Иран - MAKЕДОНИЈА (18.11.2009) во Техеран (1-1)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vetrence
  • Време на започнување Време на започнување
па не е прват да ги тепаме, мој тип 0-2..сме ги тепале и пред повеќе од 2000 год.
 
Natprevarot se igra vo 20.45 min.

Техеран е 2 саати и 30 минути пред нас со времето.
http://www.timeanddate.com/worldclock/city.html?n=246

Ако си сигурен дека е во 20:45, тогаш тоа е по локално време. Значи 18:15 по наше.

Се надевам на победа во среда. Не ми текнува кога последен пат сме победеле некого на гости? Памти некој, без да бара на NET?
 
Мислам Луксембург во гости со 4:1 во пријателска
Инаку во среда очекувам дека ке има многу голови 3:3 ке биде
 
Андора, квалификациски турнир за европско, 0-3 беше мислим, Пандев гол од волеј даде.

Инаку за натпреваров очекуем победа ко и за секоја утакмица која ја игра репрезентацијата на Македонија-ова коај би бил субјективен.

Коај би бил објективен, би рекол дека ќе биде ненормално тежок натпревар, прво поради тоа што Иранците ако ништо друго се далеку поискусни од нас, имаат пласмани на завршница од светско, второ поради фактот што играмо ко дрва у гости и трето поради што не знаеме да дадеме гол од чисти, зицер, еден на еден ситуации.
 
па не е прват да ги тепаме, мој тип 0-2..сме ги тепале и пред повеќе од 2000 год.

-.- Да. Баш за иста работа ке биде сеа...


Тешко да победиме. Иран е јака репрезентација. Пораз и тоа како...
 
Се надевам на победа и продолжување на победничката серија :)
 
Досегашниот скор на двете пресметки е по една победа за двете селекции. Иран победи во 2000 година во натпревар од рамките на ЛГ купот (3-1), а Македонија со комбиниран тим, предводен токму од сегашниот селектор Јонуз се реваншира во 2005 година (2-1) на тест-средба.
Ако можевме еднаш да ја покориме Персија, зошто да не го направиме тоа и вторпат. Иран е селекција со рејтинг во азискиот и светскиот фудбал, иако не обезбеди учество на завршницата од СП во Јужна Африка. Пред нас е нов предизвик да направиме победа и во гости и да ја продолжиме серијата успешни тестови - порачува од Техеран селекторот Јонуз.
 

Ќе ја освоиме Персија по вторпат

Со многу оптимизам во нашите редови отпатува македонската фудбалска репрезентација во Техеран каде в среда во 15.30ч. по македонско време го игра пријателскиот дуел со домашната селекција на Иран.
Двата тренинга нашата селекција ќе ги одржи во терминот на одигрувањето на натпреварот (18ч. локално време) , денеска и утре.
- Патот преку Истанбул до Техеран беше напорен и наша главна задача тука е првин да ги одмориме и освежиме фудбалерите. Добро е што во договор со иранскиот селектор ќе можеме како и во Струмица да направиме по 7 замени. Информациите што ги имаме за противникот велат дека ќе игра во најсилниот состав како и против Исланд и Јордан, селекции кои беа поразени со по 1-0.
- Во дневниот печат се бара реванш за поразот од последното наше гостување, но ние веруваме во нашата добра форма, во квалитетот што го поседуваме и ќе играме на победа што ќе ја продолжи нашата добра серија. Ако можевме еднаш да ја освоиме Персија , зошто тоа да не биде и вторпат. На колосалниот стадион Азади се очекува посета од преку 30 илјади гледачи. Временските услови се пријатни. Температурата е околу 22 степени , па претпладнево сите заедно направивме прошетка во Лалек паркот.
- За утре покрај тренингот планираме и прошетка во најголемиот шопинг центар во Иран, Реза Пахлави.
- Што се однесува до здравствениот билтен тој е одличен. Сем Наумовски кој поради повреда не допатува во Техеран и Игор Митрески кој го ослободивме поради семејни обврски од ова патување, сите останати репрезентативци се одлично подготвени за добар натпревар. Наша цел ќе биде да создадеме што повеќе шанси и очекувам многу подобра реализација од средбата со Канада кога во првиот дел се изнапромашувавме. Иран е репрезентација која има голем рејтинг не само во азискиот, туку и во светскиот фудбал иако како и ние не обезбеди учество на СП во Ј. Африка. Во секој случај една одлична проверка за нашиот потенцијал и можност по подолго време да победиме и на гостински терен- изјави денеска пред тренингот селекторот Мирсад Јонуз.



преземено од ffm.com.mk
 
Со оглед што иранците не се нешто посебно меѓутоа и поради тоа што ние сме тапаци на гостински терен мојот тип е дека утакмицава ќе заврши нерешено иако нормално ја посакувам победата. Незнам зашто али се ми мириса дека ќе има многу голови :)
 
Уште нема ништо за пренос, значи НЕМА ДА ИМА :toe:!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom