Не ти поминува овде шаренокуртонската теорија, не е ова земја во која има барем минимум права и слободи. Ова се луѓе кои 47 години се држени во теократско ропство и сакаат да излезат од истото. Многу е просто. Се обидуваат многу пати и секогаш протестите се задушени.
Ајде доста се преправаме дека се работи за некоја нормална држава во која лошите амери, евреи и сорос решиле да им го рушат режимот ничим изазвани. Од кога се дојдени на власт, при секоја поважна церемонија во парламентот извикуваат „Смрт на Америка“. Ова не е ново. Дека децата во училиште ги учат дека „Америка е сатаната“ исто не е ново. Дека ќе го збришат Израел од мапата да можат, исто не е ново. Ова им е дневна практика.
Еве ти да си на чело на Израел, независно што мислиш за нив. Или две хипотетички држави да замислиме, од кои едната постојано и се заканува на другата дека ќе ја збрише од мапата. Дали немаш право да реагираш? Зошто не би реагирал? Зошто не би го нападнал тој режим кој е отворено непријателски и ти се заканува?
Секакво право имаат да го нападнат Иран. Не им бомбардираат градови и села, им бомбардираат воени постројки, им елиминираат воени лица и лидери. Апсолутно имаат причина да го прават тоа.