 2 милиони долари на ден. Процената е дека само во Ирак тие произведуваат меѓу 25 и 40 илјади барели нафта на ден.

Власт
Кога ИСИС освојува град прво тие се осигуруваат дека ќе функционираат неколку основни сервиси, и воведуваат владеење на својата верзија на Исламот - затворање на сите продавници за време на молитви, покривање на жените, јавни егзекуции и ампутации. Плус во секој град се рушат туѓите религиозни објекти и забрането е масовно собирање.

Војска
ЦИА верува дека ИСИС во Ирак и Сирија има меѓу 20 и 31 илјада џихадисти, од кои околу 15.000 се регрути од странство. Најголем дел од гурбетџиите доаѓаат од соседните муслимански држави.

Оружје
Во последната година најголем дел од оружјето на џихадистите доаѓа од освоените воени бази во Сирија и во Ирак. Плус тие успеаа да запленат и неколку пратки кои беа наменети за умерените бунтовнички групи во Сирија.
 
Финансирање
Од продажба на нафта од рафинериите што се под нивна контрола, ИСИС дневно заработува меѓу 1 и 2 милиони долари на ден. Процената е дека само во Ирак тие произведуваат меѓу 25 и 40 илјади барели нафта на ден.

Заради ова Америка планира да ги збрише
 
Уапсени припадници на ИСИС во Сиднеј: Планирале да киднапираат цивил и да му ја отсечат главата!
tocka-137404.jpg



Уапсените припадници на ИСИС, според полицијата во Сиднеј планирале киднапирање и убиство на случаен минувач. Нивниот лидер е осомничен и за регрутирање на исламисти.


Австралиската полиција во антитерористичка акција утрово уапсила 15 лица кои се осомничени дека се членови на терористичка група која планирала киднапирање на случаен минувач во Сиднеј, за потоа да му ја отсечат главата пред камера.

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-01.jpg

Во акцијата учествувале повеќе до 800 полицајци. Австралискиот премиер Тони Абот изјавил дека терористичкиот план го направил Австралиец, кој е еден од лидерите на ИСИС во таа земја.

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-02.jpg

"Барал од потенцијалните терористи да организираат ликвидација со сечење на глава на сред Сиднеј", рекол Абот.

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-03.jpg

Станува збор за Омарџах Азариј, кој бил уапсен во предградието на Сиднеј и против него било поднесено обвинение за планирање на терористички напад во Австралија.

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-04.jpg

Тој е осомничен и дека регрутирал голем број австралиски државјани кои сега се борат на страната на исламистите. Антитерористичка акција имало и во Бризбејн, каде што полицијата привела неколку лица, пишува CNN.

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-05.jpg

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-06.jpg

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-07.jpg

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-08.jpg

avstralija-isis-uapseni-teroristicka-akcija-09.jpg
 
СИРИСКИОТ ПАЦИЕНТ
Вработена во приватна болница во Мерсин, град на медитеранскиот брег на Турција, испрати писмо до полицијата и парламентот со тема - смачено ми е да лекувам ранети терористи од ИСИС.


siriskiot-pacient-101128.jpg

"Ги лекуваме, а потоа тие одат и им сечат глави на луѓе. Мака ми е од лекување на ранети ИСИС милитанти," напишала анонимната болничарка Е.Г. во писмото што го објавува весникот Тараф, а кое го добија парламентот и полицијата.

Весникот пишува и за други здравствени работници во Мерсин и останатите провинции во близина на границата со Сирија, на кои не им е сеедно што треба да им помагаат на милитантите.

Во писмото Е.Г. објаснува дека долго време е вработена во приватна болница во Мерсин, и дека посебно во изминатата година имаат голем број ранети Сиријци, кои постојано се претставуваат себе си како "опозициски членови." Во последно време голем број од ранетите признаваат дека се членови на ИСИЛ.

"Бев крајно вознемирена од ова. Многу жалам заради оваа ситуација. Потресена сум од фактот дека ги лекуваме овие луѓе во нашите болници, додека нашите луѓе се нивни заложници," напишала Е.Г.

ИСИС во изминатите три месеци како заложници чува 46 Турци.

"Командантот на ИСИС Мухамед Али Р. кој беше примен во нашата болница на 7-ми август беше лекуван во соба 323. Голем број од неговите телохранители стражареа околу болницата. Голем број на други команданти и војници на ИСИС се лекувани во нашата болница, и се враќаат во војната по крајот на третманот. Не сакам да им помагам на овие луѓе. Сакам да направите инспекција во болниците. Им се обраќам на сопствениците на болниците и на менаџментот да се свртат малку кон Бога," порачува Е.Г.
 
Еве нешто ново, за сите ретарди што одат во војна за ИСИЛ.

http://nsnbc.me/2014/09/19/usfrance-launch-syria-war-version-2-0/

McCain_ISIS_FSA_voltairenet.org_Tarpley_USA_Syria_Iraq.jpg

Мекејн на состанок со сириската опозиција, во кои е и сегашниот Kалиф на ИСИЛ, АлБагдади :)

На мала врата сега америве можат да бомбардираат во Сирија, претходно конгресот тоа му го забрани на Обама.
И Израел си има своја корист, ИСИЛ ги прекина Сирија и Иран :)

Русија е напикана во пештера (дупка) и сега се е спремно да го еб*т Асад
 
Braво за американците, огромни пари и пред се невини жртви масакри злосторства од библиски размери се тоа само за да го ебат Асад, БРАВО!
“чесните демократи“
 
Аха,да беше тоа причината.Во контекст на муабетов...
http://en.firatnews.com/news/news/isis-good-business-for-turkey.htm
Фуад Хусеин е висок функционер во курдскиот автономен регион.
http://rudaw.net/english/interview/16092014
Secretary of State John Kerry said Turkey had pledged to take part in a US-led coalition against IS following the release of 46 Turkish hostages on Saturday, AFP reports.
 
Borci Islamske države se dogovaraju tokom borbe na BOSANSKOM

Еве го и видеото:

Албанци, Босанци, Чеченци, .... Сите што имаа(т) помош од Америка, директна или индиректна, воена или финансиска сеедно. Сенатор на состанок на кој присуствува Ал Багдади. Америчко вооружување на ове формации......


И има уште испрани мозоци кои мислат дека САД се борат против Исламската држава, а не дека Исламската држава е тригер за воено учество на САД во регионот. Невероватно....
 
Syrian refugees are lining up at the Turkish border to return to Syria to fight ISIS on the ground.
 
Закана за обезглавување на двајца Германци кои се киднапирани од страна на милитантнaта муслиманска група Абу Сајаф, која делува на југот на Филипините.

За животот на Германците оваа група бара до 10 – ти октомври да им бидат исплатени 250 милиони пезоси (околу шест милиони долари).

Абу Сајаф се закани дека ќе ги обезглави овие двајца, но и други Германци, ако Германија ги поддржува воздушните напади на САД врз упориштата на Исламската држава во Сирија и во Ирак.

На снимка објавена на сајтот „Ворлд анализес’’ во придружба на вооружени и маскирани припоадници на Абу Сајаф се прикажни германските државјани Штефан Виктор Оконек (71) и Херике Дајсен (55), кои беа киднапирани во април годинава кога со јахта пловеле во близина на островот Палаван. Тие тргнале од малезиската провинција Сабах, а празната јахта ја пронашле рибари од Филипините.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom