Аман бре човек, со што се занимаваш за да ги наполниш и да ги цркниш толку хард дискови во 2 години ?
Не е битно, но Вестерн Дигитал е докажан и проверен бренд наспроти Сигејт и овие останативе.
Јас имав SATA2 хард диск од Вестерн Дигитал од 500 GB и маста му ја извадив, до тој степен што почна да губи податоци бидејќи го наполнив до врв. За среќа навреме интервенирав и му ослободив околу 20% од капацитетот и податоците самите се вратија после првото дефрагментирање.
Истовремено, од огромна помош ми беше алатката
Data Lifeguard Diagnostic од Вестерн Дигитал, мало програмче, но од огромна корист, со саати го прегледува хард дискот, но на крајот ти дава одлична слика за тоа во каква здравствена состојба е хард дискот и може да го излечи, доколку не си поминал некоја граница од која нема враќање. Кога го спасував SATA2 хард дискот од 500 GB, изгубив само 2 датотеки помали од 1 гигабајт, што е за пофалба во споредба со останатите над 450 гигабајти кои ги спасив.
Денес користам SATA3 хард диск од Вестерн Дигитал од 2 TB, но сеуште го чувам овој стариот SATA2 од 500 GB, бидејќи сеуште е исправен и употреблив. Инаку, и двата хард диска се Black серија, па затоа трпат секаква малтретажа, но не до бескрај, секој хард диск си има своја граница.
Затоа е многу важно еднаш месечно да му вршиш дефрагментација на хард дискот за да не се оштети сериозно и да оставиш барем 10% слободен простор за да не се случи непосакуваното.
Купи каков сакаш хард диск, ако не го дефрагментираш редовно и ако го полниш до врв, и тој ќе цркне.
Сигејт прават најбрзи, но истовремено и најкраткотрајни хард дискови, многумина ги препорачуваат за обожавателите на видео игрите, но големото разочарување набрзо доаѓа со цркнувањето на хард дискот. Многумина ми се смееја кога им го говорев ова, но за помалку од година дена бараа препораки за нови хард дискови кои не се од Сигејт, откако им цркнаа брзите хард дискови од Сигејт.
Е па, брза кучка слепи кучиња раѓа, а брзањето и не е баш добар план, ги има такви кои брзаат многу, па пребрзо завршуваат таму каде што не треба.
Вестерн Дигитал од друга страна, е докажан и проверен бренд кој прави одлични хард дискови, но дефинитивно треба да се држиш настрана од Green серијата и да користиш хард дискови од Black серијата, или од Blue серијата. Парите што ќе ги дадеш се ништо во споредба со квалитетот што ќе го добиеш.