- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 323
- Поени од реакции
- 7
Дечки супер ја фалиме американската демократија но како таа да му помогне на народот во Иран? Ете удри Буш на Ирак во 2003 и се заплеткаа во една војна која сеуште не им е добиена а Ирак е далеку од демократизација, Авганистан исто така. Па и овде сега единствено што може да се стори е повторно војна и против Иран за да се турне владата во Техеран но дали тоа го дозволува демократијата и условите кои владеат во светската политика? Одма ќе почнат критики против американскиот империјализам внатре америка пред се, башка по цела земјина топка, одма дестабилизација, протести, противење и недостиг на воен морал. А во меѓувреме некои народи, кој повеќе, кој помалце - трпат тешки времиња и тиранска власт. Да беше малку поинаков американскиот систем то ест уставот и државното уредување можеби и немаше да биде така. Но и во УСА следи време на промени, сега му е нешто згрешен курсот, нема да биде лесно а ќе биде многу опасно, па се надевам дека нема да им требаат 100 години да ги ослободат луѓето во Северна Кореја или Иран:uvo: