Небитно е, ако не он тогаш друг ќе одработува за банкарите.
Ако така тогаш чуму деизнформациите со ВИ видеа и свашта? Па кабуки театер за рајата, дефокусирање од тоа дека тешка рецесија ни доаѓа и дека срањата/војнава ќе ја платиме сите ние што сме во финансискиот систем.
Рецесијава е вештачка. Еве и факти (не е ова мое мислење само сумиран и копиран текст што го најдов на нетов ) :
Иран не го затвори теснецот туку Лондон и кризата со храна која е започната нема да се појави се до септември.
Иран не постави мини. Ниту ракети, ниту блокади. Само едно предупредување. За 24 саата 61% од бродовите престанале да поминуваат. Стравот го затвори теснецот.
Не Техеран, не Пентагон. Лојд од Лондон. Најголемото осигурување за бродови во светот. Го укинаа осигурувањето за воен ризик. Без осигурување супертанкерите не пловат.
150+ танкера стојат. Потполно натоварени. Теснецот е легално отворен. Физички чист. Но во реалност потполно затворен.
Светот зборува за нафтата. Но вистинската приказна не е нафтата. Вистинската приказна е една молекула. И никој не зборува за тоа.
Таа молекула се вика амонијак. Без него половина свет не би имала храна. Не некогаш туку денес.
Амонијакот се произведува од Природен плин - амонијак - уреа. Уреата е најкористено ѓубриво на светот и 33% од глобалната трговија на ѓубриво поминува низ теснецот.
Катар Енерџи објавил : Не мораме да испорачаме, не можете нас да не тужите.
Тоа не го застанало само ЛНГ. Ги застанало и производството на уреа и амонијак, метанолот и петрохемијата. Најголемиот ЛНГ комплекс на светот работи со намален капацитет.
Проблемот е тајмингот. Сега е сезона на пролетното сеење. Фармерите низ светот купуваат ѓубриво.
Но пазарот има изгубено третина од глобалната понуда. Цената на уреа од 466 долари на 590 долари по тон. Во само неколку дена и тоа е почеток.
Просечна америчка фарма трошела предходно ѓубриво во вредност од 80 000 долари, сега 130 000 долари. Разликата од 50 000 долари за многу фарми значи банкрот.
Но оваа криза е невидлива. Нафтата поскапе денес и го гледаш тоа на пупа. Но ѓубривото ? Храната ќе поскапи за 6 месеци.
Затоа мнозинството луѓе нема никогаш да поврзат : Теснецот - ѓубриво -фармер - цена на храната. Во септември намирниците че бидат поскапи а луѓето нема да знаат зошто.
Моќните луѓе знаат една работа. Најопасните револуции не почнуваат на бојните полиња. Почнуваат на масата за јадење. Затоа што моментот кога луѓето сфаќаат зошто стануваат сиромашни менува све.