А не можат ли да им даат на Русија да инсталираат нивна власт во Украина, па да си продолжат со соработката како пред санкциите поради Крим?
Не зошто реториката и наративот се веќе зацементирани. Европа во старт ако се сеќавате се држеа повлечено и не најавуваа некоја поголема подршка баш затоа што се надеваа на вакво сценарио зошто мислеа дека Русија ќе победи набрзо. Ескалацијата на подршка и наративи започна после Украинските офанзиви во Керсон и Харков кога ЕУ се понадеваа дека Русија ќе изгуби.
Денеска војната е претворена во живот или смрт. Ако Украине е поразена, ЕУ се распаѓа 100%. Они и вака имаат проблем да одржат политичка кохезивност внатре во Унијата, види што мораа да прават во Романија за да не дојде човек кој не е нивни на власт. Не па во ситуација каде што Русија победила во Украина. Исто така има и една шака на држави кои нема да прифатат ниту неутрални односи со Русија и ќе бојкотираат каква било нормализација со што ќе има внатрешен политички судир.



