Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Тие црвени линии беа преминати уште во 1999 година со бомбардирањето на Југославија, но бидејќи Југославија не возврати на воената агресија човештвото си продолжи како ништо да не било.

Истите тие црвени линии повторно беа преминати и во Авганистан во 2001 година, па во Ирак во 2003 година, па во Либија, Сирија, блискиот исток и северна Африка во 2011 година, па повторно беа преминати во Украина во 2014 година, но бидејќи државите жртви на надворешна воена агресија не беа во состојба да возвратат човештвото си продолжи како ништо да не било.

А потоа дојде 13 јуни 2025 кога Израел го нападна Иран, а Иран му возврати, по што Израел плачеше за помош од САД бидејќи за прв пат се најде во ситуација во која држава нападната од страна на Израел му возвраќа на напаѓачот. САД му излегоа во пресрет на Израел и еднострано прогласија прекин на огнот бидејќи се најдоа неподготвени за долготрајна воена агресија.

И потоа дојде 28 февруари 2026 кога САД заедно со Израел повторно го нападнаа Иран, а Иран уште пред да го нападнат ги извести дека нема да потклекне пред нивната воена агресија, ќе се брани себеси и ќе им возврати на напаѓачите.

Една од одбранбените мерки кои Иран ги превзеде беше воведувањето на сопствен режим за регулирање на поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, низ кој поминуваат над 20% од светските залихи на нафта, како и речиси 30% од светските залихи на ѓубриво.

Помалку нафта = повисоки цени на буквално се` и сешто.

Помалку ѓубриво = помалку храна.

Тоа што се случува на блискиот исток од 28 февруари 2026 па наваму не е ништо ново, разликата е во тоа што Југославија немаше како и со што да им возврати на своите воени агресори, а целиот свет да ги почувствува последиците од таквата реакција. За жал истото важеше и за Авганистан, Ирак, Либија, Сирија и бројни други држави кои биле и/или сеуште се жртви на воена и/или економска агресија од страна на САД и нивните јатаци.

Иран им стави до знаење на САД, Израел и остатокот од светот дека нема да седи со скрстени раце и да трпи воена агресија, туку ќе возврати, и на дело тоа го покажува и го докажува.

Сега останува да се види кој прв ќе се измори, дали државите кои се воени агресори, односно напаѓачи - конкретно САД и Израел, или државата жртва на воена агресија, односно нападнатата држава - конкретно Иран.
Конкретно поентата на муабетот беше мобилизацијата на американската морнарица кое не видено со децении (од инвазијата на Ирак). А и до сега отсекогаш биле доминантни Американците, па никој не ни помислил дека може да пука кон нивните носачи на авиони. И тоа што мораат да довлечкаат толку многу бродови на едно место покажува дека нешто не им штима како претходно.
 
Конкретно поентата на муабетот беше мобилизацијата на американската морнарица кое не видено со децении (од инвазијата на Ирак). А и до сега отсекогаш биле доминантни Американците, па никој не ни помислил дека може да пука кон нивните носачи на авиони. И тоа што мораат да довлечкаат толку многу бродови на едно место покажува дека нешто не им штима како претходно.

И тоа е лекција по историја која очигледно американците, а и остатокот од човештвото не ја има научено.

Во 1942 година се случува пресвртницата во Втората Светска Војна, како во Европа, така и во Тихиот Океан.

Во Европа пресвртницата се случува во Битката за Сталинград, а во Тихиот Океан пресвртницата се случува во Битката кај Мидвеј.

И во двете одлучувачки битки државите напаѓачи, односно воените агресори - Нацистичка Германија во Битката за Сталинград, и Јапонија во Битката кај Мидвеј, имале воена супериорност.

Нацистите со тенкови влегле во Сталинград разрушен од страна на германските бомбардери, а биле задржани од страна на војниците во урнатините додека Црвената Армија правела подготовки за заобиколување на градот и затворање на германските напаѓачи за да не можат да се евакуираат и за да не можат да примат помош од надвор.

Јапонците испратиле 4 (ЧЕТИРИ) носачи на авиони кај Мидвеј, додека американците ги испратиле сите 3 (ТРИ) носачи на авиони кои ги имале во водите на Тихиот Океан. Јапонците ги изгубиле сите носачи на авиони, а американците изгубиле само еден.

Поуката од овие две одлучувачки битки кои претставуваат пресвртница во Втората Светска Војна гласи: бројноста игра придонесувачка улога кон воениот успех, но не игра и одлучувачка улога во завршниот воен исход.

Кога ја имаш најголемата воена морнарица, а истовремено и најголемата воена авијација во светот, имаш репутација која треба да ја одбраниш.

Велика Британија ја имала најголемата воена морнарица во светот на почетокот од Втората Светска Војна, но не и на крајот од војната. И од 1945 година па наваму никогаш повторно не ја има уживано улогата на најголема поморска воена сила во светот.

Тоа е луксуз со кој Иранците не мораат да се замараат, тие треба да само да се одбранат и да не се предадат, за разлика од овие со репутација на кои им треба некаква победа за да ја одбранат таквата репутација.

Инаку САД ги имаа и најголемата воена морнарица и најголемата воена авијација во светот и во 1960-те и во 1970-те години за време на Виетнамската војна, па сепак си заминаа од Виетнам со свиткани опашки и наведнати глави.

Бројноста игра клучна улога, но не и одлучувачка, особено кога си воен агресор и напаѓаш држава која не претставува никаква воена или безбедносна закана за тебе, а ти има ставено до знаење дека ќе се брани и ќе ти возврати доколку има можност за тоа.
 
Последно уредено:
Ааа, па овие со демоНкратијата ја осветлија! Иди бегај, врска нема називот на општеството. Битно е што прави во реалност. Те поздрави демократскиот Сејф Сити, EITAS, EES.... Окта, Макпетрол и остало друштво.
Очекував вакви реплицирања. А што правиме со многуте милиони избегани од режимот во Иран, можеби на нив треба да им го кажеш ова па да видиме што ќе ти одговорат? Можете да мелете на темава што сакате, ама еден аргумент немате во полза на теократијата во 2026 година, ЕДЕН!

Не ми ставај само зборови во тастатура те молам, ниту сум рекол дека Американци треба да им кажуваат или нешто слично, само ти кажувам треба уредувањето да им се промени за да се ослободи народот од стегите.
 
Битно за иранците е само да минува време. Затоа што е ова скапо. И уште поскапо е со секој изминат ден и повеќе војска што довлекуваат таму и со блокираниот теснец. Уште и ако се решет на копнена инвазија,да не излезе само блеф дека ќе влезат со трупи. Веројатно се свесни дека после копнена инвазија назад нема, можат да заглават.
 
Изгледа минус два Херкулес. Иранците велат дека они ги уништиле додека Американците велат дека они ги уништиле со цел да не паднат во ирански раце.


Хмммм...според американскава логика, ако САД изгубат авион, што како вест ќе се пренесе низ светов, САД веднаш пласираат контра-приказна-не бе, не е авионот погоден од Иран, тоа беше само пријателски оган....не-не, ние самите го соборивме, за да не дојде до Иранците...:icon_lol:
 
Очекував вакви реплицирања. А што правиме со многуте милиони избегани од режимот во Иран, можеби на нив треба да им го кажеш ова па да видиме што ќе ти одговорат? Можете да мелете на темава што сакате, ама еден аргумент немате во полза на теократијата во 2026 година, ЕДЕН!

Не ми ставај само зборови во тастатура те молам, ниту сум рекол дека Американци треба да им кажуваат или нешто слично, само ти кажувам треба уредувањето да им се промени за да се ослободи народот од стегите.
Ете во Ирак го сменија уредувањето. Каков е резултатот?
 
Ете во Ирак го сменија уредувањето. Каков е резултатот?
А кој го смени? Башка Иран и Ирак се неспоредливи на било кое поле.
 
Има.
Автоматски споено мислење:


Дали беше на Иранска територија?

a sto majka baraat tamu i kako projdoa?

50km od granica be e "bilo kade" i pazi veke imaat problem da pominat zamisli kako ke bide podlaboko, iran e kolku pola zapadna evropa teritorijalno...
 
Брејјјј сами си ги уништиле бе. :pos: :pos:

Секој ден ново дно допираат. Тоа што им е битна ПР-војната значи дека сеуште не се одлучени за копнена инвазија и бараат начин како да се извлечат со прогласена победа.
 
За цивилизацискиот развој таму и за Иран таа теократија е како измислена, затоа што 95% + се шиити и нив ги обединува шиитскиот ислам. Дури и тие ајатоласи, сега веќе династија се Азери а не Персијци. После теократијата нужно следи распад и војни како бивша Југославија или Русија - Украина. Тоа им е цел него "демократија" од западен тип, кога е веќе истиот патерн толку пати виден. Вклучително и економско и геополитичко позиционирање вс Кина+ другите азиски земји кои од нафтата од заливот се најмногу зависни.
Oва е нешто што толку пати се обидувам да им го објаснам, што веќе ми е јасно дека они уствари не сакаат да го разберат тоа... Нешто фереџе, нешто демократии не давале мулите ова она, тоа се вергла 24/7 исто како на западниве медиуми. Додека таму на запад муџите преземаа сѐ што може да се преземе, они на Иран ќе бранат Персијци од Ислам. И ќе ги бранат со неизбежна балканизација и ужаси полоши и од тие во Либија/Ирак. :facepalm:
Автоматски споено мислење:

Не знам за другите ама конкретно јас и Ио 490 000 пати ти кажавме дека сакаме да се смени режимот, но не по секоја цена
...значи не со војна, не со крвопролевање, не со се ова што се случува. Едноставно, сметам дека теократија во една држава во 2026 година е цивилизациски пораз и тоа треба да се смени.
Вие сте летни деца ти/Ио/Харалд/Кико/итн, и не треба многу да ве излажат дека во Иран ќе дошло демократија и слобода... Уште не се даваш иако Трамп јасно и недвојбено кажа ЌЕ ИМ ЈА ЗЕМЕМЕ НАФАТАТА, и ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ ВО КАМЕНО ДОБА. Ама ни Трамп не го слушате, вистината е тоа што го повторуваат на cnn/bbc.


Нека си одлучи народот, нека праат што сакаат, ама дефинитивно треба да се промени тоа.
Епа ете што е тоа да „праат што сакаат“, не е кумбаја и слобода - туку војни, страдање и убивање. Којзнае колку пати е потврдено дека после „режимите“ се дешава миљон пати полошо, ама вие наивните летни деца уште верглате за слободи и за режими/теократии додека истовремено не ви е јасно дека ние и во полош режим живееме - од аспект на иднината кон која идеме. Од тој аспект полошо стоиме од Иран (иако се во војна). Многу полошо. Ама што разбираш ти, ти ќе истепаш време до вечер па после ќе гледаш фудбал. Може ќе кликнеш овде накратко да објасниш некоја правдина и колку им беше лошо во Иран со режимот.


Eве малку ВВС вести за тебе:

HE_BKFOboAE4jf7
 
Сега за сега Америте водат 1-0 во спасување, ама ќе видиме наредната спасувачка мисија на пилоти како ќе поминат, зашто очигледно ова не е последната.
После ваква калакурница не верувам дека ќе се обидат наред пат.


Сеир на страна. Јак ризик ама успешно си ја завршија работата. Блек Хаукси и С-130 имаат они уште 300 пати да ја прават операцијава и пак да им останат уште толку на користење. Човечка жртва па не верувам да дознаеме доколку има.


Не баш сјајна реакција на Иран. Јесте во ретко населен регион им се дешава. Ама нема изговор за ваков дебакл.
 
Вие сте летни деца ти/Ио/Харалд/Кико/итн, и не треба многу да ве излажат дека во Иран ќе дошло демократија и слобода... Уште не се даваш иако Трамп јасно и недвојбено кажа ЌЕ ИМ ЈА ЗЕМЕМЕ НАФАТАТА, и ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ ВО КАМЕНО ДОБА. Ама ни Трамп не го слушате, вистината е тоа што го повторуваат на cnn/bbc.


Епа ете што е тоа да „праат што сакаат“, не е кумбаја и слобода - туку војни, страдање и убивање. Којзнае колку пати е потврдено дека после „режимите“ се дешава миљон пати полошо, ама вие наивните летни деца уште верглате за слободи и за режими/теократии додека истовремено не ви е јасно дека ние и во полош режим живееме - од аспект на иднината кон која идеме. Од тој аспект полошо стоиме од Иран (иако се во војна). Многу полошо. Ама што разбираш ти, ти ќе истепаш време до вечер па после ќе гледаш фудбал. Може ќе кликнеш овде накратко да објасниш некоја правдина и колку им беше лошо во Иран со режимот.
Тенџере, овде се збореше за режимот уште пред САД да ги нападнат Иран, ама изгледа меморијата ти е како на риба. Ти кажав, за мене како личност поразителен податок е дека во 2026 година имаме теократски режим како доба пред 1000 и кусур години, толку. Имаш незадоволни луѓе (со 7 цифри) пребегани и раселени од Иран поради тој режим. Верувам, од убаво не избегале, или можеби е лага тоа, а Ване, што викаат Бебо и Телеграм акаунтите? Да споредиме ако сакаш со % на раселени Норвежани или Финци па да споредиме, што викаш?

А тоа Трамп, ракети, војни не ми го препишувај мене, оставам на тебе и пар ликчиња овде да си мелете во празно секој ден. Еве и тебе ти кажувам, прекини да ми ставаш зборови во уста, ако кажам дека не ги сакам Реал не значи дека сум за Барса, ти текнува? Курац ти текнува, тенџере.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom