Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Не би рекол. КСА, ОАЕ и Катар, сакаат Иран да остане изолиран пошто им е конкуренција на пазар за нафта и гас, нив им одговара статус кво пошто им носи повеќе пари и влијание. Додека Иран е изолиран и не им е конкуренција, и тек да можат да тргуваат во повеќе валути, на нив им носи тоа огромни предности (во поглед на суверенитет, добивка и сл.).

Нема логика ова поради тоа што моментално тие, пред се КСА се оние кои инсистираат на целосна промена на режимот во Иран, баш читав нешто дека на последниот разговор на Трамп со МБС токму на ова се инсистирало. Конкуренција во нафтена индустрија единствено може доколку две компании и тоа ако се од различни земји да се борат за концесија во некоја трета земја.
Се слагам дека режимот е опресивен, тука нема дилема дека се владее автократски со репресија врз народ што е ужасно. Али да не се лажеме, секој систем на блиски исток е опресивен, тоа не е причината зошто им се врши инвазија. Во КСА, до лани жените неможеа кола да возат, новинари ги делкаа на парчиња со моторна пила, имаат шеријатско право и јавни обезглавувања. Дури и помалите монархии имаат брутална историја околу политички слободи. Во меѓународни односи колку еден режим е репресивен никого не го занима, туку колку е лојален кон големата сила која е позади него, без разлика која е таа. Гледаме што се случува во Израел од поглед на опресија и масовно егзекутирање на еден народ, на никој око не му трепнува. Ниту една од другите земји што ги спомна немаат политички слободи, и без разлика каков исход би имала олимпијада на опресија меѓу нив, тоа што највеќе менува овде е: каде се наоѓаат во однос на другите големи сили (поготово САД во моментов).

Иран е опресивен систем, и ја сакам да се менува во друга насока, али причината зошто Иран е таргет нема никаква врска со тоа каков режим е, туку на кого е лојален. Ако во Иран, нафтените полиња ги користеше Ексон и тргуваа стриктно во долари, без разлика на опресивноста на апаратот, државата немаше да биде мета.

Овие две одат заедно, целокупниот опшествен напредок од аспект на одредени права и слободи во тие земји е постигнат токму на влијанието на Запад преку нивните компании. Точно дека ако Ексон М ја експлоатира нафтата во одредена земја тоа носи и одредени прогледувања низ прсти, но самите политички системи како во САД на пример би го покренале прашањето за граѓански права и слободи во дадента земја на што ќе мора да има одредена реакција. Сето тоа може да е резултат на домашна дневна политика како Ексон не поддржал некоја иницијатива или проект и сл, додека реакцијата може да биде исто така про форма, но сепак нема да биде оставено само на себе, што се гледа од сегашна гледна перспектива за тоа каде се КСА, ОАЕ, Катар итн.

Ексон М сам по себе е држава во држава, значи од непостоечка компанија, покрај Ексон М саудиски Арамко се издига буквално во стандард во нафтената индустрија денес, и горе долу води самостојна политика. Каде е Иран за цело ова време?

Огромна е разликата ако американска или кинеска компанија е таа која ја експолоатира нафтата од аспект на додадена вредност.

Добиваш логистички синџири, се инвестира во стручно образование, регионални центри за поддршка, инфраструктура па дури во здравство, затоа што пред се јенките сами на себе си олеснуваат а покрај тоа профитираат сите други, вклучително и земјата во која оперираат.

Иран под мулите имаше 50г да покаже што може и еве до кај истурка, мислам дека на мнозинството народ им е преку глава и едноставно гледаат во соседството како еволуирале тие опшества таму.

Тоа што континуирано се вклучени во регионални конфликите сигурно не им оди во прилог да им се дозволи да развијат нуклеарно оружје, а по овој однос мислам дека има тивок консензус.
 
А што правиме со кинески танкер со иранска нафта? Ќе запленат 1, 2...... 10, после?
Ќе ја продава исто како она од Венецуела.

Во Ирак, Садам Хусеин проба во рани 2000ти да тргува нафта во евра, и го сменија за релативно кратко време. Либија (Гадафи) сакаше да тргува во валута која е врзана со злато, и некое време подоцна се случи промена на власт во Либија. Иран тргува во јуани и евра последниве 10-15 години. Овие интервенции не беа за човекови права, туку за одржување на систем на моќ, па така и ова со Иран.
Листата е подолга,
Венецуела-Мадуро го решија
Иран се решава;
Русија-Путин му се фатија за подолгото од трите.

Петро-доларот и инструменто светска резерва валута се клучните алати со кои западната империја владее, затоа и толку грчевито се бори.

Се слагам дека режимот е опресивен, тука нема дилема дека се владее автократски со репресија врз народ што е ужасно.
ова опресивен веројатно се мисли репресивен?
А на што го темелиш својот став дека системот е репресивен, си ја посетил земјата или некој друг извор имаш?
И кога веќе го категоризираш како репресивен со кои системи си направил компарација па си стекнал таков впечаток?

Еве овој чоек од Цанада по потекло Грек изнесува поинакво видување, дали лаже или е платен?
Баш би било интересно да му се постави прашање за односот на Грекистан кон Македонците-Македонија дали би ги имал истите вредносни гледишта или би еволуирал!

 
Drill baby drill :icon_lol:


 
Последно уредено:
Еден мал осврт на некои настани, пред да почни втора рунда толчење на Иран.

Десетина дена пред да почни војната го пишав ова:
Загубите на Иранците ќе бидат најмалку стотина пати поголеми од Американските, со можност Американците да немаат повеќе од едноцифрена бројка загинати.

Од непријателски оган загинаа 7-мина Американци, од кои 6 во еден напад, најверојатно изведен од Ирански Су-22ки.
Загинаа и 6-мина во судир на танкери над Ирак.
Од другата страна, има загинато од 3000 до 7500 Иранци, претежно припадници на гардата и нивните милиции.

Статус и број на изгубени и оштетени летала на страна на Американците:


Еден од оштетените танкери, се вратил во В. Британија. Во тој напад имаше уште 3-4 оштетени танкери:


Радарот за кој се велеше дека бил скап и уништен, веројатно ќе биде вратен во функција за брзо:


Еден пример колкаво е уништувањето врз воени инсталации, само врз оваа се фрлени над 110 бомби, веројатно во нападот учествувале десетици авиони или неколку бомбардери. Комплексот се наоѓа во близина на Техеран. Тотално уништување:

 
Тоа Чинукот се средува. Малку китче, малку фарба, и како нови!
Автоматски споено мислење:

силата ти е како Палчо со девојчето или тој од рисјанското братство со дедото.
Тебе изгледа јако те натртил некој Палчо, не го забораваш од устa не го извaди. :unsure:
 
Тебе изгледа јако те натртил некој Палчо, не го забораваш од устa не го извaди. :unsure:

Тебе колку палчовци те тртеа за да ти ја дадат беретката со крстот?
 
Тебе колку палчовци те тртеа за да ти ја дадат беретката со крстот?
Која бедотија треба човек да достигне во животот за да користи досетки и препукувања и мозокот толку да ти е исушен штом имаш образ да ја мешаш таа трагедија и монструмот во твоиве дебилски препукувања на форумов? Само комплетен писхопат и дегенерик може да користи убиство на дете за да си ги докажува своите болни теории за ке ге бе то, православието,Кина, Русија, Сад. Не си ти за баретка, туку директ кошула да ти турат што се закопчува од позади, па број ги после Палчовците во сопствениот шупак додека не сфатиш дека си тешко ѓубре од човек.
 
Back
На врв Bottom